Connect with us

економија

ИутеКредит Европа, од којашто Иуте Кредит Македонија е дел, успешно издаде обезбедена корпоративна обврзница

објавено

на

Иницијалната јавна понуда била 50 милиони евра, но поради голема побарувачка од инвеститорите таа била покачена на 75 милиони евра.

ИутеКредит Европа, групација од која ИутеКредит Македонија е дел, успешно издаде обезбедени корпоративни обврзници на интернационалниот пазар. Иницијалната јавна понуда била 50 милиони евра, но поради голема побарувачка од инвеститорите таа била покачена на 75 милиони евра.

Тармо Силд, генерален директор на ИутеКредит, изјави: “Се радуваме и сме горди на довербата која ни ја дадоа институционалните и трговските инвеститори. Приходите кои доаѓаат од издавањето на обврзници ќе продолжат да го поддржуваат Иуте во реализирањето на нашата мисија, која е креирање на исклучително искуство во полето на личните финансии. Ова исто така ја демонстрира довербата на инвеститорите во земјите каде Иуте работи.”

Приходите од обврзниците ќе се искористат од страна на Иуте за финансирање на растот на моменталните и идни пазари, како и рефинансирање на постоечкиот долг. Според Силд, со емисијата на обврзници, Иуте отвора ново поглавје во историјата на компанијатa. “Иуте сака да им овозможи на своите клиенти најбрзо и најкомфорно искуство во личните финансии. Постојат многу клиенти кои сакаат и на кои им е потребна ваква услуга, и како што расте компанијата, би сакале да стигнеме и до нив.”, рече Силд.

“ИутеКредит Македонија работи и се залага за подобрување на секој аспект од функционирањето на граѓаните, а со тоа и на целото македонско општество. Со кредитните производи кои ги нудиме како и бројните иновативни услуги, целиме кон овозможување на уникатно корисничко искуство и што повеќе поволности за нашите клиенти”, вели Горан Василев, генерален директор на ИутеКредит Македонија.

Сите поднесени трговски налози од вкупно 20 милиони евра беа распределени во целост. Од ова, повеќе од 2.500 трговски инвеститори од Балтичките земји учествуваа со речиси 18 милиони евра. Околу 75% од вкупниот обем на издавање беше распределен на повеќе од 30 инститиционални инвеститори низ Европа.

Новите обврзници се очекува да бидат вклучени во регулираниот пазар на Франкфуртската Берза и Насдак Берзата за Хартии од Вредност во Талин. Прв ден за тргување на Франкфуртската Берза се очекува да биде 6-ти октомври и 7-ми октомври 2021 год. за берзата во Талин. Обезбедените корпоративни обврзници беа издадени со годишна каматна стапка од 11%. ИутеКредит ги издава обврзниците во вредност од 75 милиони евра (ISIN: XS2378483494) преку својата компанија IuteCredit Finance S.a.r.l.

економија2 дена ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија2 дена ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании2 дена ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет2 дена ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион2 дена ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија2 дена ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија2 дена ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки6 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет5 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

македонија2 дена ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал