Connect with us

свет

Како во Јапонија се поддржуваат малите и средни претпријатија

Менторство

објавено

на

Кога станува збор за управување со компанија, стапката на успех драстично се зголемува кога освен искуството се користи и теорија. Многу е важно да запрете за момент, „објективно да погледнете во вашата компанија“, „да ја интегрирате теоријата во организацијата на вашата компанија“ и на тој начин можете појасно да го видите патот кон иднината. За да се реализира ова, се спроведуваат различни мерки за поддршка на МСП. Заедничко нешто за сите мерки  е потребата од “дијагностицирање на компанијата”.

Такаши Кимура
Чине Кога

консултанти на JICA
Јапонска агенција за меѓународна соработка

Во Јапонија, 99,7% од сите компании се мали и средни претпријатија (МСП), додека 70% од сите вработени во економијата работат во секторот на МСП. Токму затоа што бројот на вработени сочинува огромно мнозинство во споредба со големите компании, МСП се сметаат за извор на економската динамика. Од нив се очекува да бидат играчи кои ги исполнуваат потребите на повеќето пазари,  да создаваат нови пазари со цел да ја активираат конкуренцијата на пазарот и да ја играат улогата на стимулатори на метаболизмот на економијата.
Покрај тоа, МСП имаат предност кога станува збор за диверзификацијата и индивидуализацијата на потребите на потрошувачите, затоа што тие се поагилни и пофлексибилни во споредба со големите компании.

Од друга страна, сопствениците на МСП немаат со кого да се консултираат, па управуваат со компанијата врз основа на сопствените искуства и честопати не знаат што да прават кога се во застој, заглавени во некој проблем или пак, не гледаат што може да се случи во иднина.

Кога станува збор за управување со компанија, стапката на успех драстично се зголемува кога освен искуството се користи и теорија. Многу е важно да запрете за момент, „објективно да погледнете во вашата компанија“, „да ја интегрирате теоријата во организацијата на вашата компанија“ и на тој начин можете појасно да го видите патот кон иднината.

За да се реализира ова, се спроведуваат различни мерки за поддршка на МСП. Заедничко нешто за сите мерки  е потребата од “дијагностицирање на компанијата”. Лице со широк спектар на знаења за управување со бизнисот треба сеопфатно да ја разгледа моменталната состојба на компанијата, да одлучи кој сегмент на бизнисот треба да се зајакне или подобри и со давање соодветни совети да ги пренасочи сопствениците/менаџерите. Менторството, односно систематското дијагностицирање на компаниите, е олицетворено во заеднички проект на Јапонија, поточно тамошната Агенција за меѓународна соработка (JICA) и земјите од Западен Балкан (Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора) наречен „Проект за воспоставување и унапредување на менторски услуги за малите и средни претпријатија во Западен Балкан –  фаза 2“.

Менторството е нефинансиска поддршка од 25 часа за новоформирани компании (до 3 години од основањето) и 50 часа за зрели компании (над 3 години од основањето), којашто по ориентацијата вклучува 1) собирање на информации, 2) анализа, 3) предлог акционен план, 4) поддршка во реализацијата на акциониот план и 5) ревизија. Лицата кои обезбедуваат менторски услуги се нарекуваат „ментори“ и тие покрај теоретската обука од 7 модули, поминуваат и низ практичниот дел од обуката во самата компанија.

Пример на јапонското менторство

Суштината на менаџментот е иста без оглед на земјата, големината на компанијата или видот на економијата. Затоа, менторството може да се примени за било која компанија без оглед на нејзината големина или индустрија. Токму затоа и од македонската Агенција за поддршка на претприемништвото решиле да ја прифатат понудата од јапонската агенција JICA за помош во областа на менторството за МСП, односно обучување и на консултанти што подоцна ќе можат самостојно да вршат менторство според јапонските принципи.

Постојат многу различни форми на поддршка на  управувањето што се случуваат во Јапонија. Длабочината на врската со компанијата и должината на времето се разликуваат, но основата е дека поддршката се обезбедува со помош на менторски чекори и знаење. Сега сакаме да ви ги претставиме активностите на менторите за поддршка на јапонските мали и средни претпријатија.

  • Придонес кон напредокот на компанијата: Услуга на консалтинг за менаџмент при државните институции

Постојат многу стопански комори и институции во регионот за пружање  помош на малите и средни претпријатија. Повеќето институции имаат воспоставено „консултантски услуги за менаџмент“ каде што  даваат совети во врска со општото управување. Малите и средни претпријатија секогаш можат да ја посетат институцијата и да добијат совети. Исто така, има и такви каде се  добиваат совети само еднаш, но и оние каде совет може да се добие постојано, многу пати. Основата врз која делува советникот (менторот) е собирање на информации за менторството, анализа, подготовка на акционен план, негова реализација. Едноставна дијагностика  на компанијата може да доведе до помош што оди малку подлабоко и се поврзува со други услуги, па може да доведе и до запознавање со експертите. Услугата на  консалтинг за  менаџмент ја има улогата  да се среди почетната состојба.

Голем број на компании што барале совет на крајот од консултацијата имаат задоволен израз на лицето. Тие успеале да го видат она што самите не можеле да го воочат што е тоа што треба да направат, што доведува до поголема мотивација. Колку е поактивна компанијата, толку почесто ќе користи услуги и тоа ќе биде основа за нејзиниот понатамошен напредок.

  • Придонес кон подобрување на квалитетот на менаџментот: консултации за компании што се борат со административни системи за соодветни признанија

Во зависност од системот, се обезбедуваат различни услуги, но градот Јокохама на пример, им дава признание на компаниите кои се посветени на корпоративната општествена одговорност. За да се добие оваа потврда за придонесот на компанијата во општеството, таа се проценува врз основа на 10 ставки како што се даноци, вработување, заштита на животната средина, однос кон потрошувачите, итн. Признатите компании добиваат, покрај можност за кредити со пониски камати, предност на тендери за јавни набавки, итн. и т.н. маркичка  за признание. Оваа маркичка или жиг,  ѝ  носи на компанијата привлечен  атрибут „Признат во Јокохама“ и придонесува кон мотивацијата. За да се добие ова признание, мора да се изврши ревизија за тоа дали компанијата работи правилно, т.е. дали е внатрешно организирана за да доведе до резултати  што се погодни за признание. Менторите даваат совети за тоа како да го организирате системот во рамките на компанијата. Голем број на МСП имаат нејасна структура и системот во компанијата не е изграден. Заради ова признание, системот на компанијата се воспоставува и се подига за едно ниво со документирање на нематеријалниот капитал на компанијата (know – how,  процедури и сл.) и внатрешна организација на компанијата. Така, компанијата може да го подобри својот квалитет. Од компаниите кои навистина ја искористија оваа услуга, слушаме „Успеавме да се организираме внатрешно и на тој начин да се подготвиме за пренесување на бизнисот на нашите деца“ или пак „Досега некако ја теравме работата, но сега го изградивме системот“. И овде, исто така, неопходно е да се соберат информации, да се набљудува компанијата во поширока перспектива, да се направат нацрт деловни планови за иднината, да се систематизираат финансиите, работната сила и слично, што претставува основа за менторство. На овој начин, се  придонесува за подигнување на квалитетот на компанијата.

  • Придонес кон јакнење на економијата: Упатства за соработка со банките околу менаџментот на компаниите загрижени за отплата на кредитите

Банките и институциите  за помош на МСП се поврзани, и постои шема за подобрување на отплатата на кредитите со помош на упатства за менаџмент од страна на експерт за управување (ментор), испратен од страна на институција за помош на МСП, кај оние компании  што имаат проблеми со исплатата на кредити во  банка. Овде, деловен експерт прво ја дијагностицира компанијата. Во компаниите со лошо управување има акумулирано неколку проблематични точки поради коишто менаџментот паѓа во криза, па така  во фазата на правење на нацрт план за акција, ќе испливаат бројни нешта што треба да се одработат. Со поставување приоритети, преку поддршка до точката каде тие самите ќе ги спроведат активностите, можете пополека да ја водите компанијата кон здрав менаџмент.

Еве еден пример: се работеше за поддршка на една фирма за хемиско чистење, која го прошируваше бројот на експозитури. Сослушувањето на сопственикот и вработените во фирмата откри несогласување околу тоа што сопственикот смета дека е проблемот и што вработените сметаат дека е проблемот, за да се сфати всушност дека вистинскиот проблем е на лице место во продавницата. Тешко е да се идентификува сржта  на проблемот само од гледна точка на сопствената компанија. Ефикасно подобрување на менаџментот е  можно со вешто користење на надворешна помош. Постепена акумулација  на подобрувања во бројни компании кои страдаат од лош менаџмент доведува до зајакнување на целата економија.

Примери на менторства во други земји

Во целиот свет се смета дека развојот на секторот на МСП е основа за развој на економијата на една земја и затоа се преземаат различни мерки за нивна поддршка. Од една страна, се разгледува финансиската поддршка на секторот на МСП, додека во исто време е неопходно да се подобри деловниот модел фокусиран на зајакнување на капацитетот за управување на менаџерите на компанијата. Системот за поддршка на работењето ( менторство) од страна на јавните институции којшто е воспоставен во Јапонија, го привлекува вниманието како едно од решенијата и затоа го воведоа многу земји во Азија, Африка, Јужна Америка, Централна Азија и Европа. Што се однесува до земјите од регионов, последниве години во Молдавија се воспоставени 11 мрежи за деловна инкубација, а како дел од таа услуга, започнати се консултации за локалните претприемачи од  МСП. Повеќето од нив се микро претпријатија кои претежно се занимаваат со земјоделство, но со финансиска помош се додаваат и  насоки за управување со компанијата со цел да се олесни покренувањето  на бизнисот и да се поттикне неговиот развој. Иако во руралните средини основачите се претежно млади луѓе, недостатокот на финансиски средства, како и недостигот на луѓе со кои можат да се консултираат за водење бизнис, се пречки за почнување на бизнис. Одделението за советување на МСП  има над 1000 посети годишно, што е добар показател дека на локалните претприемачи и менаџерите на МСП им е потребна советодавна услуга за тоа како да ја водат својата компанија.

Моето искуство како личност која се занимава со поддршка на МСП покажува дека компаниите кои се отворени за соработка, прифаќаат помош од јавни институции и се активни во неговата имплементација, напредуваат повеќе. Од 2013 година, за време на проектот, посетивме голем број МСП во Западен Балкан и верувам дека предизвиците за малите и средни претпријатија во Јапонија и другите земји се заеднички. Ако продолжиме да ги обучуваме менторите и да ги прошириме менторските услуги во овој регион, сигурен сум дека МСП ќе станат поактивни и со тоа ќе имаат големо влијание врз развојот на економијата на Западен Балкан.

Помош  и за македонските мали  и средни компании со јапонска методологија – менторство

Агенцијата за поддршка на претприемништво на Република Северна Македонија (АППРСМ) веќе трета година по ред го објавува Јавниот повик за имплементација на стандардизирани менторски услуги за мали и средни претпријатија (МСП)  со цел да обезбеди бесплатна и техничка поддршка за сеопфатен развој и подобри резултати на деловите субјекти на Северна Македонија.

Годинешниот јавен повик е отворен од 19 Мај до 19 Јуни 2020 година, а заинтересираните деловни субјекти – мали и средни претпријатија ќе имаат на располагање стручно лице – ментор кој ќе работи директно со сопственикот / законскиот застапник / управителот на компанијата за одреден број часови (50 часа по корисник).

Стандардизираните менторски услуги за МСП се спроведуваат преку овластени ментори, кои се вработени или работно ангажирани од страна на надлежните регионални центри за развој на малите и средни претпријатија, кои се дел од институционалната мрежа за поддршка на претприемништвото и малите и средни претпријатија во Република Северна Македонија.

Стандардизираните менторски услуги за МСП се бесплатни и се темелат на Методологијата развиена во соработка со Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA).

Јапонија издава државен сертификат – „Експерт за дијагностицирање на малите и средни претпријатија“ и им дава поддршка на сопствените МСП преку менторите кои поседуваат ваков сертификат. Во изминатите две  години во државава  42 компании минаа низ процесот на менторство за МСП и добија поддршка од јапонските експерти, а во меѓувреме и 12 ментори од Северна Македонија беа обучени и го добија истиот сертификат – овластување за работа како ментори од тимот на JICA. Во моментот, во процес на обука се дополнителни 7 ментори. Одржливост на системот се обезбедува и со постојано унапредување на вештините на менторите, кои покрај основната обука за ментори, имаат можност да разменуваат искуства преку учество на средби на сите ментори, обука на обучувачи, практични обуки на лице место, менторски награди, специјализирани обуки (интернационализација, КАИЗЕН) од врвни јапонски експерти и друго.

Continue Reading
економија7 дена ago

Нема да треба да се оди до Врање, Лидл ќе отвори маркети во Македонија

економија6 дена ago

Алексова, ТУК: Неповратна финансиска помош за спас на туризмот и угостителството

економија5 дена ago

Помала премија за речиси 5% или 8,5 милиони евра во 2020

банки6 дена ago

Fitch Rating повторно го потврди кредитниот рејтинг на ПроКредит Банка на “БББ-“

македонија5 дена ago

Опасниот вирус на лагите е сојузник на Ковид – 19

менаџмент / маркетинг5 дена ago

Управување со ликвидноста и cash gap

економија5 дена ago

Властите задоволни од ефектот на антикризните мерки, бизнисот бара уште

технологии / компании1 ден ago

ПроКредит Банка прва банка во земјата со 70% електричен возен парк

македонија5 дена ago

Амбициозен инвестициски план: ќе бидат вложени преку 105 милиони евра во нови маркети и други содржини

свет5 дена ago

Како еден град станува паметен?