свет
И покрај потресите, берзанските индекси го затворија кварталот во зелено

Генерали инвестментс направија преглед на тековните настани што влијаат врз светските пазари на капитал.
Загриженоста за здравјето на банкарскиот систем малку стивна. Во исто време, очекувањата дека американската централна банка ќе направи чекор наназад во светло на банкарските проблеми и наскоро ќе започне да ја олабавува монетарната политика која беше силно заострена во последните месеци, беа вклучени во пазарните вреднувања. Ова беше резиме за берзанските индекси, кои минатата недела забележаа добивка и со тоа го заклучија возбудливиот, но на крај позитивен прв квартал на берзите.
Во однос на приносите, особено во последните недели, се истакна американскиот пазар, каде што технолошките акции имаат најголема тежина. Тие го забележаа и најдобриот квартал од 2020 година, кога закрепнувањето на берзата беше во полн ек по падот од почетокот на Ковид пандемијата. Технолошкиот Nasdaq во првиот квартал беше во добивка од скоро 17% изразена во долари, S&P 500 порасна за 7%, а Расел 2000 индексот на компании со мала пазарна капитализација, порасна само 2%. За лавовскиот дел од закрепнувањето на берзите придонесоа акциите на американските „Blue Chip“ Apple, Microsoft и Meta. Но, во исто време, големите инвестициски банки се повеќе предупредуваат дека акциите ги вклучуваат само добрите и убави сценарија на сегашните пазарни нивоа, но не и рецесијата, како и можниот пад на профитот, што се јавуваат како резултат на секоја рецесија досега.

Брзо закрепнување на вредноста на еврото
Американскиот долар продолжува да губи и ги остави европските инвеститори да пропуштат дел од добивките забележани на американските берзи во последните три недели. Ако во ноември минатата година еврото беше значително под вредноста на доларот поради страв од длабока енергетска криза, на крајот од минатата недела бевме во сооднос од 1,09 долари во однос на еврото. Виновник не се само подобрените економски прогнози за стариот континент. На западната страна на Атлантикот, по мини-банкарската криза, очекувањата за монетарната политика на Федералните резерви на САД омекна. Од друга страна, претставниците на ЕЦБ остануваат со своите прогнози за построга монетарна политика, а ако на тоа се додаде уште еднаш мартовската рекордна базична инфлација на еврото, може да се очекува дополнително зголемување на каматните стапки во еврозоната на претстојниот состанок. Со падот на вредноста на американскиот долар во последните месеци, загриженоста за иднината на статусот на доларот како резервна валута повторно се зголемува. Минатата недела масло на огнот долеа веста дека францускиот енергетски гигант TotalEnergies го склучи првиот договор со Кина во кинески јуани, а Бразил и Кина потпишаа билатерален договор, според кој трговијата меѓу двете земји ќе се одвива во јуани и бразилски реал, соодветно.

Нафтата повторно над 80 долари
Инфлацијата на еврото, мерена преку индексот на CPI, во март падна на 6,9%, што значи значителен пад во однос на февруарските 8,5% и најниска вредност на индексот CPI од февруари минатата година. Но, проблемот е во деталите, намалувањето во голема мера се должи на пониските цени на енергијата и високата споредбена основа – инфлацијата веќе беше на високи 7,5% во март минатата година. За разлика од општиот CPI, базичната инфлација, која ги исклучува промените на цените на енергијата, храната, алкохолот и тутунските производи, во март изнесуваше 5,7%, што е рекорд веќе деветти месец по ред. Според тоа, новите податоци за инфлацијата не се толку охрабрувачки како што изгледаат на прв поглед и стануваат уште позагрижувачки кога ќе ја земеме предвид вчерашната порака од нафтениот картел ОПЕК+. Членките на Организацијата на земјите извознички на нафта ќе ја намалат количината на испумпана нафта за 1,16 милиони барели дневно до крајот на годината. Веста уште еднаш ја издигна пазарната цена на суровата нафта WTI над границата од 80 долари за барел и ја направи задачата на централните банкари уште потешка.

Совети за инвеститорите
Централните банки остануваат на патот на затегнување на монетарната политика, но крајот на зголемувањето на каматните стапки изгледа дека е многу блиску. Инфлацијата покажува знаци на оладување, но проблемот останува упорно високата базична инфлација. Пазарот на труд е силен и економијата останува на територијата на раст и покрај турбуленциите. Како резултат на движењата во банкарскиот сектор, се интензивираа очекувањата на инвеститорите за непосредна промена на каматната политика.
Но, каматната политика стана многу непредвидлива. Оптимистичкото сценарио за пониски каматни стапки претставува значителен ризик за пазарите. Деловните прогнози за 2023 година остануваат оптимистички, но сценариото за заладување на економскиот раст и со тоа и пад на профитот не се зема предвид при вреднувањето на берзите. Со оглед на сите предизвици и очекувани промени, глобалните акции остануваат релативно скапи, и главно поради тоа остануваме малку повнимателни со инвестициите во акции отколку во претходните недели. Инвестициите во обврзници добиваат на сила во такво опкружување. Неопходно е да се задржи долгорочен пристап со периодично зголемување на инвестициите, што докажа дека во услови на поголема нестабилност и привремена неизвесност нуди добар одговор на инвестициските можности и дава најдобар резултат.
Диверзификацијата на портфолиото останува клучен двигател за одржување и зајакнување на заштедите. Комбинација од акциски фондови како што се Генерали Топ Брендови, Генерали Америка и паричниот фонд Генерали Кеш Депозит, ги нуди најдобрите решенија за сложениот коктел на актуелната политичка ситуација и економското опкружување. Тоа исто така носи одредени можности. Оние кои имаат поголема позиција во технологијата или одредени други сегменти во нивното портфолио можат да го искористат овој пораст за да ги реконструираат своите портфолија. Обврзниците ја имаа најлошата година (2022) во последните 50 години. Не веруваме дека тоа може да се повтори во 2023 година. За трпеливите инвеститори ова се моментите за почнување на градење на позиции како на берзата, така и на пазарот на обврзници, а резултатот ќе го донесат следните години.