Connect with us

македонија

Каков енергетски микс ѝ е потребен на Македонија?

Кризата ја забрза зелената трансформација

објавено

на

Инвестициите на државата во зелената енергетска трансформација се движат во три насоки, со што ќе се обезбеди национална енергетска независност, тврдат од Владата. Првата е поврзување и диверзификација на енергенси за државата. Како втор сегмент на инвестиции се обновливите извори на енергија. И трето, унапредување на дистрибутивната и преносната електроенергетска мрежа преку граничното поврзување со сите земји од регионот.

Актуелнава економска и енергетска  криза најдобро покажува колку е важен енергетскиот сектор за одржливиот раст и развој на една земја. Неизвесноста исклучително влијае врз снабдувањето и цените на енергијата, а сето тоа понатаму се прелева на останатите сфери од економијата и квалитетот на животот.  Високите цени на европските берзи, особено на унгарската берза HUPX и бугарската берза IBEX, кои имаат најголемо влијание за формирање на цените на електричната енергија и во Северна Македонија, придонесе  компаниите во нашата  земја да доживеат сериозен удар изминатата година. Притоа, тие изгубија и добар дел од конкурентноста во споредба со фирмите од соседните земји.

Се бараат брзи одговори, а енергетските проекти имаат подолг рок на реализација и не може да се спроведат „преку ноќ“.

Државата со своите мерки и интервенции успеа прилично да го амортизира енергетскиот ценовен шок минатата година, како што истакна премиерот Димитар Ковачевски на панелот посветен на енергетиката во рамки на неодамнешната конференција „Година на нови можности“.

„Лани одвоивме 750 милиони евра за антикризните мерки, и дел од нив се потрошија за субвенционирање на цената на струјата до 80%. Да не беше таа цената на електрична енергија за 600 илјади домаќинства ќе беше 5 пати повисока. Малите потрошувачи кои се на регулираниот пазар, ќе плаќаа 3 пати повисоки сметки за струја. Од тој аспект сметам дека кризата беше добро менаџирана, бидејќи сите увидовме дека ценовен шок нема и нема да има“, истакна Ковачевски на панелот.

Три децении заспаност во енергетиката го земаат својот данок

Колку е Македонија, всушност,  отпорна на енергетска криза на европскиот континент?

Македонија секогаш ќе ја дели судбината со остатокот од Европа во однос на снабдувањето со енергенси, со тоа што македонската економија многу повеќе ќе трпи при пораст на цените на енергенсите. Особено што, како што вели Златко Черепналкоски од компанијата за трговија и дистрибуција со електрична енергија ЕДС, кризата се наметна преку снабдувањето и цената на природниот гас каков што ресурс ние во државава немаме. Немаме ниту сирова нафта. За тие два енергенси Македонија е 100% зависна од увоз.

„Отпорноста се мери со можноста на увоз на овие енергенси кој увоз зависи од две променливи: дали енергенсот ликвидно се тргува на регионалните пазари кон кои Македонија гравитира (односно дали енергенсот воопшто го има да се купи), и во која мера цената на енергенсите ќе ја диктира потребата за увоз – односно до кое ценовно ниво нашите потрошувачи на природен гас се спремни да го купуваат гасот.“, објаснува Черепналковски, одговорен за развој и стратегија во ЕДС АД.

Енергетската криза во земјава се почувствува и посилно и поради фактот што државната компанија за производство на електрична енергија ЕСМ не успева со години веќе да произведе доволно електрична енергија, барем за регулираниот дел од пазарот на струја, како што велат експертите, наши соговорници на темава.

Повеќе од 30 години во самостојноста на Македонија не се водело доволно сметка за енергетската иднина на земјата, не се инвестирало во посериозни енергетски капацитети и реалноста сега е таа: во услови на нагло скокање на цените на струјата на европските берзи како што се случи во 2022, земјава потроши многу пари за увоз на енергијата која ѝ недостига, поради недоволните перформанси на производниот арсенал на ЕСМ.

Нашиот соговорник Черепналкоски, во својата анализа за Капитал вели дека на Македонија, со цел подобро да ги менаџира идните енергетски кризи, потребни ѝ се стратешки извори на базна енергија. „Тоа се извори со инсталиран капацитет од (во македонски услови) 600 – 800 MW кои ќе имаат обезбедено примарно гориво да работат помеѓу 6.000 и 7.500 часови во текот на годината.“, вели Черепналкоски. 

Претставници од владата, бизнисот, регулаторот и академската сфера дискутираа околу енергетската иднина на земјава на неодамна одржаната конференција во организација на Владата.

Зелена трансформација во три насоки

Но, што прави  Македонија прави за да има поизвесна енергетска иднина и да ја намали својата зависност од увозните енергенси, а не само да менаџира евентуални енергетски кризи?  

Премиерот Ковачевски на панелот наречен „Северна Македонија како зелен енергетски хаб- како да се претвори кризата во можност“, рече дека инвестициите на државата во зелената енергетска трансформација се движат во три насоки, со што ќе се обезбеди национална енергетска независност. Првата е поврзување и диверзификација на енергенси за државата. Македонија во моментов има само еден извор на гас, тоа е преку Бугарија, во тек е инвестиција на нов гасовод од Грција, како и уште еден гасовод од Бугарија.

„Базната енергија во Северна Македонија веќе 40 години се произведува доминантно од јаглен во РЕК Битола и  Осломеј. Со овие инвестиции во нови гасоводи, може да размислуваме за поставување на гасни централни како транзициско гориво.“, истакна Ковачевски.

Како втор сегмент на инвестиции премиерот ги посочи обновливите извори на енергија. Освен фотоволтаици, кои периодот се доминантна инвестиција и на компаниите, исто така се инвестира и во мали хидроцентарли, ветерни централи, како и централи на биогас.

„Минатата година се инсталирани обновливи извори на енергија од над 150 мегавати, што снабдува некаде околу 67.000 домаќинства со електрична енергија. Понатаму, Чебрен  е еден од клучните, историски проекти. 
Оваа година за прв пат после 14 неуспешни тендери, имаме понудувач којшто го помина првиот филтер. Се работи за грчката енергетска државна компанија ППС. Во моментов се вршат преговори, доколку тој понудувач ги исполни условите од тендерот и доколку се склучи договор со надлежните институции во државата, тогаш ќе може да отпочне изградбата на овој капитален проект. Тој капацитет од една страна ќе произведува базна енергија од хидропотенцијалот, а од друга страна ќе може да го користи вишокот од фотоволтаиците, електричната енергија за реверзибилно работење на самата централа“ рече Ковачевски на панелот.

Од клучна важност освен за економска независност, исто така и за економски напредок на земјата е третиот дел на инвестиции, потенцираше премиерот. 

Тие се однесуваат на  унапредување на дистрибутивната и преносната електроенергетска мрежа преку граничното поврзување со сите земји од регионот.

„Ние имаме добро поврзување со Србија, Грција и Бугарија. Со Албанија веќе работиме на инвестиција, а исто така во таа насока ќе треба да продолжиме со Косово и Црна Гора. Секако домаќинствата може и треба сами да произведуваат електрична енергија и затоа во текот на минатата година, ги поедноставивме сите процедури од аспект на правилници, законска регулатива. Ако претходно беа потребни до 30 дена за вадење на дозвола за градба на мала фотоволтаична централа на домаќинствата, сега е потребен само еден ден. Но, и тука треба унапредување на дистрибутивната мрежа на државниот дистрибутивен пренос, практично на ЕВН“, рече премиерот Ковачевски.

Моменталниот тренд на приватните инвеститори да градат пред се’ електрани на сончева енергија, може по одреден период да биде неисплатливо и да не одговара на потребите на системот и потрошувачката на пазaрот, предупредуваат соговорниците на Капитал на темава. Македонија треба да спроведе паметна стратегија и да се стимулираат инвестиции во обновливи извори кои евентуално би можеле да обезбедат базна енергија која е многу важна. Хидроелектрани, кои неоправдано се најдоа на удар како проект, потоа биогасни електрани, гасни, како и учество во некој регионален проект за нуклеарна електрана.

Јагма за фотоволтаици

Инвестициите во фотоволтаични системи станаа особено актуелна тема изминатата година, што беше и очекуван тренд кој следеше како одговор на енергетската криза која предизвика драматичен раст на цената на електричната енергија. Како што истакна претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски, само во 2022 година издале 267 лиценци за нови 150 мегавати обновливи извори, од коишто најмногу се за фотоволтаици, околу 105 мегавати.

„Трендот продолжува и во 2023, па така, во јануари имаме издадено околу 30 лиценци, а во моментов имаме над 150 барања што се процесираат. Очекуваме дека годинава ќе стигнеме до 250-300 мегавати само од обновливи извори, затоа што веќе се започнати неколку проекти во државава.“, рече Бислимовски, за време на конференцијата што ја спомнавме претходно во текстов.

Тој додаде дека инвестициите во фотоволтаици и обновливи извори треба да се поддржуваат, но од аспект на балансирање и одржување на системот знаат да прават проблеми. Фотоволтаиците и ветерните турбини произведуваат струја само кога има сонце и ветер и ако претераме со инсталирање на фотоволтаици, на пример, ќе се доведеме во ситуација да имаме огромна количина на енергија од сите електрани во ист момент, која ќе нема каде да ја пласираме.

„Тој огромен наплив на енергија би можел да доведе во тие моменти цената да дојде до 0, па самите инвеститори да немаат исплатливост на инвестицијата. Треба да бидеме свесни дека тоа што се случува кај нас се случува и во соседните земји. И тие градат капацитети од обновливи извори, па едноставно ќе нема каде да ја извеземе енергијата.“, рече Бислимовски.

За да се превенираат овие ситуации, потребно е да се предвиди инсталација на батерии што ќе ја акумулираат енергијата  во период кога таа нема да се дистрибуира. Државата веќе реагираше во оваа насока, и од  годинава оние кои што ќе градат фотоволтаични централи најверојатно ќе мора да инсталираат и батерии со цел да се балансира снабдувањето со електрична енергија. Според најавите, таквата обврска ќе биде од 10 – 20 отсто од инсталираниот капацитет на фотоволтаичната централа, што ќе доведе и до зголемување на инвестицијата за околу 20 до 30 отсто. Сепак, таквите трошоци би можеле да се намалат со фондови кои ги има Европската комисија за таа намена и за кои се верува дека ќе важат и за нашата земја.

Повеќе од 30 години во самостојноста на Македонија не се водело доволно сметка за енергетската иднина на земјата, не се инвестирало во посериозни енергетски капацитети и реалноста сега е таа: во услови на нагло скокање на цените на струјата на европските берзи како што се случи во 2022, земјава потроши многу пари за увоз на енергијата која ѝ недостига, поради недоволните перформанси на производниот арсенал на ЕСМ.
Фото: РЕК Битола, термоелектрана на јаглен изградена пред повеќе од 40 години.

Обновливи извори, да, но од сите видови

Втора работа што треба да се направи е форсирање на стратегија за диверзифицирано инвестирање во обновливи извори, а не само во фотоволтаици. Ова периодов во повеќе наврати го истакна проф. Кочо Анѓушев, претседател на Македонската енергетска асоцијација при Стопанската комора и стопанственик со долгогодишно искуство во инвестирањето во обновливи извори.

„Потребно е да се инсталираат капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори од сите видови и типови. Тоа е затоа што секој од типовите на обновливи извори има различен квалитет и квантитет на производството на електрична енергија, во зависност од времето во денот, но и годишниот период.“, вели Анѓушев во интервјуто за Капитал.

На пример , електраните на биогас и биомаса, се некој вид на електрани кои обезбедуваат стабилна енергија 24 часа дневно, седум дена во неделата, 365 дена во годината и може да се каже дека квалитетот кај нив е највисок, како што објаснува Анѓушев.

Потоа следуваат хидроелектраните, бидејќи нивото на водите може да се предвиди на подолг рок или ако се поголеми акумулации, може полесно да се контролира. Потоа се ветерните електрани, кои вообичаено се градат на места каде има повеќе ветер, исто така може да се предвиди нивното производство полесно, а најнизок квалитет имаат соларните електрани или фотоволтаиците, како што ги нарекуваме. Тие произведуваат најмногу од март до октомври и нивното производство е врзано со сонцето, ако се земе во просек 80% од нивното производство ќе биде во 20% од времето во годината.

„Само баланс помеѓу различни видови на енергија е решение. Доколку тој баланс не се воспостави, тогаш ќе се соочиме со поголем проблем отколку што ова би било решение.“, предупредува Анѓушев.

Тој вели дека е за поздравување што батериите како системи за складирање се веќе дел од Законот за енергетика и тука мора што побрзо да се завршат подзаконските акти за да се опфатат сите аспекти поврзани со батериите.

„Тоа го велам бидејќи веќе наредното лето би можеле да се соочиме со првите проблеми и доколку не ги решаваме навремено и тие ќе продолжат да растат.“

Анѓушев наведува  три типа на батерии за складирање на електрична енергија: првите да бидат дел од електрана која произведува и во нив да се складираат вишоци на електрична енергија;  вторите да бидат во рамки на индустриски капацитети кои имаат сопствени обновливи извор, најчесто се тоа фотоволтаици, па да ги користат за свои потреби и кога имаат потреба; и третите би биле потполно независни батериски системи, кај кои, оние производители кои се помали и немаат капацитет да развијат сопствени, би ја складирале енергијата.

економија20 часа ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up6 дена ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании6 дена ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион6 дена ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

македонија6 дена ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите

македонија6 дена ago

Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФсо младинска кампања за безбеден интернет

интервју6 дена ago

Горан Паунов: Лидери сме на пазарот за фотоволтаични  решенија по системот “клуч на рака“

економија6 дена ago

Компанијата Пантелеон ГС расте брзо, но и враќа кон заедницата

економија6 дена ago

Владата ќе „гони“ залетани трговци

интервју6 дена ago

Иван Штериев: Берзата може да се вклучи и во сегментот на пазарот на државни хартии од вредност

интервју6 дена ago

Горан Паунов: Лидери сме на пазарот за фотоволтаични  решенија по системот “клуч на рака“

интервју6 дена ago

Иван Штериев: Берзата може да се вклучи и во сегментот на пазарот на државни хартии од вредност

економија6 дена ago

Компанијата Пантелеон ГС расте брзо, но и враќа кон заедницата

македонија6 дена ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите

економија6 дена ago

Владата ќе „гони“ залетани трговци

македонија6 дена ago

Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФсо младинска кампања за безбеден интернет

регион6 дена ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

свет6 дена ago

Како Тесла и Кинезите им го украдоа шоуто на германските брендови

технологии / компании6 дена ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

start up6 дена ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор