Connect with us

регион

Италијанската мафија се реформира: рекетот и убиствата не се повеќе во мода, сега е поисплатлив финансискиот криминал

Италијанската мафија се реформираше

објавено

на

Ова свртување на „бизнисот“  кон даночно затајување и финансиски измами е поттикнато од милијардите евра кои се истураат низ Италија преку фондовите за закрепнување по Ковид пандемијата, кои беа дизајнирани да ја зајакнат економијата, но всушност се покажаа како благодет за мафијашите.

Италијанската мафија овие денови ретко си ги валка рацете со крв.

Рекетите за изнудување излегоа од мода, а кумовите ретко одобруваат убиства. Само 17 луѓе биле убиени од мафијата во Италија во 2022 година, според најновите официјални податоци, наспроти повеќе од 700 во 1991 година.

Наместо тоа, мафијашите на големо се преселиле во светот на нискоризичниот свет на „канцеларискиот“ криминал, изјавиле за Ројтерс високо позиционирнаи италијански обвинители.

Ова свртување  кон даночно затајување и финансиски измами е поттикнато од милијардите евра кои се истураат низ Италија преку фондовите за закрепнување по Ковид пандемијата, кои беа дизајнирани да ја зајакнат економијата, но всушност се покажаа како благодет за мафијашите.

Владата на премиерката Џорџија Мелони минатиот месец објави дека открила измама тешка 16 милијарди евра, поврзана со шеми за финансиска поддршка за реновирање домови.

Обвинителите исто така разгледуваат потенцијална масовна злоупотреба на стимулативниот пакет на Европската унија во вредност од 200 милијарди евра.

Не е целата измама  оркестрирана од моќните италијански организирани криминални групи, велат обвинителите, но тие се сомневаат дека голем дел е.

„Би било глупаво да се помисли дека нема да го искористат огромниот прилив на пари“, вели  Барбара Сарџенти од Националното обвинителство за борба против мафијата и тероризмот.

Сицилијанската Коза Ностра и Камора од градот Неапол се најпознатите италијански мафијашки групи, но ‘Ндрангета со седиште во јужниот регион Калабрија е најголемата организирана криминална група во земјата во моментов.

Освен тоа што ја задржа цврстата контрола врз европската трговија со кокаин, оваа мафијашка групација  го предводеше трендот на премин  кон финансиите во изминатата деценија.

Европското јавно обвинителство (ЕРРО) – кое ги истражува злосторствата против финансиските интереси на Европската унија – алармираше во февруари дека огромниот обем на финансиски криминали низ блокот од 27 нации сугерира вмешаност на организирани криминални групи.

Речиси една третина од 1.927 активни случаи на ЕРРО во 2023 година биле фокусирани на Италија, каде што проценетата штета била 7,38 милијарди евра од вкупно 19,3 милијарди во целиот блок.

Интервјуата со седум обвинители и полициски началници, заедно со анализа на илјадници страници судски документи, ја открија широчината на вмешаноста на мафијата во деловниот свет на Италија и цената што за тоа ја плаќа државата.

Обвинителите рекле дека злосторствата често се потпираат на соучесништво на бизнисмени, среќни што наоѓаат нови начини за избегнување даноци. Даночното затајување е хроничен проблем во Италија, што ја чинело државната каса околу 83 милијарди евра во 2021 година, според најновите податоци на Министерството за финансии.

„Во Италија нема социјална стигма за оние кои издаваат лажни фактури или избегнуваат даноци“, вели Алесандра Долчи, шеф на обвинителство за борба против мафијата во Милано. „Општествените гледишта за економските криминали се многу различни од оние во врска со трговијата со дрога.“

Даночното затајување е хроничен проблем во Италија, што ја чинело државната каса околу 83 милијарди евра во 2021 година, според најновите податоци на Министерството за финансии.

Банкротствата како бизнис

Иако нема официјална проценка за обемот на вмешаноста на организираниот криминал во финансиски криминал во Италија, двајца од обвинителите кои разговараа за Ројтерс процениле дека тоа се мери во десетици милијарди евра секоја година – само мал дел од нив биле откриени.

За криминалните банди, со оглед на големите суми на пари што се злоупотребени, казните се релативно лесни. Ако ве фатат како се обидувате да продадете и само 50 грама кокаин, ризикувате затворска казна и до 20 години. Но, ако издавате лажни фактури за да добиете 500 милиони евра лажни  даночни кредити, ќе се соочите со затвор од само 18 месеци до шест години.

Судијата во Милано, Пасквале Адесо, бил одблиску сведок на метаморфозата на мафијата. Откако градот организираше судење во 2011 година на околу 120 обвинети, обвинети за низа традиционални мафијашки злосторства, Адесо вели дека не наишол на ниту еден случај на изнуда, што некогаш беше главен столб на активностите на мафијата.

„Нема споредба кога станува збор за проценка на односот ризик/награда“, рече Долчи, обвинителка за борба против мафијата.

Во февруари, полицијата во северниот регион Емилија Ромања уапси 108 лица за кои се верува дека се блиски до ‘Ндрангета. Тие се осомничени дека издале лажни фактури во вредност од 4 милиони евра за непостоечки услуги во бродоградба, одржување на индустриски машини, чистење и изнајмување автомобили.

Истрагата е во тек и сѐ уште не е одреден датум за судење.

Полковникот Филипо Иван Биксио, регионален шеф на даночната полиција, вели дека таквите шеми им овозможуваат на бизнисмените да го намалат својот приход подложен на данок и да добијат даночни кредити.

„Тоа не е спорадичен феномен. Тоа е структурирано“, вели тој.

Судијата во Милано, Пасквале Адесо, бил одблиску сведок на метаморфозата на мафијата.

Откако градот организираше судење во 2011 година на околу 120 обвинети, обвинети за низа традиционални мафијашки злосторства, Адесо вели дека не наишол на ниту еден случај на изнуда, што некогаш беше главен столб на активностите на мафијата.

„’Ндрангета повеќе не е вклучена во рекети за изнуда, туку во неликвидности и банкротства“, рече тој. „Таа влезе во светот на подизведувачките договори, одговарајќи на апетитот за даночни затајувања од страна на бизнисмените“.

Судење кое што заврши минатата година се фокусираше на истрагата предводена од Адесо, која откри некои од многуте измами што ги користеле мафијашите – вклучително и создавање на правно легитимни фирми – задруги кои нудат аутсорсинг услуги со намалени цени за компаниите,  за да ги банкротираат по само две години.

Причината е едноставна: владата нуди поволни даночни олеснувања за новоформираните компании. Компанијата која нема намера да расте може да ја искористи оваа помош за да понуди високо конкурентни цени и потоа, со измама да прогласи банкрот, и  да се повлече од своите долгови и обврски за придонеси за социјална заштита.

„Ндрангета е длабоко навлезена во секторот којшто нуди привремена работна сила, од транспорт до чистење“, вели Гаетано Пачи, главен обвинител во северниот град Реџо Емилија. „Со тоа што не плаќа даноци и придонеси, може да нуди услуги по намалени цени“.

Судските документи покажале дека меѓународните компании – вклучително UPS Italia, германскиот транспортен гигант DB Schenker и синџирот супермаркети Lidl – аутсорсирале  дел од логистиката на задругите создадени од ‘Ндрангета. Компаниите се веќе осудени на парични казни.

Портпаролот на DB Schenker изјавил  дека постапката против компанијата сега е затворена и одбил коментар. Lidl исто така одбил да коментира. UPS соопштила дека работи во согласност со сите локални закони и нејзината програма за усогласеност со регулативите конкретно се осврна на барањата на обвинителите.

Навестувајќи ги загубите за државата од ваквиот тип шеми, службата за јавни приходи му откри на парламентот минатиот јули дека банкротираните компании должат вкупно 156 милијарди евра неплатени даноци и пензиско осигурување. Тоа е приближно три пати повеќе од годишните приходи од корпоративниот данок на Италија, кои минатата година беа 51,75 милијарди евра.

Значителен дел од неподмирената сума се должи на потенцијални измами, со можни мафијашки врски, рече Адесо. Тој, сепак, се пожали дека има недостиг на кадар со вештини за спроведување сложени финансиски истраги и докажување кога банкротите  се измамнички.

„Ако сакате да се борите против мафијата, тогаш треба повеќе да се фокусирате на несолвентност и закони за банкрот отколку на изнуда“, рече тој.

Во февруари, полицијата во северниот регион Емилија Ромања уапси 108 лица за кои се верува дека се блиски до ‘Ндрангета. Тие се осомничени дека издале лажни фактури во вредност од 4 милиони евра за непостоечки услуги во бродоградба, одржување на индустриски машини, чистење и изнајмување автомобили.

Застарувањето на делата им оди во прилог на мафијашите

Преземањето на очигледно успешни фирми и потоа нивно уништување исто така може да биде профитабилно.

Во случајот нагласен во судењата во Милано спроведени од тимот на Адесо, тој посочува како двајца членови на Ндрангета инвестирале во ресторан со ѕвезда на Мишелин во еден облакодер во 2014 година, ветувајќи му дека ќе му помогнат на сопственикот да ги покрие даноците за коишто доцнел со подмирување, како и плаќањето на киријата за просторот.

Но, ништо не излегло од ветувањата.  Наместо тоа, тие натрупале повеќе долгови и прогласиле банкрот – не еднаш, туку двапати – останувајќи ѝ должни  на државата околу 1,8 милиони евра неплатени даноци.

Иако оние што стојат зад оваа измама беа осудени и затворени, истражителите велат дека многу повеќе престапници избегале од нивните раце, делумно поради законите кои го ограничуваат времето на располагање за гонење на злосторствата од финансиска природа.

Застареноста е 6 години за даночно затајување, 8 години за неплаќање ДДВ и 10 години за лажен стечај. Но, сложените истраги може да траат неколку години и, дури и ако се добие пресуда, често има долг процес на жалби, велат обвинителите.

Истакнувајќи го проблемот, Советот на Европа, организација која се грижи за  заштита на демократијата и човековите права, рече дека во 2022 година само 0,9 отсто од италијанските затвореници отслужувале казна за економски криминал – далеку пониска од 7,1 отсто во Франција и 9,8 отсто во Германија.

А неколку италијански влади по ред досега не успеале  да ги заострат правилата околу криминалот од финансиска природа, претпочитајќи наместо тоа да се фокусираат на реформите кои ќе вратат дел од парите што се должат.

Фискалните одредби донесени  во февруари годинава вклучуваат декриминализација на некои даночни прекршоци, за кои опозицијата рече дека ова го легитимира незаконското однесување.

„Нема амнестија и нема услуги за измамниците“, рече премиерката Мелони во парламентот, бранејќи го законот. „Оваа реформа само ги става чесните луѓе во позиција да си платат тоа што должат“.

банки2 дена ago

Со голем настан Македонската шаховска федерација ќе одбележи еден век постоење на Светската шаховска федерација ФИДЕ

македонија5 дена ago

Комерцијална банка со поддршка за македонскиот фудбал и во наредните три години

банки5 дена ago

Прокредит банка со нова модерна филијала во Гостивар

македонија5 дена ago

Донаторскиот кружок на КОНЕКТ по 5-ти пат покажа филантропија на дело: Собрани еден милион денари здружени донации за влијателни иницијативи

банки6 дена ago

ПроКредит е единствена банка во Македонија оценувана од Fitch Ratings

банки7 дена ago

Нова зелена бизнис кредитна линија на ПроКредит Банка и ЕБОР со поврат на средства до 10% за инвестиции во одржливи решенија

македонија1 недела ago

Приближувајќи се кон првата декада со бројни успеси – 8 години ги зајакнуваме носечките столбови на уникатното хотелско угостителство во Скопје Мериот Хотел

менаџмент / маркетинг2 недели ago

Како да се водат состаноци: не мора да се долги, мачни и здодевни, може и поинаку

регион2 недели ago

Во Хрватска платите растат двојно побрзо одошто просекот на ЕУ: работодавците бараат покачувањата да се врзат со продуктивноста

свет2 недели ago

Како турнејата на Тејлор Свифт може да ја поправи економската слика на Европската унија

македонија1 недела ago

Приближувајќи се кон првата декада со бројни успеси – 8 години ги зајакнуваме носечките столбови на уникатното хотелско угостителство во Скопје Мериот Хотел

банки7 дена ago

Нова зелена бизнис кредитна линија на ПроКредит Банка и ЕБОР со поврат на средства до 10% за инвестиции во одржливи решенија

македонија5 дена ago

Донаторскиот кружок на КОНЕКТ по 5-ти пат покажа филантропија на дело: Собрани еден милион денари здружени донации за влијателни иницијативи

банки6 дена ago

ПроКредит е единствена банка во Македонија оценувана од Fitch Ratings

банки5 дена ago

Прокредит банка со нова модерна филијала во Гостивар

банки2 дена ago

Со голем настан Македонската шаховска федерација ќе одбележи еден век постоење на Светската шаховска федерација ФИДЕ

македонија5 дена ago

Комерцијална банка со поддршка за македонскиот фудбал и во наредните три години