Connect with us

македонија

Истражување на Инсајдер ИД: кои ланци маркети во Македонија се најпреферирани меѓу купувачите

објавено

на

По неколку годишна стагнација, просечниот број на маркети каде потрошувачите пазарат се зголеми на 3.10, што сугерира дека кај дел од нив се зголемува ценовната сензитивност. Тоа зголемување најчесто е во прилог на т.н. hard дисконти, бидејќи од 2017-та до 2022-ра година комбинираното учество на Кам Маркет, Стокомак и Киппер има значителен раст, споредбено класичните ланци на маркети.

Агенцијата за истражување и консалтинг Инсајдер ИД, го спроведе истражувањето “Преферирани ланци на маркети и Најпознати брендови 2023-ва година” за кое е користен репрезентативен примерок од повеќе од 1,300 активни потрошувачи. Агенцијата 7-та година по ред прогласува ТОП 3 Маркети преферирани ланци на маркети и 4-ра година Најпознати Брендови според потрошувачите во Македонија. Во тековното се и категориите од минатогодишното истражување: Најмодерен маркет, Најдобар сооднос цена-квалитет и Маркет со најдобра локациска покриеност и посебната категорија на најдобар Интернет Маркет.

Тековната година е обележана со големи турбуленции во малопродажбата. Инфлацијата, интернационалната нестабилност и нарушените синџири на снабдување го втурнаа секторот во непредвидена средина, каде што сите учесници се “борат” за одржување на ценовната стабилност.

Според Државниот Завод за Статистика, вкупниот промет кој е остварен во првите 9 месеци во сегментот на “Трговија на мало со храна пијалаци и тутун” од 2023-та година изнесува 1,46 милијарди евра со раст од 13% во однос на 2022 со 1,29 за истиот период. Сепак имајќи ги во превид стапките на инфлација, голема е веројатноста дека постигнатиот раст е последица на зголемувањето на цените, отколку реално зголемување на продажбата. Во таква ситуација, очекувано е да компаниите и потрошувачите пронаоѓаат начини за оптимизација на работењето и користењето на ограничениот буџет.

И покрај тоа што потрошувачките навики се променија за и по КОВИД-19 кризата, наглото зголемување на цените на производите дополнително ги поместија границите на тоа однесување. По неколку годишна стагнација, просечниот број на маркети каде потрошувачите пазарат се зголеми на 3.10, што сугерира дека кај дел од нив се зголемува ценовната сензитивност. Тоа зголемување најчесто е во прилог на тврдите дисконти, бидејќи од 2017-та до 2022-ра година комбинираното учество на Кам Маркет, Стокомак и Киппер има значителен раст, споредбено класичните ланци на маркети.

Резултати од истражувањето

Кам Маркет, седум години ја држи позицијата како префериран маркет во којшто потрошувачите пазарат. Во тековното истражување за 2023/24 година приближно 71% од потрошувачите го избрале тврдиот дисконт како место за пазарење. Всушност, забележливо е дека ланецот го одржува учеството во последните 3 години приближно на еднакво ниво, што посочува дека има континуитет и при големи турбуленции на пазарот.

Напомена: прашањето е со повеќекратен избор, потрошувачите можат да изберат повеќе од 1 одговор со што вкупниот збир на одговорите надминува 100%.

Маркетот кој има континуиран раст од 2017-та до денес е Стокомак, кој од 24.5% се искачува на 59% или анализирано од 2017-та до денес, тврдиот дисконт да има повеќе од двојно повисоко учество. Значителното зголемување на малопродажната мрежа пратено од ниска ценовна политика, придонесува да Стокомак бележи многу брза пенетрација на пазарот и привлекување на голем број потрошувачи. Во следните истражувања може да се очекува да се намали интензитетот на раст за Стокомак, пред се поради достигнување на лимитот кој што еден ланец на маркети го има во Македонија (учеството на Кам Маркет).

Третиот рангиран Тинекс има идентично учество како и претходната 2021-ва година со 31%. Исто како и Кам Маркет, Тинекс бележи континуитет во учеството од 2019 до денес, со варијација од 27% – 33%, додека на тековното истражување има 30%.

Степенот на лојалност се калкулира врз основа на однесувањето на потрошувачите на ниво на ланец на маркети, без разлика на позицијата на маркетот во генералниот распоред. Процентот пресметуваа како сооднос помеѓу вкупниот број на лица кои пазарат во определен маркет и оние кои го преферираат, односно ја претставуваат лојалната група на потрошувачи. Ако во КАМ Маркет пазарат 68% од потрошувачите, од нив 45% се лојални на брендот. Калкулацијата е изработена со цел да се определи процентот од потрошувачите кои што маркетите можат да ги сметаат како лојални.

На првата позиција е Кам Маркет кој има приближно учество како и претходната година. Всушност секој втор потрошувач кој пазари во маркетот е лојален. На втората позиција како маркет со најголема лојалност на потрошувачи е позициониран Веро со 37% од потрошувачите. Осовременувањето на дел од продажните објекти на хипермаркетот со дополнителен асортиман на производ влијае на задржување на постоечките потрошувачи, во значително поголем степен од останатите класични ланци на маркети. На третата позиција во истражувањето во тековната година е Стокомак со 34% во последната година.

Просечната лојалност за сите маркети во Македонија, бележи намалување од 32% во 2021 на 22%. Истото посочува дека се помал број на потрошувачи за разлика од претходната година се лојални кон определен маркет туку го заменуваат доколку сметаат дека имаат подобра алтернатива. Лојалноста која ја имаат особено Кам Маркет и Веро е највисоко ниво, споредбено со сите останати на пазарот.

Според добиените податоци Веро е најмодерен маркет во Македонија според 33% (раст од 3% во однос на претходното истражување) од потрошувачите. Најдобар сооднос помеѓу цената и квалитетот на производите има Кам Маркет според 41% од потрошувачите и истиот маркет има најдобра локациска покриеност со 40% учество.

Интернет супермаркет

Втора година по ред се анализира и најпознатиот интернет маркет (без разлика дали активно купувате или не) во Македонија?”. Добивањето на се поголемо значење на електронската трговија во Македонија укажува дека во следниот период ќе биде еден од главните канали за комуникација и дистрибуирање на производите од производителите и дистрибутерите до самите потрошувачи.

Како најпозната е-продавница според потрошувачите во Македонија е Paket.mk за 38% од потрошувачите, потоа e-Tinex за 22% и на третата позиција е Рептил (marketonline.mk) со 10%. Тоа што е од важност е дека купувањето на прехранбени производи преку интернет е сѐ уште во зачеток во Македонија. Од анализата на категориите кои што потрошувачите би ги купиле или не преку интернет, укажува на голема скептичност за купување голем број на категории на производи. Сепак, развојот е неминовен и компаниите се повеќе ќе пронаоѓаат начини за надминување на бариерите.

македонија4 часа ago

„Алкалоид“ со донација на течен „Омепразол“ ќе го помогне лекувањето на околу 200 деца

банки2 дена ago

Комерцијална банка прва во земјава воведе тактилни платежни картички прилагодени и за слепи лица

свет2 дена ago

Предлог акција за оваа недела: Orlen S.A.

свет2 дена ago

Скокнаа цените на нафтата, гасот, бакарот и алуминиумот

технологии / компании2 дена ago

ЕУ има амбиција да стане „квантна долина на светот“, а хрватски научници имаат голем удел во тоа

регион2 дена ago

Марко Чадеж, Српска стопанска комора: Нашите компании ги мачи финансирањето и недостиг на кадри

македонија2 дена ago

Судбината на фабриката во Бунарџик неизвесна, но можно е и целото производство да се префрли во Македонија

македонија2 дена ago

Македонските е-трговци направиле промет од 453 милиони евра лани

економија2 дена ago

„Зелените“ кредити со годишен раст од речиси 30%

економија2 дена ago

Истражување: Инфлацијата е главен фактор за финансиски стрес

економија2 дена ago

Истражување: Инфлацијата е главен фактор за финансиски стрес

регион2 дена ago

Марко Чадеж, Српска стопанска комора: Нашите компании ги мачи финансирањето и недостиг на кадри

свет2 дена ago

Скокнаа цените на нафтата, гасот, бакарот и алуминиумот

технологии / компании2 дена ago

ЕУ има амбиција да стане „квантна долина на светот“, а хрватски научници имаат голем удел во тоа

економија2 дена ago

„Зелените“ кредити со годишен раст од речиси 30%

македонија2 дена ago

Судбината на фабриката во Бунарџик неизвесна, но можно е и целото производство да се префрли во Македонија

свет2 дена ago

Следната година сонцето и нас ќе нѐ стемни

менаџмент / маркетинг2 дена ago

Како да ги демотивирате вработените и избркате најдобрите

македонија2 дена ago

Македонските е-трговци направиле промет од 453 милиони евра лани

банки2 дена ago

Комерцијална банка прва во земјава воведе тактилни платежни картички прилагодени и за слепи лица