Connect with us

свет

Исчезна руската новинарка која протестираше против војната среде емисија

објавено

на

Адвокатот на г-ѓа Овсијаникова, Павел Чиков, објави на Твитер дека не може да го најде својот клиент.

Рускaта новинарка  којашто  вчера упадна во ТВ програма во живо  за да протестира против војната во Украина е пријавена  за исчезната во текот на ноќта.

Марина Овсијаникова, уредничка на Канал 1, кој е под државна контрола, беше приведена откако во понеделникот се појави во студиото зад водителката  држејќи антивоен транспарент.

Транспарентот , јасно видлив за неколку секунди, гласеше: „Не за  војната, прекинете ја војната, не верувајте во пропагандата, овде ве лажат“.

Сега не се знае каде таа се наоѓа, пишува BBC.

Адвокатот на г-ѓа Овсијаникова, Павел Чиков, објави на Твитер дека не може да го најде својот клиент.

„Марина Овсијаникова сè уште можам да ја лоцирам. Таа е притворена  повеќе од 12 часа“, рече тој утрово.  Според него,  првичната полициска истрага „не дава основа за притвор и затвор“.

Полицијата ја уапси поради новиот закон со кој се забранува воената акција на Русија во Украина да се нарекува „инвазија“ или да се шират  „лажни вести“ за конфликтот.

За време на протестот, кој се одржа во живо на главната руска вечерна информативна програма, г-ѓа Овсијаникова рече: „Не на војната!“,  пред програмскиот директор да пресече со претходно снимен прилог.

Пред инцидентот, таа сними видео во кое настаните во Украина ги нарече „злосторство“ и рече дека се срами да работи за, како што ја нарече, пропагандата  на Кремљ.

„Се срамам што си дозволив да кажувам лаги од телевизискиот екран. Се срамам што дозволив Русите да бидат претворени во зомби“, објасни таа. „Ние само немо го гледавме овој нехуман режим.“

Г-ѓа Овсијаникова, која рече дека нејзиниот татко е Украинец, го повика рускиот народ да протестира против војната, велејќи дека само тие можат „да го запрат лудилото“.

„Не плашете се од ништо, не можат сите да не’ затворат“, рече таа.

Од моментот кога стана познат идентитетот на г-ѓа Овсијаникова, таа доби десетици коментари на нејзината Фејсбук страница на украински, руски и англиски јазик, во кои и се заблагодаруваат  за нејзините постапки.

Украинскиот претседател Зеленски, исто така, ја пофали поради тоа што  „ја кажува вистината“.

Но, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, нејзините постапки ги нарече хулиганство.

Вестите на руската телевизии  долго време се контролирани од Кремљ, а независните гледишта се ретки на повеќето  големи ТВ станици.

Руските медиуми под контрола на државата ја нарекуваат војната „специјална воена операција“ и ја прикажуваат Украина како агресор, опишувајќи ја избраната влада во Украина како неонацистичка.

Неколку од преостанатите независни медиуми во Русија престанаа да емитуваат или објавуваат по притисок од властите. Други, како весникот Новаја Газета, се обидуваат да известуваат за ситуацијата без да ги  прекршат новите закони за цензура.

банки17 часа ago

НЛБ Банка Скопје по шести пат прогласена за најдобра банка во Македонија според „EMEA Finance“

економија17 часа ago

Венера Крлиу – Ханџиски, Ѓорѓе Војновиќ и Радош Вукичевиќ се нови членови на Одборот на директори на Македонија 2025

македонија20 часа ago

H&M ќе открие мурал во Скопје, којшто истовремено го прочистува и воздухот

регион21 час ago

Косово почнува со рестрикции на струја, нема пари за скапиот увоз

економија3 дена ago

Поставен камен-темелникот на фабриката за електрични возила во Тетово

банки4 дена ago

ПроКредит – прва банка во земјата која воведува флексибилност за работа од дома за своите вработени

свет6 дена ago

Автомобилската индустрија се граба за литиум – поскапен е 700% за две години

економија6 дена ago

Македонската берза ќе ја одржи својата 21-ва Годишна конференција на 23 септември во Охрид

економија7 дена ago

„Брако“ со 74 нови вработувања во првите шест месеци

економија1 недела ago

Инфлацијата во јули 16% на годишно ниво – најмногу поскапеле храната и транспортот, за речиси 25%