Connect with us

економија

И покрај моќните ефекти на пандемијата, побарувачката за кредити се врати

Анкета на ЕИБ за кредитирањето во Централна, Источна и Југоисточна Европа

објавено

на

Побарувачката на заеми се зголеми, а пристапот до кредити е олеснет во Централна, Источна и Југоисточна Европа – но подобрувањата се првенствено наменети за домаќинствата, наместо за бизнисите.

Подружниците и локалните банки во ЦИЈИЕ известуваат за силно зголемување на побарувачкатаза кредити. По драстичното намалување во вториот и третиот квартал од 2020 година, побарувачката се зголеми, првенствено поддржана од барањата за обртни средства, заедно со позитивната перспектива на пазарот за домување, довербата  и трошењето на потрошувачите.

Европската инвестициска банка (ЕИБ) го објави есенското издание за 2021 година на својата анкета за банкарското кредитирањево ЦИЈИЕ.  Извештајотги истражува стратегиите на меѓународните банки активни во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) и пазарните услови како што ги оценуваат банките кои работат таму. Извештајот обезбедува анализа и споредба на ниво на регион и на ниво на поединечни земји.

Објавувањето на анкетата во есента 2021 година покажува позитивна перспектива за банкарските системи во регионот на ЦИЈИЕ, но со долготрајни жаришта на несигурност и одредени надолни ризици. И покрај моќните ефекти на пандемијата, побарувачката за кредити се врати, а условите за понуда за финансирање почнаа полека да се олеснуваат. Побарувачката на заеми е силна кај домаќинствата, а исто така заживува и во сегментот на фиксни инвестиции на фирмите. Условите на понудите за кредитирање се олеснуваат, но повеќе за домаќинствата, отколку за бизнисите, додека условите сè уште се затегнати, особено за помалите компании.

„Анкетата покажува дека меѓународната и националната поддршка биле клучни за одржување на активностите на банкарските групи во регионот на ЦИЈИЕ по првичниот остар и нагол застој генериран од шокот со КОВИД-19 во 2020 година“, рече главниот економист на ЕИБ, Дебора Револтела.

„Одржувањето на оваа силна јавна посветеност сега е од клучно значење за олеснување на пристапот до финансии за компаниите и олеснување на инвестициите во зелената и дигиталната транзиција. Банките во регионот имаат силен партнер во Групацијата ЕИБ на кој можат да се потпрат за поддршка на финансирањето на локалните економии“.

„Четириесет проценти  од банкарските групи кои работат во регионот на ЦИЈИЕ имаат намера да ги прошират своите операции. Ова е добра вест по превирањата со КОВИД-19 предизвикани во 2020 година“, додаде Лука Гатини, раководител на Одделот за макроекономско сценарио.

„Но, остануваат некои несигурности и надолни ризици. Пристапот до банкарско финансирање сè уште не им се олеснува на фирмите. Исто така, банкарските групи очекуваат застој на позитивниот развој на настаните кај нефункционалните кредити. Регулаторните и политичките мерки ќе треба да продолжат да докажуваат поддршка, особено за да се забрзаат многу потребните инвестиции во климатските активности и дигитализацијата“.

Анкетата за банкарско кредитирање во ЦИЈИЕ е дел од известувањето и мониторингот што редовно го спроведуваат ЕИБ, ММФ, ЕБОР и Светската банка за „Виенската иницијатива“, рамка за заштита на финансиската стабилност на Европа во развој.

Посветеност и перспектива на банкарските групи за регионот

Изложеноста на банкарските групи кон регионот се зголеми во изминатите шест месеци, како дел од стратешката определба за одржување или дури и зголемување на операциите. Покрај тоа, тие објавија дека нивните операции во ЦИЈИЕ биле повторно профитабилнипо привремениот пад во 2020 година.

Прекуграничните банкарски групи сигнализираат позитивни стратешки намери за нивните регионални операции, што укажува на целосна поддршка за нивните подружници и изложеност таму во 2021 година. Околу 60 % од анкетираните банкарски групи имаат намера да ги задржат своите операции во ЦИЈИЕ, додека 40 % имаат намера да ги прошират.

Понуда и побарувачка на кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

Подружниците и локалните банки во ЦИЈИЕ известуваат за силно зголемување на побарувачкатаза кредити. По драстичното намалување во вториот и третиот квартал од 2020 година, побарувачката се зголеми, првенствено поддржана од барањата за обртни средства, заедно со позитивната перспектива на пазарот за домување, довербата  и трошењето на потрошувачите. Поточно, поддршката за побарувачката обезбедена од инвестициските заеми повторно стана позитивна по острите контракции во 2020 година и почетокот на 2021 година. Овој пресврт сигнализира подобрување на реалните економски услови за компаниите.

Условите за кредитирање се олеснија во изминатите шест месеци по заострувањето во 2020 година и почетокот на 2021 година. Сепак, додека кредитните услови се олеснија за домаќинствата, тие не го направија тоа и за компаниите, особено за малите и средните претпријатија.

Квалитетот на кредититеповторно почна да се подобрува по благото влошување во 2020 година. Сепак, не се очекува враќањето да продолжи во следните шест месеци, при што банкарските групи сигнализираат зголемена неизвесност, а негативнитебројки укажуваат на зголемување на коефициентот на нефункционални кредити.

Банките кои работат во регионот известија дека регулаторните и политичките мерки за поддршка на кредитирањето одиграле значајна позитивна улога. Поточно, банките кои ги искористија шемите за јавни гаранции покажуваат дека овие програми биле многу ефикасни во поддршката на продолжувањето на заемите – нешто што се повторува во последните три бранови на анкети. Банките што ги користат предностите на операциите за рефинансирање на централната банка сметаат дека овие олеснувања ги поддржале кредитните услови.

Основни информации

Седиштето на Европската инвестициска банка во Луксембург

Европската инвестициска банка (ЕИБ) е институција за долгорочно кредитирање на Европската Унија во сопственост на нејзините земји-членки. Таа овозможува долгорочно финансирање за квалитетни инвестиции со цел да се придонесе кон целите на политиките на ЕУ. ЕИБ поддржува инвестиции и надвор од ЕУ.

За Одделот за економија на ЕИБ

Одделот за економија на ЕИБ обезбедува економски истражувања и студии, како и уникатни анализи на инвестициските активности во Европската Унија и пошироко. Ја поддржува банката во нејзиното работење и во дефинирањето на нејзините позиционирање, стратегија и политика. Главниот економист Дебора Револтела го предводи Одделот: тим од 40 економисти.

За анкетата на ЕИБ за кредитирање на банките од ЦИЈИЕ

Анкетата на ЕИБ за кредитирање на банките од ЦИЈИЕ е единствена анкета која се спроведува на секои шест месеци, со анкетирање на околу 80 локални банки, банкарски групи и финансиски институции во Централна, Источна и Југоисточна Европа. Таа собира информации за кредитните стандарди, условите за кредитирање и стапките на одобрување, како и за различните домашни и меѓународни фактори кои можат да бидат одговорни за промените во кредитирањето. Се истражува и побарувачката на кредити, со анализа на барањата за кредити и нивниот квалитет. Анкетата вклучува конкретни прашања за квалитетот на кредитите и условите за финансирање на банките. Таа е планирана да изгради панел на набљудувања што може да обезбеди проценка во речиси реално време за квалитетот  на банкарскиот сектор во регионот на ЦИЈИЕ. Анкетата е развиена и управувана од Одделот за економија на ЕИБ и е дел од серијата извештаи кои се изготвени заедно со ЕБОР, ММФ и Светската банка за Виенската иницијатива (http://vienna-initiative.com)

македонија7 часа ago

Анѓушев: Нема никаква основа за ограничување на мојот влез во САД, одлуката ќе ја обжалам

македонија10 часа ago

Кочо Анѓушев се најде на „црната листа“ на САД

македонија2 дена ago

Една година стратешко партнерство на Алкалоид и СОС Детско село

банки4 дена ago

Комерцијална банка прогласена за „Банка на годината во 2023“ од магазинот The Banker

македонија5 дена ago

Искористете ја лимитираната можност и уживајте во убавините на сончевата јужна страна на „Гранд Ривер“!

свет5 дена ago

Активностите за спојувања и преземања на најниско ниво од 2014 година наваму

македонија5 дена ago

Од земјата на виното и ракијата, првиот македонски џин тргна во поход да го освои светот

свет5 дена ago

Придонесот на нобеловката Голдин во разбирањето на улогата на жените на пазарот на труд

економија5 дена ago

Анѓушев: Потребно е обединување на бизнисите, силни партнерства и градење кадри!

интервју5 дена ago

м-р Елеонора Згоњанин – Петровиќ: Потребен е поголем општествен поттик за јакнење на женското лидерство

интервју5 дена ago

Кристина Камчева – Стојческа: Женското лидерство во подем – тие умеат како да создадат тим од доверба

македонија5 дена ago

Од земјата на виното и ракијата, првиот македонски џин тргна во поход да го освои светот

интервју5 дена ago

м-р Елеонора Згоњанин – Петровиќ: Потребен е поголем општествен поттик за јакнење на женското лидерство

интервју5 дена ago

Јелена Спасова: Се бориме занаетчиите да го добијат заслужениот статус во македонската економија

свет5 дена ago

Придонесот на нобеловката Голдин во разбирањето на улогата на жените на пазарот на труд

интервју5 дена ago

Родовата еднаквост, инклузивностa и еднаквите можности се темели на нашата корпоративна култура

свет5 дена ago

Активностите за спојувања и преземања на најниско ниво од 2014 година наваму

македонија5 дена ago

Искористете ја лимитираната можност и уживајте во убавините на сончевата јужна страна на „Гранд Ривер“!

економија5 дена ago

Повеќе жени во тимот, повеќе профит

македонија1 недела ago

Реализирани повеќе заеднички хуманитарни активности на „Алкалоид“ и на Црвен крст на Град Скопје