Connect with us

lifestyle

Како е создаден „Дениција“, првиот македонски Swatch

„Божиновски часовници и накит“ и Зоран Кардула направија мало ремек-дело

објавено

на

„Дениција“  е првиот часовник од специјалната едиција „Своч на Кирилица“, која Божиновски ја реализира по повод триесетгодишнината од независноста.

„Божиновски часовници и накит“ со гордост го претставија првиот македонски дизајниран Swatch, кој е дел од платформата „СВОЧ НА КИРИЛИЦА“, потпишан од македонскиот дизајнер и илустратор Зоран Кардула.

„Првата буква од креативната азбука која ја започнавме со оваа платформа, по повод триесетгодишнината од независноста ја издвоивме за познатиот македонски дизајнер и илустратор Зоран Кардула. Првиот дизајн му го доверивме на Кардула како еден од најзначајните илустратори кој го одбележува ова наше време“, објаснија од „Божиновски часовници и накит“.

Часовникот е дизајниран со мотив од познатата едиција „Жени“ на авторот и симболично го доби името Дениција, инспирирано од загадочната  и бескрајна љубов која ја опејува еден од најзначајните македонски писатели, Петре М. Андреевски. Име кое асоцира на изгрејсонце, на ѕвездата Деница, на светлина, плодност, убавина, но и на нашата татковина.

За тоа како всушност се случи создавањето  на првиот македонски Своч разговаравме со сопственикот на „Божиновски часовници и накит“, Игор Божиновски.

Како дојде до соработката помеѓу вашата компанија  и Своч за проектот „Своч на кирилица“? Малку бекграунд за вашата релација со Своч, преговорите околу проектот, најголемите предизвици во реализацијата…

ИГОР БОЖИНОВСКИ
сопственик на „Божиновски часовници и накит“
Ваков долгорочен проект како нашиот „Своч на кирилица“ досега не бил направен никогаш и никаде. Ние сме првата земја во светот на која е одобрено да се работи на локални дизајни кои се наменети за локален пазар.

Пред се, најголемата база всушност доаѓа од нашата повеќедецениска соработка со Своч која датира од 1998 год. Тоа се 23 години беспрекорна партнерска релација каде бизнис односот веќе одамна е трансформиран во пријателство, почитување и целосна доверба.

Иницијативата за „Своч на кирилица„ започнува како креативен состанок во нашата канцеларија со мојот креативен тим кон крајот на 2020 год. Поврзувавме минати искуства на Своч кој отсекогаш бил уметничко платно и провокација за најпознатите светски уметници како: Kiki Picasso, Keith Haring, Alfred Hofkunst, Vivienne Westwood, Manish Arora, Stephen Dean, Jeremy Scott….кои својот уметнички израз можеле да го пресликаат врз контурите на малиот пластичен швајцарски часовник.

Тие минати искуства ги поврзувавме со можни креативци во Македонија, правевме анализи и предвидувања како би бил прифатен македонски дизајн на нашиот пазар и кога еднаш сите коцки ги спакувавме во прекрасна презентација, настапи процесот на убедување и преговарање со Своч.

Спакуван во еден издржан и заокружен концепт поддржан со несоборливи аргументи за да може да се разгледува на состанок на највисоко ниво во седиштето на Swatch во Биен, морав јас и мојот тим да го браниме пред сите членови на управниот одбор на Swatch. Сепак, покрај совршениот концепт кој го претставивме, сметам дека долгогодишната соработка, довербата и лојалноста имаа огромна улога во носењето на финалното ДА за овој проект.

Потоа настапија долги процеси од технички аспекти каде потрошивме можеби и половина година, па процесот на избор на македонски дизајнер, потоа правно – легални усогласувања околу авторски права,  па изработка на пробни примероци….. се’ на се’ огромна работа за да на сам крај од годината, буквално во фото финиш успееме да излеземе со јубилејниот часовник по повод 30-годишнината од независност на Македонија кој го нарековме – Дениција, и решивме да го издадеме во ограничен број од само 30 нумерирани парчиња кои имаат колекционерска вредност, што на часовникот, покрај јубилејната вредност и историскиот момент му додаваме и исклучителна реткост.

Ваков долгорочен проект како нашиот „Своч на кирилица“ досега не бил направен никогаш и никаде. Ние сме првата земја во светот на која е одобрено да се работи на локални дизајни кои се наменети за локален пазар.

Колку се строги стандардите на Своч при ваквиот тип на соработки? Што е најкарактеристично во нивната „листа на барања“?

Не само што е една светски позната компанија, туку тоа е и швајцарска компанија. Тоа значи дека не постои ни милиметар каде може да се импровизира.

Листата на барање не е листа, тоа е книга, библија, или за оние кои имаат помалку стрпливост и одважност – аргумент за да се биде обесхрабрен.

Кога ќе следат  и другите модели од “Своч на кирилица“? Дали и понатаму ќе се задржи ексклузивноста на сериите со ограничен број на примероци само за колекционери?

Нашата прва замисла беше проектот „Своч на кирилица„ да биде обновуван со ново издание на секои 6 до 8 месеци. Се’ уште сме на истото стојалиште , така да следниот часовник дизајниран од македонски дизајнер ќе се појави помеѓу јуни и септември 2022.

Ексклузивноста и лимитираноста е нешто што во моментот е дискутабилно.

Своч е производ за широка потрошувачка. Со лимитираноста на првиот часовник успеавме да му дадеме додатна вредност и недостапност на првиот македонски часовник, и воедно да иницираме аукциска продажба , можеби прва аукциска продажба во Македонија воопшто.

Во позадина е една многу повисока цел, формирање на фондација „Божиновски„ која ќе се грижи и ќе стипендира млади креативци од Македонија, па лимитираноста и аукциската продажба имаше многу голема смисла. На тој начин сите 30 сопственици на часовникот „Дениција“ всушност се и зачетници на таа фондација и можат да бидат горди на своето учество.

Целиот овој концепт; ангажирање на млади креативци, национален македонско – швајцарски часовник, формирање на фондација, грижа за македонските креативци, е силно поддржана од релевантни јавни фигури како: Милчо Манчевски, Влатко Стефановски, Крсте Роџевски….

Што сакам да кажам …

Проектот станува многу поголем од првичната замисла, брзината со која стигна до јавноста, нивната реакција…. и колку и да сакаме да го направиме овој концепт лимитиран толку се соочуваме и со огромната побарувачка која од ден во ден е се’ поголема па затоа размислуваме за можноста следните часовници да бидат во неограничена количина или во поголема а лимитирана количина, но тоа не можам да го потврдам сега.

Дали од Своч го имаат финалниот збор околу конечното решение на дизајнот, или оставено е на локалните партнери што ја реализираат кампањата?

За првиот часовник тоа беше услов, дизајнот да биде проследен и одобрен од Своч. После првите резултати, кампањата која ја спроведовме и одекот во јавноста, повеќе не станува збор за сомнежи околу можните дизајни за понатамошни проекти. Чувствувам како оној благ сомнеж кој можев да го забележам кај дел од управниот одбор на Своч, премина во огромен ентузијазам и чувство на победа.

Дали во иднина се можни ваков тип соработки и со другите брендови од вашето портфолио? Македонски дизајнери да се вклучат во креациите за некој од брендовите на накит и аксесорис, на пример?

Нашата успешност низ сите 26 години постоење на Божиновски часовници и накит е во стратегиското планирање на долги рокови. Самиот овој проект е дел од нешто многу поголемо и увертира која треба да ја привикне јавноста кон она што следува во годините кои доаѓаат.

Што би рекле: Stay tunned !

банки7 часа ago

Комерцијална банка прогласена од Global Finance за врвен иноватор во корисничко искуство за услугите преку OneID

македонија1 ден ago

Кочо Анѓушев се сретна со специјалниот британски претставник за трговија, Мартин Викерс

менаџмент / маркетинг4 дена ago

Се препознавате ли себеси во ликот на трансакциски или трансформациски лидер?

свет4 дена ago

Кина стана најголем извозник на возила, престигнувајќи ја Јапонија

економија4 дена ago

ЕУ ќе им дава енергетски сертификати и на податочните центри

регион4 дена ago

Наводен крипто-инвеститор „закрпил“ 700 Хрвати за 15 милиони евра

македонија4 дена ago

Становите нема да поевтинат, побарувачката не стивнува, Македонецот не инвестира во друго освен во недвижнини

македонија4 дена ago

Што научивме од првата конференција за недвижности во Македонија: Проектите не запираат, доаѓа време на retail парковите, а ESG станува задолжително

македонија4 дена ago

Прва Конференција за комерцијални недвижности во Македонија на Фортонмка: Стремеж за менување на пазарот кон подобро

македонија4 дена ago

Новото обележје на градот – комплексот „Гранд Скопје“ претставен пред локални и меѓународни професионалци за недвижности

македонија1 недела ago

Случајот Анѓушев против Цветковска од ИРЛ повторно на суд

економија1 недела ago

Триглав Осигурување со нов производ за осигурување на дом, Мој дом

македонија4 дена ago

Новото обележје на градот – комплексот „Гранд Скопје“ претставен пред локални и меѓународни професионалци за недвижности

македонија4 дена ago

Становите нема да поевтинат, побарувачката не стивнува, Македонецот не инвестира во друго освен во недвижнини

економија4 дена ago

Од отпадот од фармите ќе се добива струја, топлина и органско ѓубре за земјоделството

македонија4 дена ago

Прва Конференција за комерцијални недвижности во Македонија на Фортонмка: Стремеж за менување на пазарот кон подобро

менаџмент / маркетинг4 дена ago

Се препознавате ли себеси во ликот на трансакциски или трансформациски лидер?

регион4 дена ago

Наводен крипто-инвеститор „закрпил“ 700 Хрвати за 15 милиони евра

свет4 дена ago

Избегната ли е „мајката на сите кризи“?

банки4 дена ago

Дигитализација: До каде се македонските банки? Процесот е започнат и нема назад