Connect with us

македонија

ИТ компанијата Cosmic Development со концепт на враќање кон заедницата низ пет клучни столбови

Иницијатива на Амчам и Конект во рамки на проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“
Најдобри практики за корпоративна филантропија

објавено

на

Во Cosmic Development, нивниот филантропски фокус е околу помагањето на социјално загрозени семејства, едукативни иницијативи и проекти што вклучуваат млади луѓе, одговорност кон животната средина, како и промовирањето и поддршката на спортовите, особено на младите таленти. И сето тоа со активно ангажирање на вработените и прифаќање на нивните идеи.

Cosmic Development како меѓународна компанија со оперативни единици во Македонија и Србија, е показател како аутсорсирањето на висококвалитетна експертиза значи привлекување и задржување на млади, способни и доверливи вработени. Во индустрија активна на Балканот повеќе од две декади, водечката работна сила се припадниците на т.н. Gen Y и Gen Z којашто моментално е во подем. Овие луѓе се млади личности коишто се потрага по нешто повеќе од само обично работно место. Затоа компаниите мора са се иновативни во привлекувањето на топ талентите. Токму ИТ сферата обезбедува плодно тло за позитивни промени и ангажирање во заедницата.

Затоа, во Cosmic Development, нивниот филантропски фокус е околу помагањето на социјално загрозени семејства, едукативни иницијативи и проекти што вклучуваат млади луѓе, одговорност кон животната средина, како и промовирањето и поддршката на спортовите, особено на младите таленти.

„Преку долгорочно инвестирање во заедницата ние се трудиме да создадеме повеќе емпатично  општество низ едукација, инклузија и филантропија поддржана од вработените“, велат во Cosmic Development.

Пет клучни столба на филантропските заложби

Компанијата ја практикува филантропијата преку иницијативи под водство на вработените, коишто може да направат разлика.

Нивниот карактеристичен пристап во филантропските напори е сесрдно поддржан од посветеноста на вработените, транспарентноста и позитивното влијание уште од самите почетоци.

„Со еден збор, вработените се нашиот најголем адут“, велат во Cosmic Development.

Па така, дури и во нивните начини на враќање кон заедницата, компаниската стратегија е цврсто поврзана со уникатната разновидност на практики претставени преку пет клучни столбови:

  1. Помошта на Cosmic на социјално загрозени семејства;
  2. Иницијативи за младинска инклузивност;
  3. Одговорност кон животната средина;
  4. Идеи поддржани од вработените;
  5. Спортски спонзорства.

За да ги реализира овие стратешки цели, компанијата се фокусираше на интегрирање на филантропијата во својот основен идентитет, охрабрувајќи ги вработените активно да придонесуваат кон позитивни промени. Чекорите вклучуваа негување на атмосфера на отвореност, каде што вработените слободно би ги изложиле своите идеи и презеле иницијативи. Следно, компанијата се здружи со хуманитарни организации, образовни институции и спортски клубови за да обезбеди ефективно реализирање на сопствените филантропски напори.

Резултати и ефекти

Целите на секој од петте клучни столбови на филантропската активност на Cosmic Development се постигнуваат преку краткорочни, среднорочни и долгорочни стратегии. Следува приказ на постигнатите резултати и влијанието и ефектите во заедницата во изминатите пет години за секој столб поединечно:

Столб 1: Помош за социјално загрозени семејства / 2019-2023

Со учество на преку 120 вработени, обезбедена е   непосредна помош за над 230 корисници – сиромашни семејства и деца. Помош беше обезбедена во форма на облека, храна, училиштен прибор, компјутерска опрема, преку редовни акции. На среден рок, воспоставена е  соработка и партнерство со над 18 невладини организации, друг тип на организации и институции со кои се реализирани акциите за донирање. Меѓу нив се СОС Детско село, ХЕРА, Ways2Help, Вистински дела на среќата, Народен театар – Битола и др. Долгорочно, компанијата ќе воспостави цврст и континуиран систем за поддршка што ќе ѝ помогне да ги  удвои резултатите во следните 5 години. Досега компанијата поделила помош во вредност од над 4000 евра за оваа цел

и активно ги мотивира  своите вработени самите да бидат вклучени.

Од обезбедување непосредна помош за корисниците, решавање на нивните итни потреби, до зајакнување на соработката со невладините организации, компанијата  ќе има зголемено влијание во заедницата, стигнувајќи со помошта  до што  повеќе семејства.

„Нашата крајна цел е да ги опремиме социјално загрозените  млади луѓе со основни потреби и средства за подобрување на нивниот живот, т.е., трајни позитивни промени. “

Столб 2: Иницијативи за младинска инклузивност /2019-2023

Поддржани се  над 15 младински иницијативи, 3 програми за практикантска работа, сите со вкупен опфат на младите од преку 500 корисници. Од иницијативите што треба  да се спомнат,  Global Tech For Good – онлајн вебинар (2020), менторство еден на еден на талентирано дете, штитеник на СОС Детско село (2022) и нивната  најнова комплетирана  програма за практикантска работа со  Средното техничко училиште во Битола (2023). Cosmic Development соработуваше со средните училишта и факултети, општината во Битола и разни организации или повеќе од 10 партнери вкупно. Крајниот резултат е преку систематизација на иницијативи за вклучување на младите да се достигне  80% од младите или да продолжат со понатамошно образование или да влезат во работната сила. 

Столб 3: Одговорност кон животната средина / 2019-2023

Започнато е скромно, поддржувајќи неколку вработени во нивното секојдневие да користат велосипеди за одење на работа или да практикуваат качување или пешачење.  Следно, организирани се  акции за чистење – онаа што сакаат да ја истакнат е акцијата во 2022 година, кога вработените ги донесоа своите деца и дадоа практичен пример заедно чистејќи го  популарното излетничко место на Тумбе Кафе во Битола. Поддржани се и  напорите за пошумување преку донација на опрема, а и претстои вклучување во проект во соработка со НВО Пролокал  и Општина Битола меѓу другите партнери,  за промоција на користење велосипеди како превозни средства низ централното подрачје на Битола.

Столб 4: Идеи поддржани од вработените / 2022-2023

Во помал обем, во компанијата велат дека секогаш поддржувале иницијативи за помош на социјално ранливи семејства, преку своите вработени и во  2022 година донирале 10 торби  со храна и  средства за хигиена за Центарот за доенчиња во Битола. Следно, им помогнале на 53 сиромашни девојчиња (матурантки) со буџет од 2000 евра.

Така, оттогаш е  воведена практика да се избере и поддржи барем една идеја дадена од вработени.
„Понатаму дефинитивно ќе одиме со платформа каде што нашите вработени ќе можат почесто да ги предлагаат  своите филантропски идеи и се надеваме дека ќе можеме секоја година да поддржуваме  сѐ повеќе и повеќе идеи.“, велат од компанијата.  Преку поттикнување на креативноста на вработените и чувството за придонес, Cosmic Development  има за цел да постигне негувана култура на општествена одговорност, поттикнувајќи континуирано позитивно влијание.

Столб 5: Спортски спонзорства /  2022-2023

Ова е уште една практика која се трансформирала  од внатре кон надвор. Иницијално, во компанијата  секогаш ги поддржувале вработените да се приклучат на спортските предизвици и потфати. Во 2022 година продолжиле со поддршка на актуелните спортски настани со млади учесници на кои им беше потребна поддршка за да се одржат. Најновиот настан што го поддржале е

Третиот пливачки маратон во Преспа во организација на Клубот Аква Спирит – Охрид. До сега, нашата компанија донираше  500 евра, а поддржа над 100 млади професионалци и аматери.

Ефектите се од добивање подобрена препознатливост на брендот додека промовира здрави активности,  па сѐ до активен придонес талентирани  спортисти потенцијално да постигнат професионален успех.
„Со нашите спортски иницијативи имаме за цел да градиме посилни врски во заедницата, поттикнувајќи сплотеност и благосостојба.“

коментари3 дена ago

Со АмЧам на тема…Технолошката експанзија неминовно ја потенцира потребата од заштита на интелектуалната сопственост

македонија4 дена ago

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

македонија6 дена ago

Анализа на Инсајдер ИД и ЕБОР: Како „дише“ пазарот за широка потрошувачка во Македонија?

банки6 дена ago

ПроКредит Банка обезбеди дополнителни 60 милиони евра финансиска поддршка за македонските мали и средни претпријатија во соработка со ЕИФ

банки1 недела ago

Нова понуда на хипотекарен кредит од УНИБанка

економија1 недела ago

Брако ќе промовира ново електрично возило на саем во Минхен

банки3 недели ago

Годишниот Извештај за одржливост на ПроКредит Групацијата покажува значителен придонес врз општеството и животната средина

технологии / компании3 недели ago

Таман се навикнавме на четботовите, доаѓаат и AI агенти

регион3 недели ago

Букурешт, Загреб и Атина стануваат сѐ поголеми „чувари на податоци“ на светските технолошки компании

интервју3 недели ago

Марија Кукуноска: Безбедноста и заштитата се фундамент за успешен и одржлив бизнис во време на бројни ризици и кризи