Connect with us

македонија

Како Европа се најде пред вратата на студена и темна зима?

Енергетска криза го тресе континентот, Македонија не е исклучок

објавено

на

Постојат повеќе причини за оваа загрижувачка ситуација со цените на енергијата, која што британски Телеграф ја опиша како „енергетска војна“ – почнувајќи од забрзаното економско закрепнување по пандемијата, големата побарувачка за енергија во Азија  и руските калкулации во коишто се преплетуваат политиката и економијата, па сè до фазата на енергетската транзиција во Европа.

Граѓаните на Европа очекуваат дека ќе дојде до нагло зголемување на сметките за струја (во некои земји поскапувањата веќе се случија, како В. Британија и сл.) поради енергетската криза што ги погодува сите европски земји, предизвикана од повеќекратното поскапување на струјата и гасот во однос на минатата година.

Македонските граѓани исто така стравуваат од повисоки сметки за струја, иако од Владата и Регулаторната комисија за енергетика изјавија деновиве дека до Нова година поскапување на струјата за домаќинствата нема да има, но после тоа не се знае. Домаќинствата во земјава трошат струја по субвенционирана цена, односно струјата за овој сегмент на потрошувачи се’ уште се смета за социјална, а не пазарна категорија,  и снабдувачот ЕВН Хоум ја добива од производителот ЕСМ по цена од околу 36 евра за мегават – час, додека во моментов цените на струјата на европските берзи достигнуваат и вртоглави 270 и повеќе евра за мегават – час.

Проблемот е што во моментов Македонија може да произведе едвај половина од потребните количини струја, а другото го повлекува од европските мрежи, дел со увоз, но дел ненајавено и недозволено, за што АД МЕПСО, електропреносниот оператор на земјава, веќе има добиено четири предупредувања од Свисгрид, центарот во Швајцарија што ја мониторира меѓу другите, и средноевропската електрична мрежа.

„Ова е голем проблем и јас апелирав неколку пати до сите засегнати страни  – надлежните министерства, Владата, РКЕ, ЕСМ и ЕВН – производството и потрошувачката да се прилагодат. Мора да го зголемиме домашното производство како знаеме и умееме или ќе купуваме струја од увоз, по сегашниве цени коишто достигнуваат и по 270 евра за мегават – час, додека лани ова време цената беше 50-тина евра. Трето нема, инаку ќе останеме без струја и ќе имаме рестрикции.“, изјави во интервјуто за Капитал, генералниот директор на МЕПСО, Куштрим Рамадани.

Проблемот е што во моментов Македонија може да произведе едвај половина од потребните количини струја, а другото го повлекува од европските мрежи, дел со увоз, но дел ненајавено и недозволено, за што АД МЕПСО, електропреносниот оператор на земјава, веќе има добиено четири предупредувања од Свисгрид, центарот во Швајцарија што ја мониторира меѓу другите, и средноевропската електрична мрежа.

Кои се причините за овие вртоглави цени на енергијата?

Тој вели дека околу 4.500 мегават – часови дневно е разликата помеѓу производството и потрошувачката, што значи дека околу еден милион евра вредна струја секој ден, според сегашните цени на европските берзи.

„Кога имаме дебаланс на производството и потрошувачката, а изминативе месеци имаме, преку кревањето на нивото на водата во акумулациите ги одржуваме напонските прилики во системот. А сега, хидроцентралите практично не ни работат, додека РЕК Битола работи само со еден блок, за којшто, како што знаете, треба да набавиме јаглен, а имаме тешкотии во тоа. Јаглен треба да набавиме и за РЕК Осломеј, додека ТЕЦ Неготино, којашто работи на мазут, исто така имаме проблем да ја вклучиме со целосен капацитет. Последица на сето ова е што ние во моментов можеме да произведеме околу половина од струјата што ја трошиме секој ден, а остатокот мора да се увезе. А, замислете само дека температурите се се’ уште релативно високи и зимата ни е пред прагот, што значи дека потрошувачката на струја допрва ќе расте.“, вели Рамадани. Поради повлекувањето на струја од европската мрежа, МЕПСО ќе треба да плати 15 милиони евра за месец октомври, пари што, како што вели директорот, компанијата ги нема, и ако не интервенира Владата, операторот ќе стане неликвиден.

Постојат повеќе причини за оваа загрижувачка ситуација со цените на енергијата, која што британски Телеграф ја опиша како „енергетска војна“ – почнувајќи од забрзаното економско закрепнување по пандемијата, големата побарувачка за енергија во Азија  и руските калкулации во коишто се преплетуваат политиката и економијата, па се’ до фазата на енергетската транзиција во Европа.

Западноевропските земји следејќи ја амбициозната агенда на ЕУ за елиминирање на сите фосилни горива како извори на енергија до 2050 година, почнаа да ги затвораат електраните на јаглен и нуклеарните централи, каде што Германија предничи, на пример. Во тој транзиционен период до потполно преминување на обновливи извори – ветер, сонце и вода – гасот е примарно гориво на коешто работат централите за производство на струја во европските земји. Гасот до пред извесно време беше евтин и немаше никакви проблеми со цените на струјата, но цената на гасот сега урива рекорди, затоа што Русија, којашто е главниот снабдувач на Европа со гас, си има некои свои сметки во контекст на глобалната геополитика, и следствено, цените на струјата нагло скокнаа.

Второ, во западна Европа имаше неповолни хидролошки услови, значи хидро акумулациите не можеа да се наполнат, а и ветер снема во Германија, Шпанија и останатите земји што имаат значителни капацитети инсталирано во ветропаркови.

И сега го имаме тоа што го имаме, цени на струјата и до пет пати повисоки во однос на претходната година, а што е пострашно, струја фали, односно количествата не се доволни да ја задоволат потрошувачката.

Структурна слабост на Европа во снабдувањето со гас

Русија е најголем снабдувач на Европа со гас, со 41%, потоа следи Норвешка со 16,2%, Алжир е на трето место со 7,6%, потоа Катар со 5,2%, а остатокот доаѓа од различни извори, пишува Ал Џезира.

Овие бројки ја прават Европа многу зависна од рускиот гас за да ги задоволи своите енергетски потреби, што ги објаснува другите причини кои произлегуваат од тоа, како што е зголемувањето на сметките за енергија за 500% во текот на оваа сезона.

Според британски Фајненшл Тајмс, ваквите случувања покажуваат структурна слабост на европскиот континент во снабдувањето со гас.

Минатата зима, за време на која температурите драстично се намалија во Азија и Русија, придонесе за исцрпување на капацитетот за складирање во Русија, кое достигна ниско ниво. Сепак, според европското толкување, Газпром не го направи она што беше неопходно за да ги поттикне европските земји да ги обноват залихите и одби да испорача дополнителни залихи преку Украина, спротивно на договореното врз основа на долгорочни договори меѓу двете страни.

Според руската верзија на приказната, предност треба да се даде на домашниот пазар со оглед на зголемувањето на локалната побарувачка. Во меѓувреме, Украина вели дека Москва сака да го „милитаризира гасот“ со цел да изврши притисок врз Германија да го забрза одобрувањето на контроверзниот гасовод „Северен тек 2“, што ќе овозможи испорака на гас во Германија директно од Русија преку Балтичкото Море.

Русија, исто така, почна да ѝ испорачува гас на Кина преку гасоводот „Силата на Сибир“ преку претходно неискористените наоѓалишта на гас. Газпром размислува и за изградба на нов гасовод што ќе ги поврзе тие полиња во западен Сибир со Кина до 2030 година.

Побарувачката на Азија за гас рапидно порасна за 50 проценти во последната деценија, предводена од зголемената побарувачка во Кина, чија потрошувачка се зголеми трипати во последните десет години.

Студената зима и жешкото лето во Кина, а потоа и враќањето на економскиот раст, придонесоа за најсилно зголемување на побарувачката на енергија во земјата, што е причина за моменталната тамошна криза со електрична енергија. Кина ја намали потрошувачката на јаглен пред неколку месеци за да ги намали емисиите на загадувачки материи, но мораше  да се врати на пазарот на јаглен за да ги покрене електраните, што доведе до рекорден пораст на цените на термалниот јаглен во Азија.

Русија е најголем снабдувач на Европа со гас, со 41%, потоа следи Норвешка со 16,2%, Алжир е на трето место со 7,6%, потоа Катар со 5,2%, а остатокот доаѓа од различни извори.

Зошто на Кина ѝ фали толку многу енергија?

Кризата со електрична енергија  во Азија се влоши поради  поминувањето на Индија низ истите услови како Кина, каде што имаше невообичаено зголемување на побарувачката на енергија. Во моментов, сите економски показатели велат дека во Азија нема доволно јаглен за да ја покрие побарувачката.

Производството на електрична енергија во Кина порасна за 616 терават часови, што е раст од 13 проценти во првите осум месеци годинава во однос на истиот период минатата година. Има предвидувања дека Кина ќе мора да ја укине забраната што претходно ја воведе за увоз на јаглен од Австралија за да одговори на домашната побарувачка.

Кина започна план за намалување на емисиите на стакленички гасови, правејќи ја сè позависна од течен гас, што значи дека ќе стане конкурент на Европа во однос на увозот на гас.

Европа влезе во енергетска транзиција за да постигне нула емисии, што ја намали подготвеноста на инвеститорите да инвестираат во подобрување на снабдувањето со фосилни горива, за што веруваат дека ќе стане минато во следните три децении.

Домашните испораки на гас во Европа исто така се намалија за 30 проценти. Иако побарувачката за гас е главно поврзана со тешките индустрии, зависноста од овој извор на енергија значително се зголемува во зима во домаќинствата. На пример, во Велика Британија, на греењето на домовите  отпаѓа  околу 40 проценти од вкупната потрошувачка на гас.

Една од причините за падот на залихите  на гас во Европа е проблемот со кој се соочува наоѓалиштето Гронинген во Холандија, најголемото наоѓалиште на гас во западна Европа. Целта на ова поле беше да се одржи рамнотежата на европскиот пазар, но тоа стана товар за холандската влада, поради што беше донесена одлуката да започне со затворање. Сега се испумпуваат три четвртини помалку од наоѓалиштето  отколку во 2018 година.

Сите европски земји ги чека енергетска криза

Сите европски земји зимава ќе доживеат енергетска криза, со предвидувања дека цената на енергенсите ќе се стабилизира следната година, се вели во најновиот билтен на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), со забелешка дека штетите ќе се разликуваат  од земја до земја.

Франција нема да трпи големи последици бидејќи многу се потпира на технологијата на нуклеарните централи, поради што претседателот Макрон најави инвестиција од милијарда евра во такви централи до 2030 година.

Што се однесува до Норвешка и Шведска, тие во голема мера зависат од хидроелектричната енергија, додека Португалија зависи од ветерот и водата за да задоволи половина од своите енергетски потреби.

Велика Британија најверојатно ќе биде најтешко погодена од оваа криза бидејќи е силно зависна од природниот гас, чии цени вртоглаво растат. Покрај тоа, нема големи складишни капацитети и повеќе не е дел од европскиот енергетски пазар, што би можело да ја остави оваа земја без снабдување со енергија од Европа.

Струјата сигурно ќе поскапи, не се знае кога и за колку

Сериозна е ситуацијата во светот, односно во Европа, а  Македонија ниту може да влијае негативно, ниту позитивно, туку едноставно ќе ја дели судбината на цела Европа.  „А последиците се знае кои се, ќе се зголеми цената на електричната енергија.“, неделава изјави за Фактор, Кочо Анѓушев, сопственик на Фероинвест и поранешен вицепремиер за економија во владата на Заев.  „Цената на електричната енергија сега се држи заради тоа што ЕСМ дава евтина енергија во системот, ама тоа не може да биде неограничено. Значи, со тек на време, а кога не знам, струјата ќе мора да поскапи. Следно е дека индустријата ќе мора да плаќа поскапа енергија бидејќи е на слободниот пазар. Таа цена ќе се вкалкулира во секој производ, зависи со колкав процент во кој производ учествува струјата, некаде е 40%, некаде е 5%. Тоа нормално ќе влијае врз цените на крајните производи“, вели Анѓушев.

Според него, добро е што државата се обидува да купи јаглен, за да се зголеми производството во РЕК Битола, со што преку оваа централа која е најголем снабдувач во земјава, ќе се зголеми понудата на струја.

Меѓутоа, ЕСМ не успеа да набави јаглен за активирање на третиот блок на РЕК Битола. Пропадна тендерот со кој се бараше итно да се купат 900.000 тони јаглен. Понуди имало но количините кои се нуделе биле мали. Сега јаглен ќе се бара на нов тендер. За ТЕЦ Осломеј се бараа 300.000 тони јаглен. Понудите се прифатени, но дополнително ќе се избира компанијата од која ќе се купи.

На  тендерот  за  купување  на вкупно 1, 2 милиони тони јаглен  се пријавиле девет фирми од Косово, Албанија, Турција, Русија и БИХ.

економија11 минути ago

Народната банка ја намали задолжителната резерва кај банките за да стимулира денарско штедење

македонија19 часа ago

Стигна модифициран француски предлог до македонската влада, ќе оди во Собрание

регион20 часа ago

Папандреу од Македонскиот енергетски форум: Изоставувањето на Западен Балкан од европската интеграција е безбедносен ризик што Европа не смее да си го дозволи

македонија1 ден ago

Регулаторна: струјата ќе поскапи за 7,4%

економија2 дена ago

„Алкалоид“ пушти во употреба нова инвестиција од 1,3 милиони евра

коментари2 дена ago

ESG – Новиот престолонаследник во корпоративното управување

економија2 дена ago

Развојната банка ја повлече петтата транша во износ од 22,8 милиони евра за мали и средни компании од заемот на Европската инвестициска банка

свет3 дена ago

Америка на НАТО самитот утре ќе најави “долгорочен воен ангажман“ во Европа

економија3 дена ago

Македонските индустриски производи за домашен пазар за една година поскапеле 22% во просек

економија3 дена ago

Новата фабрика на „Гересхајмер“ во Македонија од 126 милиони евра – ќе биде најголемата инвестиција во ТИРЗ досега

економија3 дена ago

Македонските индустриски производи за домашен пазар за една година поскапеле 22% во просек

коментари2 дена ago

ESG – Новиот престолонаследник во корпоративното управување

свет4 дена ago

Русија касни со плаќање на долгот кон странство. Министерот за финансии: тоа е фарса

економија3 дена ago

Новата фабрика на „Гересхајмер“ во Македонија од 126 милиони евра – ќе биде најголемата инвестиција во ТИРЗ досега

економија2 дена ago

„Алкалоид“ пушти во употреба нова инвестиција од 1,3 милиони евра

свет3 дена ago

Америка на НАТО самитот утре ќе најави “долгорочен воен ангажман“ во Европа

економија2 дена ago

Развојната банка ја повлече петтата транша во износ од 22,8 милиони евра за мали и средни компании од заемот на Европската инвестициска банка

македонија19 часа ago

Стигна модифициран француски предлог до македонската влада, ќе оди во Собрание

македонија1 ден ago

Регулаторна: струјата ќе поскапи за 7,4%

регион20 часа ago

Папандреу од Македонскиот енергетски форум: Изоставувањето на Западен Балкан од европската интеграција е безбедносен ризик што Европа не смее да си го дозволи

Best CBD Oil for Pain


Best CBD Oil for Anxiety


CBD Gummies


Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil