Connect with us

менаџмент / маркетинг

Како да ги демотивирате вработените и избркате најдобрите

Анти – упатство за раководители

објавено

на

Основните техники се: потценување, микроменаџирање, критикување пред голем број луѓе, постојана критика, немање никаков или постоење на лош систем на награди, неможност за спроведување позитивни промени, нулта толеранција за грешки, непрецизно дефинирани задачи што ги менувате во трк, итн., итн.

Постојат различни техники со кои можете да ги демотивирате вработените. Има талентирани раководители  на кои тоа им е вродено и лесно. На другите им треба повеќе време и труд. Следејќи ги овие упатства, сигурно ќе успеете. Не се сите луѓе исти или подеднакво издржливи, но ако сте доволно упорни, ќе ја постигнете целта 99 проценти од случаите. Некои се одлични во демотивација без воопшто да се свесни за тоа. Згора на тоа, тие мислат дека се однесуваат сосема спротивно. Можеби овој текст ќе ги освести. Многумина менаџери за некои работи стануваат свесни дури по подолго време, некои пак никогаш.

Постои опасност некој да забележи таквото однесување и да го поврзе со оштетување на компанијата во вид на лоши перформанси, неостварување резултати, висока стапка на флуктуација на вработени и поврзани дополнителни трошоци, заминување на најдобрите… Со малку дискреција, со техниките за префрлање на вината, особено ако вашиот претпоставен не посветува внимание на оваа тема или нема сензибилитет  за неа, можете да избегнете лоши последици за вас или барем да ги одложите за подолго време.

Основни техники

Основните техники се (често се преклопуваат): потценување, микроменаџмент, критикување пред голем број луѓе, постојана критика, немање никаков или постоење на лош систем на награди, неможност за спроведување позитивни промени, нулта толеранција за грешки, непрецизно дефинирани задачи што ги менувате во трк.

За да се демотивираат оние со најдобри резултати (ова да се комбинира со основните техники) особено добро функционира: секогаш оптоварувајте ги истите луѓе, давајте им здодевни задачи, намалете ги привилегиите, особено кога нема сериозна причина да го направите тоа, земете ги заслугите за она што го направиле други, наградувајте и унапредувајте ги  оние кои не го заслужуваат тоа, доцнете во донесувањето и спроведувањето на одлуките.

Потценувањето или обезвреднувањето има многу варијанти и може да се изрази на различни начини. Содржано е во повеќето други техники. Неопходно е во што повеќе ситуации или барем оние битни за личноста и другите околу неа, да покажувате  дека не  вреди многу. Понекогаш е доволно само да одмавнете  со раката или да ги превртите очите. Колку сте повисоко позиционирани, толку помалку ви треба; понекогаш е доволно игнорирање. Шефовите, особено големите, сите ги гледаат и со задоволство ги копираат. Кога сте претседател на управниот одбор, вашите зборови и постапки имаат посебна тежина, па можете и попатно да потценувате; можеби тоа и го правите, а да не сте свесни.

Потценувањето или обезвреднувањето има многу варијанти и може да се изрази на различни начини. Содржано е во повеќето други техники. Неопходно е во што повеќе ситуации или барем оние битни за личноста и другите околу неа, да покажувате  дека не  вреди многу. Понекогаш е доволно само да одмавнете  со раката или да ги превртите очите. Колку сте повисоко позиционирани, толку помалку ви треба; понекогаш е доволно игнорирање.

Со микроменаџирањето нема утка

Микроменаџирањето  е вообичаена техника, своевидно потценување (не само тоа) кое не боде очи толку. Колку е постручно и повеќе платено лицето со кое микроменаџирате, дотолку е подобра фората. Да му платите многу на професионалец и потоа детално да му кажувате што да прави и како да го прави тоа е ефикасен начин за трошење на парите на акционерите. Сепак, треба да внимавате претпоставениот да не ве праша кога ќе ја завршите вашата работа (за која обично сте многу повеќе платени) ако ја работите и туѓата. Можете да го оправдате ова со вашето чувство за одговорност и фактот дека луѓето лошо ја вршат својата работа. Ако знаете многу малку или ништо за некоја струка, специјалистите кои го посветиле својот живот на таа тема особено добро ќе реагираат на вашите сугестии или наредби.

Со еден удар убивате две муви: ја потценувате и личноста и професијата. Некои области се особено погодни, на пример сите типови дизајни, но не треба да се двоумите кога станува збор и за целосно егзактни работи. Ако сакате да останете во безбедната зона, поправајте ги ирелевантните детали. Микроменаџментот е една од техниките што многу луѓе ја практикуваат без да бидат свесни за тоа. Постои посебен психолошки профил кој се приклонува кон оваа техника, но често има и такви кои интимно се грижат само за резултатите, кои се грижат за сите детали, чувствуваат голема одговорност и понекогаш се гордеат со тоа. Има и друга група, оние кои теоретски знаат сѐ за тоа, читаат книги за микроменаџмент, но не забележуваат дека самите го спроведуваат.

Демотивирање на најдобрите

Дури и вработените кои добро реагираат на критиките или се отпорни на тоа, не сакаат кога им ја давате пред другите. Честопати критикувајте ги пред што е можно повеќе луѓе и повеќето од нив ќе попуштат, а сигурно ќе се најде во групата и колега  што  ќе ви помогне во тоа. Постојаната критика, дури и да не е јавна, е голем демотиватор. Комбинирајте ја со отсуство  на пофалби и награди. Основната работа е да не ги наградувате вработените или лошо да ги наградувате, финансиски и нефинансиски.

Ова е особено добар пристап за демотивирање на оние со врвни резултати. Нив повеќе од останатите ги иритира кога се работи лошо  и кога нема можност тоа да се промени.  Кога лошите работи не се поправаат долго време, одговорните и амбициозните почнуваат да се чувствуваат лошо. Добро е да најавите позитивни промени, да им дадете надеж дека ќе се случат, а потоа да не го направите тоа. Повторете го ова неколку пати и некои вработени ќе почнат да зборуваат за тоа надвор од компанијата, па така ќе спречите доаѓање на нови, квалитетни и надежни кадри.

Каде ќе стигнеме ако ги толерираме грешките? Постојано барајте ги и реагирајте на секоја од нив. Наскоро сите ќе сфатат дека е подобро да не прават ништо, особено нешто ново или да предлагаат подобрувања. Не ги слушајте оние кои велат дека добар шеф бара добро направени работи за да ги пофали. Уште подобро е да давате непрецизни задачи. Ова им овозможува на луѓето да трошат време, да размислуваат за тоа што сте сакале, да работат и да се обидуваат, а вие секогаш имате простор да кажете дека тоа не е добро, дека не разбираат што е потребно и да им дадете да го направат тоа повторно. Се разбира, ако го правите тоа пред други, тоа е уште поефикасно.

Можете исто така да ги оставите да работат некое време, а потоа малку да ја промените задачата. Колку повеќе одработат и колку повеќе време потрошат до промена на насоката, толку подобро,  како што е и поефикасно кога тоа го правите често.

Да се ​​вратиме на најдобрите. Ако некој невнимателно покаже дека знае, а може тоа да се случи, секогаш давајте му ги тешките задачи. Може да се работи и за група на надежни. Во основа, важно е тешките работи да ги прават исти луѓе. Не ги оптоварувајте оние кои не сакаат да работат или не сакаат да научат нешто ново, ќе се измачувате себеси и нив. Има тврдоглави луѓе кои со години покорно прават сѐ и за другите, но со упорност ќе ги победите и демотивирате. Досадните задачи се одличен избор за амбициозните и креативните. Ова не е тешко бидејќи работата често се состои од рутински работи. Ако се појави нешто интересно, се разбира, тоа дајте им го на оние што сакаат да работат само нешто познато.

Дури и вработените кои добро реагираат на критиките или се отпорни на тоа, не сакаат кога им ја давате пред другите. Честопати критикувајте ги пред што е можно повеќе луѓе и повеќето од нив ќе попуштат, а сигурно ќе се најде во групата и колега  што  ќе ви помогне во тоа. Постојаната критика, дури и да не е јавна, е голем демотиватор. Комбинирајте ја со отсуство  на пофалби и награди. Основната работа е да не ги наградувате вработените или лошо да ги наградувате, финансиски и нефинансиски.

Намалување на бенефициите е одличен демотиватор

Намалувањето на бенефициите  е секогаш одличен демотиватор. Малку е послаб кога ќе разберат дека приликите се такви па се мора, но ако го правите тоа кога не е потребно, тогаш е навистина одлично. Засилете го со слаба комуникација. Кога ќе ги намалите придобивките без добро објаснување, тоа исто така функционира одлично. Од видовите намалени привилегии, најдобри се големите финансиски кратења, а потоа и малите заштеди на работи кои се важни за вработените, но малку заштедуваат за компанијата.

Не е важно кој на што се сетил и што направил. Важно е кој му е надреден. Не кажувајте им на другите кој што направил добро, покажете го тоа како ваша заслуга. Подредените полека ќе го губат својот елан, а вие ќе ја избегнете потенцијално непријатната ситуација вашиот претпоставен да мисли дека некој друг вреди повеќе од вас.

Кога сте завршиле добра работа и не сте ги пофалиле и наградиле оние кои тоа го заслужуваат, можете да им го зададете последниот удар со унапредување на други. Изберете ги оние кои не знаат да работат, а ви се драги и секогаш добро зборуваат за вас или оние кои дошле на работа преку врска, а работните задачи ги извршуваат просечно или слабо.

Одолговлекувајте, па потоа притискајте со рокови

Кога треба да се донесе одлука, особено онаа што ја чекаат неколку луѓе за да продолжат да работат, вие одолговлекувајте. Вашата професионални и лични обврски имаат приоритет. Тоа што можеби работеле со денови и сега само чекаат потврда за да продолжат, не е важно. Нема да знаат дали треба да чекаат или да почнат да прават нешто друго. Колку подолго чекаат, толку е поголема фрустрацијата, особено ако им кажете дека тоа е итно. Добро функционира и кога после вашето одолговлекување, ги притискате со рокови. Слична варијанта е кога инсистирате нешто да се заврши брзо, а потоа не го користите тоа или го спроведувате со долго задоцнување. Како што можете да видите, постојат многу начини, а не се наведени сите. На пример, ни случајно не ги објаснувајте вашите визии, не инспирирајте или давајте дополнително значење на работата со повисока цел.

Се чини дека е полесно и е потребно помалку текст кога демотивирачките однесувања се претставени во ваква форма. Можеби е полесно се памети. Многу менаџери се однесуваат на некои од наведените начини не затоа што се злобни, туку затоа што не се свесни за тоа или не ја забележуваат штетата што ја прават.

И бидете внимателни, ако го правите спротивното од овие совети, големи се шансите да имате високо мотивирани, задоволни вработени и средина која е добра основа за постигнување цели и постигнување врвни резултати.

економија5 часа ago

Утре се одржува конференција за млади претприемачи и жени во претприемништвото во организација на ПроКредит Банка и ЕБОР

македонија4 дена ago

Цените на становите допрва уште ќе растат, побарувачката не стивнува, а трошоците се зголемени: заклучоци од втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

економија4 дена ago

Со АмЧам на тема: Предизвици во спроведувањето на заштита на правата на интелектуална сопственост

македонија5 дена ago

30 години дански конзулат и орден Витез од прва класа на Редот на данското знаме за Живко Мукаетов

македонија5 дена ago

Почна втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

македонија6 дена ago

Новото електрично возило на Грин Машинс на Брако претставено во Минхен

економија6 дена ago

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодишната Конференција за недвижности

регион6 дена ago

Италијанската мафија се реформира: рекетот и убиствата не се повеќе во мода, сега е поисплатлив финансискиот криминал

свет6 дена ago

Бајден ги крена царините на кинеските електрични возила на 100%

регион6 дена ago

Бејби Лазања ќе донесе едно чудо Скандинавци во Хрватска годинава

регион6 дена ago

Бејби Лазања ќе донесе едно чудо Скандинавци во Хрватска годинава

македонија6 дена ago

Како „дише“ пазарот за широка потрошувачка во Македонија

македонија6 дена ago

Зелена иднина за секое дете

економија6 дена ago

Македонците лани потрошиле 200 милиони евра за онлајн купување од странски е-трговци: најмногу пари потрошиле кај Wizzair и Booking, а најчесто купувале од Amazon и AliExpress

регион6 дена ago

Италијанската мафија се реформира: рекетот и убиствата не се повеќе во мода, сега е поисплатлив финансискиот криминал

македонија6 дена ago

Новото електрично возило на Грин Машинс на Брако претставено во Минхен

македонија5 дена ago

30 години дански конзулат и орден Витез од прва класа на Редот на данското знаме за Живко Мукаетов

економија4 дена ago

Со АмЧам на тема: Предизвици во спроведувањето на заштита на правата на интелектуална сопственост

македонија4 дена ago

Цените на становите допрва уште ќе растат, побарувачката не стивнува, а трошоците се зголемени: заклучоци од втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

свет6 дена ago

Бајден ги крена царините на кинеските електрични возила на 100%