Connect with us

start up

Како веб апликацијата Lista стигна до инвестиција од Акцелераторот УКИМ

објавено

на

На пазарот се’ уште не постои алатка за брзо и евтино дизајнирање на продукт слики без дизајн способности. Lista е веб апликација креирана од стартапот Brander на Славе Ангелов,  која потекна од лоцирањето на тој недостаток на пазарот и неодамна доби понуда за инвестиција од Акцелераторот УКИМ. Со менторската поддршка што ја обезбеди Акцелераторот УКИМ, преку интерниот тим експерти и надворешните соработници – предавачи на акцелераторската програма, како и со првиот дел од инвестицијата од 25,000 од вкупно 100,000 евра, Lista е на пат до лансирање на своја бета верзија и тестирање на истата пред потенцијални клиенти.

Во 2021 Amazon.com достигна повеќе од 10 милиони регистрирани продавачи. Статистички, од сите регистрирани продавачи, само 2% успеваат да направат поврат на инвестицијата, а тоа обично се аквизициски е-комерц компании и познати светски компании со голем капитал. Сепак најголема конкуренција на овој пазар е самиот Amazon, кој откупува успешни мали бизниси или лансира производи со кои станува директна конкуренција на свој терен, на пазар чии правила го диктира самостојно и пресметано.

Ова принудува околу 9,8 милиони брендови, најчесто нови Amazon претприемачи кои брзо го горат својот почетен капитал, да бараат креативни и евтини начини за подобрување на конверзијата на нивните производи. Еден од тие начини е преку дизајн оптимизација на нивните продукт листинзи. Квалитетно дизајнираните продукт листинзи им помагаат на посетителите да го разберат производот, да се уверат во неговиот квалитет и уникатни карактеристики и да убедат луѓе дека на брендот може да му се верува. Со други зборови, добро дизајнираните листинзи од страна на дизајн агенции, од посетителите прават купувачи.

Идејата за оваа веб апликација потекна од шестгодишното искуство на Brander и Fliprise агенциите во работа со Amazon клиенти, анализирајќи ги нивните најголеми тешкотии во работењето, како и потенцијалот за намалување на нивните трошоци. При тестирањето на прототипот од апликацијата, 4 од 5 потенцијални корисници, виртуелни асистенти, побараа годишна претплата.

Агенциски дизајнираните листинзи исто така чинат многу пари, па не се опција за малите играчи на пазарот. Дизајн агенциите како Fliprise, кои ја имаат откриено Amazon формулата за успешна конверзија работат со поголеми аквизициски клиенти, а на пазарот се уште не постои алатка за брзо и евтино дизајнирање на продукт слики без дизајн способности.

Lista е веб апликација која потекна од лоцирањето на тој недостаток на пазарот и неодамна доби понуда за инвестиција од Акцелераторот УКИМ.

„Со неа продавачите и нивните виртуелни асистенти брзо и бесплатно можат да генерираат дизајнирани слики за нивните производи без да имаат дизајн вештини, користејќи темплејти во кои тие само внесуваат информации за производите како и фотографии од нив, а платформата истите ги конвертира во готови продукт слики спремни за користење, со можност за директна интеграција на Amazon. Дополнително, преку Lista тие ќе можат да се поврзат и со дизајнери, маркетери, копирајтери и други понудувачи на услуги кои се специјализираат во секакви Amazon услуги.“, објаснува Славе Ангелов, основач на стартапот Brander и креатор на апликацијата Lista.

Идеја добиена од искуството со Amazon клиенти

Идејата за оваа веб апликација потекна од шестгодишното искуство на Brander и Fliprise агенциите во работа со Amazon клиенти, анализирајќи ги нивните најголеми тешкотии во работењето, како и потенцијалот за намалување на нивните трошоци. При тестирањето на прототипот од апликацијата, 4 од 5 потенцијални корисници, виртуелни асистенти, побараа годишна претплата.

„Тие не беа единствени што го препознаа потенцијалот на Lista. Истиот потенцијал го препозна и Акцелераторот УКИМ, кој неодамна ја вклучи во неговата акцелераторска програма за стартапи, преку која Lista од прототип прерасна во финансиран план за акција, со своја маркетинг и продажна стратегија, петгодишна финансиска проекција и непробоен инвестициски pitch.“, додава Ангелов.

Со менторската поддршка што ја обезбеди Акцелераторот УКИМ, преку интерниот тим експерти и надворешните соработници – предавачи на акцелераторската програма, како и со првиот дел од инвестицијата од 25,000 од вкупно 100,000 евра, Lista е на пат до лансирање на своја бета верзија и тестирање на истата пред потенцијални клиенти.

Акцелераторот УКИМ ги претстави првите паметни инвестиции

Акцелераторот УКИМ во соработка со програмата Star Venture на ЕБОР ја спроведе Акцелераторската Програма Есен  2021 година (AПA2021), во која се вклучија реномирани локални, регионални и глобални експерти, а четири глобални успешни стартапи ги споделија своите приказни, успеси и неуспеси.

Како резултат на програмата АПА2021, ги претставивме првите паметни инвестиции во решението Lista и во играта SciGirl: The Internship, и очекуваме да инвестираме уште во неколку стартапи од учесниците во АПА2021, изјави тимот на Акцелераторот УКИМ: Александар Стамболиев, Нина Атанасовска и Перица Врбоски.

„Експертите со своето разновидно искуство и знаење обезбедија вредни перспективи за усовршување на учесниците во АПА2021 и ги подготвија за инвестирање и освојување на пазарот. Како резултат на оваа програма, Акцелераторот УКИМ ги претстави првите паметни инвестиции во решението Lista и во играта SciGirl: The Internship, и очекува да инвестира уште во неколку стартапи од учесниците во АПА2021“, истакна Александар Стамболиев, директор на Акцелератор УКИМ.

Ангелов од Brander смета дека во Северна Македонија се’ уште има мал број можности за добивање на стартап инвестиции, а тие што постојат обично се со многу помало ниво на почетна инвестиција споредбено со другите европски земји.

„Сепак, споредбено со истите тие земји, ние воопшто не заостануваме во поглед на квалитет и иновативни решенија, што беше заклучок на ЕБОР при анализирање на податоците собрани од нивните програми на Западен Балкан. Очигледна е потребата од носење на странски инвеститори и подобрување на домашната легислатива за ангел-инвеститори, како би се создале подобри услови и можности за создавање успешни стартап приказни, од кои бенефит би имале сите чинители во процесот.“

банки21 час ago

Комерцијална одржа акционерско собрание, утврдена дивиденда од 500 денари по акција

македонија1 ден ago

Како неконтролираното кредитирање на населението се рефлектира на економијата

економија2 дена ago

Македонската берза им објасни на компаниите дека може да се финансираат и преку котација

банки2 дена ago

Со златните монети од УНИБанка купуваме дел од историјата, а ја осигуруваме иднината!

македонија3 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

македонија3 дена ago

РЕС ќе почне да снабдува државни и локални институции со поевтина струја

економија5 дена ago

РЕС одбележува една година постоење – компанијата донесе најповолно снабдување со електрична енергија среде енергетската криза

банки6 дена ago

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

македонија6 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

економија7 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

економија7 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

свет1 недела ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

економија1 недела ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

македонија6 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

македонија1 недела ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

македонија1 недела ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

банки1 недела ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

економија1 недела ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

економија7 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

македонија3 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје