Connect with us

економија

Истражување: кои се најпознати прехранбени брендови на македонскиот пазар?

објавено

на

Агенцијата Инсајдер ИД 6-та година по ред прогласува ТОП 3 Маркети преферирани ланци на маркети и 3-ра година Најпознати Брендови според потрошувачите во Македонија.

Агенцијата за истражување и консалтинг Инсајдер ИД, го спроведе истражувањето “Преферирани ланци на маркети и Најпознати брендови 2022-ва година” во кое се анкетирани повеќе од 1,300 активни потрошувачи на територија на целата држава. Агенцијата 6-та година по ред прогласува ТОП 3 Маркети преферирани ланци на маркети и 3-ра година Најпознати Брендови според потрошувачите во Македонија.

Еден од најголемите предизвици за компаниите во широката потрошувачка е како да го позиционираат брендот на повисока позиција во свеста на потрошувачот, за при избор на производ во соодветната категорија да го изберат токму производот од компанијата. Според претходните истражувања од Инсајдер ИД, кај 5%-8% од потрошувачите постои висока лојалност кон брендот, што директно  посочува дека над 90% од потрошувачите носат одлука врз база на моменталниот избор.

Најпознат не мора нужно да е и најкупуван бренд

Многу е важно да се даде појаснување во однос на прашањето. Најпознат бренд може, но не значи дека е и најчесто купениот од страна на потрошувачите. Постои веројатност и често однесување каде потрошувачите сметаат дека еден бренд е најпознат во категорија, додека купуваат друг бренд во категоријата.

На одлуката за купување на производ влијаат многу други фактори како цена, квалитет, достапност, промоции имеѓу кој што е и самиот бренд. Со дефинирање на позицијата на брендовите во перцепцијата на потрошувачите, се овозможува компаниите да го анализираат ефектот од маркетинг и комуникациските активности кои биле преземени во претходната година. Промената во позициите ќе овозможи да се анализира, колку брзо може да се промени однесувањето кај потрошувачите а со тоа и поврзувањето со конкретен бренд.

Учеството во категориите зависи од интензитетот на конкуренција и позиционирани брендови. Колку е поголем интензитетот на конкурирање и поголемо е учеството тоа е посилна позицијата на најпрепознатливиот бренд. Генерално, нема значајни промени на позициите кај најпознатите брендови во соодветните категории. Промените се настанати таму каде нема доминантен бренд и можноста за преземање на приматот е многу поверојатна. Со соодветна стратегија еден бренд во следното истражување или може да го зголеми учеството, или пак доколку конкурентските брендови го направат истото да го преземат приматот.

Анализирани се вкупно 17 категории на производи, за кои што потрошувачите одговараа на прашањето “Кој е според Вас најпознатиот бренд во категоријата XY?”. Анкетирани се повеќе од 1,300 активни потрошувачи на територијата на целата држава.

Анализирани се 17 категории на производи: Млеко, Јогурт, Кашкавал, Сирење, Сувомеснати производи, Чоколадо, Пиво, Вино, Газирана вода, Негазирана вода, Здрава храна, Сладолед, Чипс, Флипс, Традиционално (Турско) кафе, Природни сокови и Сончогледово масло.

* Се мери како учество во вкупниот број на одговори за соодветната категорија;
** Категориите Флипс, Природни сокови, Сончогледово масло, Негазирана Вода и Енергетски пијалаци не се анализирани во истражувањето во 2020-та година;

Во однос на брендовите кои што се на првите позиции според нивната препознатливост, не се забележливи големи промени. Всушност за дел од брендовите кои што во претходното истражување 2021-ва година бележат намалено учество, во тековното се “враќаат” на вредностите од 2020-та година.

Во категориите Млеко и Јогурт нема значајна промена во однос на истражувањето од 2020-та и 2021-ва година. Битолска Млекара со брендовите Битолско Млеко и Битолски Јогурт бележат високо учество во вкупните резултати од 54% односно 46%. Посочените категории се едни од најинтензивните од аспект на број на позиционирани брендови, но производите на Битолска Млекара обезбедуваат значајно високо учество и се најпознати за секој втор потрошувач.

Во третата категорија Кашкавал, на прва позиција е брендот Здравје Радово кој е прво позициониран и во претходната 2021-ва година. Сепак, учеството кое што го има во вкупната структура е 15% и разликата со другите брендови е прилично ниска особено со Кораб Трница. Во категоријата се наведени повеќе од 20 брендови од потрошувачите, со што и е очекувано еден бренд да го нема доминантното учество на пазарот. За категоријата Сирење е повторно Здравје Радово со 25% учество и бележи континуирано зголемување од првото истражување во 2020-та година.

Кај Сувомеснати Производи како и во претходното истражување, повторно се позиционира Златиборац со 31% и исто како и категоријата на Сирење, забележливо е континуирано зголемување на учеството од 25% во 2021-ва и 22% во 2020-та.

Брендот Милка ја има повторно доминантната позиција со 43% во категоријата Чоколадо, каде се позиционирани повеќе од 18 различни брендови. Милка бележи зголемување од 4% споредбено со истражувањето во 2021-та година и има иста вредност како и во 2020-та година.

Како и во минатогодишното истражување, Скопско Пиво ја држи првата позиција во Пиво со 42% со зголемување од 4% во однос 38%-те во 2021-та година. Иако на краток рок нема да има промена, бидејќи Скопска Пивара има голем број на маркетинг и комуникациски активности кои што влијаат на перцепцијата кај потрошувачите, забележливо е дека и други брендови имаат значително учество кое што во иднина постои потенцијал да се зголеми и да ја зголеми конкуренцијата во категоријата.

Во категоријата Вино ја има една од најголемите промени во процентуалното учество на најпознатиот бренд. Повторно е Тиквеш најпознат бренд, но бележи зголемување од 8% или од 53% во 2020-та на 61% во 2021-ва година. Сепак, во значајно интензивната категорија Вино, Тиквеш е најпознат бренд за секој втор потрошувач кое што е значајно достигнување и позиција во свеста на потрошувачите. На “сметка” на намалувањето на учеството кај најпознатиот бренд, останатите ги имаат зголемено учествата кај потрошувачите и забележливо е дека помалите винарии иако немаат значително учество се појавуваат како брендови.

Категориите Газирана и Негазирана Вода во истражувањето во 2021-ва година беа анализирани како една, додека во истражувањата 2020 – 2021 година се раздвоени на две. И во двете категории има голем број на позиционирани брендови и прилично голема конкуренција, со мал ценовен распон на производите, со позиционирањето во свеста на потрошувачите и препознавањето на брендот се клучни за продажбата. Во првата Газирана Вода, како најпознат бренд е позиционирана Пелистерка со 33% и раст од 25% во 2021-та. Во втората категорија за Негазирана Вода како најпознат бренд се наоѓа Горска Вода со 19% учество.

Виталија ја здржува позицијата како најпознат бренд во Здрава Храна и во 2021-ва со 48% но со зголемување на учеството од 39% во 2021-та година. Во категоријата која станува се поинтензивна, пред се поради фактот што потрошувачите се насочуваат кон здрави производи а со тоа и привлекуваат голем број на компании да позиционираат производи во таа категорија, Виталија задржува значајно учество. Всушност секој втор потрошувач ја смета Виталија како најпознат бренд во Здравата Храна.

Во категоријата Сладолед, Цермат е на првата позиција како најпознат бренд со зголемување од 1% или од 23% на 24%. Тоа што е забележливо е дека Цермат иако не со големи стапки, ја зголемува позицијата и учеството од првото истражување до овогодинешното. Имајќи во предвид дека категоријата Сладолед е високо интензивна и малата промена може да биде високо позитивна. Цермат по главниот бренд  има многу повеќе суб-брендови и категории на производи. За категоријата Чипс, Чипси е повторно на првата позиција со 23% учество кое е приближно идентично со минатогодишното од 24%.

Гранд Кафе е повторно најпознат бренд во категоријата Традиционално (Турско) Кафе. Брендот повторно го зголемува учеството од 32% во 2021-ва на 37% во 2022-ра. Забележливо е високо зголемување на учеството имајќи во предвид дека во 2020-ра година (првото истражување) учеството било 22%. Маркетинг комуникацијата која што е реализирана во последните три години го зголемила процентот на потрошувачи кои што го позиционираат како најпознат бренд а со тоа и ја зголемуваат позитивната разлика со конкуренцијата.

Кај Природните Сокови, првата позиција како најпознат бренд ја има Вива со 30% односно за секој трет потрошувач. Компанијата има прилично интензивен маркетинг и комуникациски активности, со што и очекувано да биде бренд со највисока перцепција од страна на потрошувачите. Брендот бележи зголемување на учеството од 30% во 2021-ва година.

Витаминка ги има најпознатите брендови во категориите Флипс со Стоби Флипс и Сончогледово Масло со Брилијант. Во првата категорија го има највисокото учество кај потрошувачите во споредба со сите останати категории со 87% за Стоби Флипс и доминантно учество со 57% во втората со Брилијант. И во двете категории компанијата бележи зголемување на учеството во споредба со истражувањето во 2021-ва година.

Истражувањето Преферирани ланци на маркети и најпознати брендови е нарачано, финансирано и спроведено од агенцијата за истражување и консалтинг Инсајдер ИД. За повеќе информации во однос на истражувањето контактирајте на info@insider.mk или +38971210471.

економија15 часа ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија24 часа ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании1 ден ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет1 ден ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион1 ден ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија1 ден ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија1 ден ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија1 ден ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју1 ден ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија1 ден ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија1 недела ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки5 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет4 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

интервју1 ден ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија1 ден ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

македонија1 ден ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство