Connect with us

економија

Истражување на Инсајдер ИД: Топ 3 ланци на маркети за 2021 година во Македонија

објавено

на

КАМ Маркет, Стокомак и Тинекс се трите ланци на маркети коишто македонските граѓани најмногу ги преферираат, покажува истражувањето на агенцијата Инсајдер ИД.

Агенцијата за истражување и консалтинг Инсајдер ИД, го спроведе истражувањето “Преферирани ланци на маркети и Најпознати брендови 2021-ва година” во кое се анкетирани повеќе од 1,250 активни потрошувачи на територија на целата државата. Агенцијата 5-та година по ред прогласува ТОП 3 Маркети преферирани ланци на маркети и 2-ра година Најпознати Брендови според потрошувачите во Македонија. Овогодинешното истражување носи неколку интересни трендови, кои според податоците од претходните истражувања 2016 – 2020-та година и донекаде се очекувани. Влијание на потрошувачките навики имаше и COVID-19 кризата како и тековното зголемување на цените кај основните намирници што дополнително ќе го менува однесувањето и оптимизацијата на буџетот. Во очекување на започнување со работа на Германски Лидл и проширувањето на нов ланец на маркети во државата, се очекува поголема промена во малопродажбата за следната година. Една опсервација од истражувањето е дека се зголемил просечниот број на маркети во кои еден потрошувач пазари, од 2.5 во 2016-та на 2.7 маркети во 2020-та за годинава да го надмине просекот од 3 маркети.

И во 2021-ва забележлив е голем подем на “Тврдите дисконти” особено КАМ Маркет и Стокомак на првите две позиции. И двата ланци на маркети бележат пораст од 10% за само една година а со тоа ја зацврстуваат позицијата и привлекуваат се поголем број на потрошувачи. Всушност, КАМ Маркет е 5-та година по ред на првата позиција како префериран ланец од страна на потрошувачите, и кој по 4 години намалување од 67.8% на 59.9% бележи раст од 11% за да оствари највисоко учество од 70.8%. КАМ Маркет бележи и висока лојалност кај потрошувачите од 41%, или од 10 потрошувачи во маркетот 4ца се лојални. Проширување на малопродажната мрежа и зголемувањето на асортиманот, влијаат на привлекување на поголем број на потрошувачите и во поголеми региони. Всушност со зголемување на асортиманот, освен што ќе се задржат постоечките потрошувачи, ќе се зголеми бројот на лојални потрошувачи бидејќи потенцијално ќе имаат поголем избор на производи и ќе се намали потребата за менување на маркет за купување на специфичен производ.



Напомена: прашањето е со повеќекратен избор, потрошувачите можат да изберат повеќе од 1 одговор со што вкупниот збир на одговорите надминува 100%.

Според податоците од 2017 до денес Стокомак го има најпрогресивниот раст од сите маркети кои што се анализирани и само во последната година има раст од приближно 9% во однос на 2020-та. Од 24.5% се искачува на 49.3% или анализирано од 2017-та до денес, Стокомак има двојно повисоко учество, а со тоа и потрошувачи. Значителното зголемување на малопродажната мрежа пратено од ниска ценовна политика, придонесе да Стокомак бележи многу брза пенетрација на пазарот и привлекување на голем број потрошувачи за краток рок.

Трето рангираниот Тинекс, за прв пат од почеток на истражувањето во 2017-та забележува раст на учеството. Од 27.0% во 2020-та година уделот се зголемува на 30.9%, кој иако не е значително висок, укажува на позитивна промена кај потрошувачите на променетиот бизнис модел на ланецот. Во претходните години Тинекс се фокусира на промоција на деликатесни производи во постоечките маркети (категории на производи) но и отворање на специјализирани маркети само за деликатесни производи (Tinex Delicatessen). Преземената промена очигледно го стабилизира ланецот на маркети и потенцијално може да го “оддели” дополнително од конкуренцијата во иднина и да се насочи кон определени пазарни сегменти каде ја поседува разликата а со тоа и конкурентска предност.

За разлика од претходните истражувања каде се прогласуваа само преферирани маркети, во овогодинешното се мери и лојалноста на потрошувачите по маркет. Степенот на лојалност се калкулира врз основа на однесувањето на потрошувачите на ниво на ланец на маркети, без разлика на позицијата на маркетот во генералниот распоред. Процентот пресметуваа како сооднос помеѓу вкупниот број на лица кои пазарат во определен маркет и оние кои го преферираат, односно ја претставуваат лојалната група на потрошувачи. Ако во КАМ Маркет пазарат 70% од потрошувачите, од нив 41.5% се лојални на брендот. Калкулацијата е изработена со цел да се определи процентот од потрошувачите кои што маркетите можат да ги сметаат како лојални.

На втората позиција како маркет со најголема лојалност на потрошувачи е позициониран Веро со 39.8% од потрошувачите. Бизнис концептот на единствениот хипермаркет во Македонија со исклучително високиот асортиман на производи, очекувано е да ги задржува најголем дел од потрошувачите како “лојални” особено оние кои преферираат пазарење на една локација на повеќе производи во различни категории и голем избор на производи. Промените во концептот и во понудата, како и намалување на цените на конкретна листа на производи, може во иднина да ја зголеми лојалноста на потрошувачите, односно да ја зголеми ретенцијата.

Жито Маркет е на третата позиција според лојалност на потрошувачи. Од особена важност е да се појасни дека ланецот ги има едно од најстабилните учества во сите истражувања од 2017 до 2021 со осцилација од максимални +/-2% (во 2020-та има 19.38% и во 2020-та 18.41%). Таквиот континуитет сугерира, дека потрошувачите се стабилни низ годините и придонесуваат за одржување на позицијата на маркетот како според вкупниот број на потрошувачите кои пазарат така и според лојалните.

Самото тоа што не се надминува вредноста од 41.5% (просекот за националните ланци е 31.6% со осцилација од 15.1% до 41.5%) може да се заклучи дека и кај маркетот со најголем процент на лојални потрошувачи, поголем дел или 58.5% флуктуираат на повеќе локации за да го извршат купувањето на производите. Може да се заклучи дека во просек 70% од потрошувачите се непостојани и неприврзани за конкретен маркет. Секој дополнителен процент на лојални потрошувачи, за маркетите кои имаат повисоко ниво на лојалност е значајна конкурентска предност за која е потребна стратегија за да се одржи на истото ниво или да се зголеми. Од истражувањето спроведено од Инсајдер ИД за перцепцијата кај Македонските потрошувачи за Лидл, 91% би го замениле преферираниот маркет за да пазари во германскиот ланец. Податокот дополнително ја потврдува непостојаноста на потрошувачите а и го потенцира значењето на високата лојалност која ја “уживаат” во случајот КАМ Маркет, Веро и Жито Маркет. Маркетите во иднина треба да се насочат кон креирање на стратегија за “претворање” на моменталните потрошувачи од флуктуирачки во лојални.

Со дополнителното зголемување на учествата за тврдите дисконти, и многу доминантната позиција се наметнува прашањето до кога може да се очекува нивниот раст. Вкупниот збир само на Стокомак и КАМ Маркет надминува 120% што посочува дека сите потрошувачи пазарат минимум кај еден од нив а дел од нив и во двата паралелно. Тврдите дисконти се веќе “нормалниот маркет” во кој се пазари, додека останатите концепти се конкурираат да го привлечат потрошувачот преку различни канали на промоција и понуда на поголем асортиман на производи. Сепак, тврдите дисконти може да се очекува да почнат да стагнираат и постепено (што е и случајот) да го прошируваат значајно асортиманот и да нудат повеќе производи или потрошувачко искуство кои претходно не биле својствени за ваквите концепти. Според агенцијата, со влезот на Лидл, просторот за проширување на тврдите дисконти ќе биде ограничено и преземањето на потрошувачите од едни кај други ќе биде уште попредизвикувачко. Промената на бизнис моделите пред се ќе треба да биде во задржување на моменталните клиенти многу повеќе отколку во привлекување на нови. На краток и среден рок (до 3 години) одржувањето на нивото на потрошувачи и висината на приходите ќе биде пресудно за одржување на компаниите на долг рок.

економија2 дена ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија2 дена ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании2 дена ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет2 дена ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион2 дена ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија2 дена ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија2 дена ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки6 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет5 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

македонија2 дена ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал