Connect with us

менаџмент / маркетинг

Како да го искористите карантинот за подобрување на своите вештини и знаење

објавено

на

Секое зло за добро или…што после короната?

Овие карантински денови се прилика за приватно, но и професионално надградување какво што, каква што можеби никогаш повеќе нема да добиеме. Прилика од своите домови да излеземе подобри и посилни, затоа што ќе имаме тешка задача да обновиме се’ што короната оштети. Прочитајте за тоа кои вештини експертите од Harvard Business Review сметаат дека ќе бидат барани на пазарот кога епидемијата ќе помине.

Животот во четири ѕида и социјалната дистанцираност наметнуваат потреба да се свртиме кон самите себе. Овие карантински денови се прилика за приватно, но и професионално надградување какво што, каква што можеби никогаш повеќе нема да добиеме. Прилика од своите домови да излеземе подобри и посилни, затоа што ќе имаме тешка задача да обновиме се’ што короната оштети.
Еден од најчестите изговори на сите професионалци за недоволно учење и напредување е недостигот на време. Во силно забрзан ритам останува многу малку време за едукација и развивање на деловни вештини. Токму затоа периодов е идеален за едукација, развој на постоечките вештини и учење на нови.
На пример, Cordone University имам одлична понуда, 30 денови бесплатен пристап кон огромна база на курсеви. Дигиталните вештини се’ повеќе се потребни, па за оние што сакаат да се бават со маркетинг на пример, одличен е Google Skillshop. YouTube, Coursera, TED, и уште еден куп извори на формална и помалку формална едукација се во изобилство, па вреди да се искористи тоа.

Кои компетенции работодавците најмногу ги бараат

Иако желбата за додатна едукација заслужува пофалба, донесување на одлука за тоа кои курсеви да се одберат неретко и не е баш наједноставна работа на светот. Напросто, премногу понуда има на пазарот, а нашето расположливо време, дури и во моменталнава ситуација, сепак е ограничено. Некако е најлогично да се тргне од тоа што работодавците најчесто го бараат кога се во потрага по нова работна сила.
Според традиционалното годишно истражување на хрватскиот портал MojPosao за пазарот на работна сила, работодавците во 40% од објавените огласи барале од кандидатите познавање на странски јазици и тоа првенствено англиски. Исто така, во секој трет конкурс за работа, како услов се наведува познавање на работа на компјутер, а во најголемиот дел се однесува на работа во Word и Excel. Од MojPosao забележуваат дека често и не мораме да се вртиме кон нешто ново, туку да поработиме на тоа што веќе го знаеме и конечно да ги пополниме оние дупки поради кои се црвенееме пред колегите, на пример да нацртаме дијаграм или да напишеме коректен службен допис на англиски.
Како исправно да тргнеме во „карантинско“ јакнење на професионалните компетенции? Треба да си ги поставиме следниве три прашања:

1. Кои вештини треба да ги развивам?

Одлуката за избор на одредена едукација донесете ја имајќи ги предвид барањата и посебностите на работата со којашто моментално се бавите, односно работата со којашто сакате да се бавите. Размислете околу тоа на што треба да поработите за да бидете подобри, поквалитетни и попродуктивни во својата работа. На пример, ако вашата работа подразбира повремени состаноци со клиенти од други земји и комуникација на странски јазици, а сметате дека во тоа подрачје постои место за ваш напредок, можеби учењето на некој нов јазик е вистинско решение за вас.

2.Кои вештини сакам да ги развивам?

Покрај компетенциите што „треба“ да ги развиваме за да напредуваме во професионална смисла, постојат и оние вештини кои можеби токму во овој момент и не ни се неопходни, но искрено сакаме да ги развиваме, и коишто еден ден можеби ќе се покажат корисни за нашата кариера. На пример, можеби нашето моментално работно место од нас не бара познавање на Photoshop, програм што отсекогаш сме сакале да го научиме, но со тек на време поседувањето на оваа вештина можеби ќе се покаже како влезница за некое ново работно место и напредување во рамки на компанијата, или пак пронаоѓање на нова, подобра работа. Во идеално сценарио, избраната едукација претставува комбинација од „потребни“ и „посакувани“ вештини.

3.Ги имам ли сите услови за непречена работа?

Пред да посветите еден дел од денот за збогатување на вашето знаење и учење нови вештини, потребно е да ги обезбедите сите услови за непречена и квалитетна работа. Одредете точно време коешто ќе го посветите на едукацијата и во вашиот дом пронајдете мирно катче каде што нема да ви пречат. Секако, со оглед дека зборуваме за онлајн едукација, стабилна интернет врска е неопходна, како и компјутер, лаптоп, таблет или смартфон.

Business women holding light bulbs, ideas of new ideas with innovative technology and creativity.

Кои компетенции по завршувањето на епидемијата ќе бидат најважни

Гледањето во минатото помага, но за квалитетна одлука секогаш треба да ѕирнете и во иднината. Сега се наметнува прашањето кои компетенции после стивнувањето на епидемијата најмногу ќе се бараат.
Harvard Business Review истакнува на пример, дека во новите услови нема да се промени важноста на стручните компетенции затоа што квалитетот и ефективноста на работата ќе бидат поважни од било кога.
Притоа, ќе биде нужно да се поработи на дигитални знаења, коишто станаа основен предуслов за работа, со цел да се искористат предностите на интернетот и работата во поврзани мрежи.
Исклучително важни се и soft skills вештините, од управување со луѓе и стратешко планирање, до сопственото управување со времето, стресот и поставување на приоритети. Со оглед дека не’ чека и финансиска криза, повторно станува важно управувањето со ликвидноста и ризиците. Продажните вештини исто така ќе бидат клучни, затоа што продажбата многу потешко ќе оди одошто пред кризата и само најдобрите продавачи ќе успеат да ги исполнат своите планови.
Деловниот свет и сите сегменти на неговото управување освен на стручните знаења, се темелат и на комуникацијата. Недостигот на комуникација лице в лице во новиве услови луѓето се обидуваат да ја компензираат со допишување преку разни апликации и лесно е да се уочи колку при некои пишани пораки фали тоа што не можеме да фрлиме поглед на личноста за да сфатиме дали се шегува или не, на пример, дали е лута или тажна, итн. Во секој случај, не постои време кое што не неприкладно за да поработите на своите комуникациски вештини.
Секој како личност е единствен, еден и неповторлив и иста личност е независно дали е на работа или надвор од неа. Различно може да биде само она што го покажуваме, колку ги контролираме своите однесувања. Однесувањата што ги покажуваме се всушност компетенции и на нив можеме и треба да работиме цел живот. Со оглед на моменталното присилно седење дома, нема подобра прилика за тоа. Поради брзината на промените околу нас – од новите технологии до новите начини на работа – да не работите на својот развој, значи дека назадувате, велат консултантите од HBR.
Ако сакате да читате – има многу книги што може да ги прочитате за разни компетенции и вештини. Ако сте повеќе тип за гледање – има изобилство видео материјали, туторијали, што може да ги погледате. Ако пак сакате интеракција и ви треба мотивација преку надворешни стимулации – постојат многу онлајн курсеви што може да ги почнете. Не е важно за која метода ќе се одлучите, се’ додека се држите до овие три правила: вложувате труд; се преиспитувате самите себе и искрени сте кон себе.
Работете на комуникацијата! Колку и да ви звучи оваа реченица како некакво клише, денес е поважна од било кога. Комуникацијата отсекогаш била важна и за нејзиниот развој многу се зборувало, но денес кога голем дел од нас работат од дома, нејзината важност е уште поголема.
Три совети што HBR ги дава за тоа како да се работи на комуникацијата се следниве:
-Разбирање на туѓите и сопствените емоции и управување со нив (емпатија, емоционална интелигенција);
-Поставување на прашања со цел подобро разбирање во рамки на тимот, организацијата, семејството, заедницата;
-Одговорност за себе и своето однесување кон себе и другите;
Ова се можеби најважните компетенции што ни се потребни во моментов за да бидеме успешен и продуктивен член на тимот, семејството и заедницата.

Алатки за работа на далечина
Работните денови отсега ќе бидат на далечина и такви ќе останат многу подолго одошто во моментов си мислиме. Некои мислат дека со завршувањето на оваа криза сите луѓе повторно ќе се вратат на старите навики и ќе почне да одат на работа, но тоа во многу случаи нема да се случи, тврдат од HBR.
Многу бизниси што поради природата на работата може да функционираат на далечина сфатија дека сосема нормално функционираат со работата од далечина периодов додека сите сме во карантин. Дури забележаа и дека се попродуктивни.
На пример, Марко Буљан директор на хрватска агенција за дигитални услуги пресметал колку работата од дома штеди време што инаку би се потрошило на патување до работа и дошол до зачудувачки бројки.
„Ако го земеме предвид времето потребно за подготвување и доаѓање на работа, како и тоа дека во најголемата гужва се враќате дома, да сметаме дека на тоа ни одат 1,5 – 2 часа дневно, зависно од тоа кој каде живее и работи. Затоа може да кажеме дека во просек еден цел работен ден неделно сме потрошиле на доаѓање и заминување од работа. Сега одеднаш имаме еден ден во седмицата вишок на време. Тоа се месечно четири дена или годишно 40-50 дена. Звучи неверојатно, па морав два пати да ја проверам математикава“, вели Буљан.
Со оглед дека работата на далечина е новата нормалност, дигиталните алатки за работа на далечина се на списокот компетенции што треба да се засилат или развијат.
Еве што препорачуваат експертите. За инстант комуникација во реално време тука е задолжително апликацијата Slack. За зачувување податоци во облак што меѓусебно може да се споделуваат многу корисен е Drive на Google, како и Dropbox. Во низава припаѓаат секако и алатките за видео конференции и онлајн состаноци, како што се Meet, Zoom, Skype и др. За следење на потрошените работни часови и генерално профитабилноста на поедини проекти корисна е апликацијата Productive, производ на хрватската фирма Infinum. Треба да се размисли и за некои алатки за проектен менаџмент како што се Asana, Trello, Basecamp и слични.

Кои деловни компетенции да се засилат/развијат


Странски јазици; дигитални алатки за проект менаџмент и комуникација; управување со социјални мрежи; дигитален маркетинг; е – трговија; односи со купувачи; продажни вештини; програмирање; веб дизајн; анимација; графички дизајн; фотографија; видео продукција; меки и комуникациски вештини; еLeadership; управување со ризици; управување со луѓе.

Каде да се побараат знаења


Апликации за учење странски јазици:Duolingo, Memrise, Busuu, Mondly
Платформи за онлајн курсеви од сите видови:EdX, Coursera, FutureLearn, Udemy, Canvas, ODEM, Open Education Europa
Бази со стручни написи:Microsoft Academic, BASE, CORE, Google Scholar, JSTOR

Continue Reading
економија2 дена ago

Излегоа финансиските биланси: хотелските компании со приходи помали и за 90% лани

технологии / компании3 дена ago

ЕЦГалерт – „доктор во вашиот џеб“ и Глуко – мерење на шеќер во крвта без боцкање

коментари4 дена ago

Марјан Петрески: Дивиденда, два слоја и ровер

интервју4 дена ago

Суат Инан: И покрај пандемијата, со нашата силна структура и иновативни пристапи во 2020 година постигнавме раст од 57%

коментари4 дена ago

Благојче Котески: Нашата иднина и енергетиката

политика4 дена ago

Столб на срамот, наместо на демократијата

банки5 дена ago

Потрошувачки и станбен кредит од Комерцијална банка со најниски каматни стапки на пазарот

македонија5 дена ago

Дојрански рецепт за мултиплицирање на буџетот

свет6 дена ago

Биткоинманија: Треба да имате стомак за оваа работа

економија6 дена ago

Антикризни мерки за збогум на корона – кризата

економија7 дена ago

Алкалоид со поголеми приходи и добивка лани: компанијата стигна до 200 милиони евра вкупен обрт

економија7 дена ago

Адора и официјално го претстави првиот градежен проект во Србија

интервју4 дена ago

Суат Инан: И покрај пандемијата, со нашата силна структура и иновативни пристапи во 2020 година постигнавме раст од 57%

македонија5 дена ago

Дојрански рецепт за мултиплицирање на буџетот

коментари4 дена ago

Марјан Петрески: Дивиденда, два слоја и ровер

коментари4 дена ago

Благојче Котески: Нашата иднина и енергетиката

технологии / компании3 дена ago

ЕЦГалерт – „доктор во вашиот џеб“ и Глуко – мерење на шеќер во крвта без боцкање

политика4 дена ago

Столб на срамот, наместо на демократијата

интервју6 дена ago

Фатмир Бесими: Корона – кризата завршува дури и според песимистичкото сценарио

економија6 дена ago

Антикризни мерки за збогум на корона – кризата