Connect with us

македонија

Ист Гејт Мол официјално отворен за шопинг

објавено

на

Вкупната инвестиција на трговскиот центар е 103 милиони евра. Очекувањата се дека ќе има околу 12 милиони посетители годишно, а закупците ќе остварат нето промет од 120 милиони евра.

Над 600 брендови од кои 40 се сосема нови може да се најдат во новиот трговски центар „Ист Гејт Мол“ во Скопје кој денеска официјално е отворен за посетители.

Трговскиот центар располага со вкупна површина од околу 160 илјади метри квадратни од кои околу 57 илјади метри квадратни е простор за закупување. Меѓу многубројните брендови во молот отворена е најголемата „Zara“ на Балканот во чии рамки има и „Zara Home“, како и глобалните брендови , Armani Exchange, Calvin Klein, Sinsay, Mango, XYZ, KIKO, Reserved, Oysho, The Athlete’s Foot, Twinset, Patrizia Pepe , XYZ, Valentino, Tods, Furla, Neptun Electronics, Kiko Milano, Dsquared2 , Pandora, Massimo Dutti, De Facto, Madame Coco, Babor Cosmetics, Prenatal и многу други.

Покрај широката понуда на облека, чевли, модни додатоци, спортска опрема, книги и техника, трговскиот центар располага и со модерни кафетерии, посебен оддел за брза храна со капацитет за 800 посетители, хипер маркет „Тинекс“ и кино сали. Обезбеден е паркинг простор за околу 2000 возила, а „Ист Гејт Мол“ е единствениот во земјава кој е опкружен и со зелени површини.

Трговскиот центар се наоѓа на местото на поранешниот Скопски саем и е на само пет минути од центарот на Скопје.

Вкупната инвестиција на трговскиот центар е 103 милиони евра. Очекувањата се дека ќе има околу 12 милиони посетители годишно, а закупците ќе остварат нето промет од 120 милиони евра. Предвидено е да се отворат повеќе од 2500 вработувања пред се во секторот трговија, но и во услужните дејности и оние кои се компатибилни со трговијата.

– Ист Гејт Мол од денес за 360 степени го менува концептот за она што претставува еден трговски центар во секое време од годината и со тоа станува најпривлечна дестинација и за посетителите од блиското соседство, истакна главниот извршен директор на компанијата „Скопје Ист Гејт“, Игор Давков на официјалното отворање

.Трговскиот центар е само еден сегмент од мултифункционалниот проект „Скопје Ист Гејт“ кој предвидува и изградба на резиденцијален комплекс и канцелариски парк со вкупна бруто изградена површина од над 500.000 м2. Вкупната инвестиција на целиот проект се проценува на околу 350 милиони евра.

Инвеститор е групацијата „Балфин“ која го изгради и „Скопје сити мол“ кој во 2015 година го продаде на британската компанија „Hystead Limited“. Групацијата „Балфин“ е основана во 1993 година и е активна на полето на недвижностите, малопродажбата, минералната индустрија, туризамот, енергетиката.

економија2 дена ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија2 дена ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании2 дена ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет2 дена ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион2 дена ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија2 дена ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија2 дена ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки6 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет5 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

македонија2 дена ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал