Connect with us

менаџмент / маркетинг

Како изгледа еден идеален тим – билдинг?

Алатка за посилен тим и помоќна работна заедница

објавено

на

Ако добро се размисли и се вложи труд во нивната изведба, тим – билдинг активностите можат да бидат омилениот дел од годината на вработените и да имаат повисока цел отколку едноставно „дружење надвор од работната околина“.

Дури и оние кои не се дел од корпоративните кругови се свесни за постоењето на тим – билдинг активности и нивната важност за вработените, компанијата и тимската работа. За време на овие собири колегите имаат можност да поминат повеќе време заедно, надвор од работната средина и неоптоварени од обврски. Но, дали сме сигурни дека начинот на кој ги одржуваме овие активности е правилен и соодветен?

Ако добро се размисли и се вложи труд во нивната изведба, тим – билдинг активностите можат да бидат омилениот дел од годината на вработените и да имаат повисока цел отколку едноставно „дружење надвор од работната околина“.

Основната цел на тим – билдинг активностите секогаш е да се собере работната група со цел заедничко дружење. Ваквиот собир, во самата негова суштина, треба да им овозможи на колегите да поминат малку време заедно и подобро да се запознаат во средина која не ги вклучува нивните работни обврски. Но, со организирано и мудро планирање, тим – билдинг активностите можат да резултираат со уште повеќе придобивки, односно посилен тим и помоќна работна заедница.

Натпреварувачки дух и екстра мотивација

Одбирањето на типот на тим – билдинг е првиот чекор, по кој ќе знаете каков тип на активности ќе го придружува денот (или периодот) посветен на вработените. Ако сметате дека на тимот му е потребен некаков предизвик со цел да научи да работи заедно, тогаш одберете активности и предизвици што бараат тимска работа со цел да се комплетираат. Активностите не мора да се тешки и истоштувачки, може дури да бидат и обична игра која едноставно ќе ги натера вработените да играат во тимови. Добар пример се групните игри како „лов на богатство“, тривиа квизови, Escape Room сесии и игри на асоцијации, во кои групата мора да работи заедно за да го надмине предизвикот кој е поставен пред нив. Ова може да биде одлична пракса за професионалните активности и да го зближи тимот на едно ново ниво, без притоа вработените да го чувствуваат притисокот од потенцијален неуспех, сметаат од компанијата Balkan Prime Tours, која покрај домашно има и интернационално искуство во организација на тим билдинзи.

Компетитивните типови на активности како мини-спортовите и друштвените игри поделени во екипи, пак, можат да имаат различна корист за тимот и поединците во него. Тие го будат натпреварувачкиот дух и даваат екстра мотивација за совладување на некаков предизвик побрзо и поефективно од другиот тим, со што учесниците се зближуваат и работат за иста цел, а наградата на крајот од предизвикот е признанието како „победник“ пред колегите. Ваквата пријателска конкуренција е всушност добра, бидејќи членовите на тимот учат како да се притиснат себеси кон остварување на подобар резултат, но без да се доживуваат како противници.

Не мора да е скапо, туку повеќе инспиративно и креативно

За да се задржи неофицијалниот карактер на тим – билдинг активностите, најдобро е тие да бидат реализирани некаде надвор од работните простори, за да се оттргне чувството дека ова е „уште една работна активност“ и да се создаде поопуштена атмосфера меѓу присутните. Локацијата, исто така, треба да зависи од типот на активност, но и од карактерот на групата која ќе присуствува и од нивните потреби.

Според Влатко Сулев од Balkan Prime Tours најдобрите корпоративни тим – билдинг активности се дизајнирани да се одвиваат како пауза од работата и да обезбедат можности за дружење со членовите на тимот. Според него луѓето преферираат автентични доживувања, искреност и оригиналност. Сакаат обични работи, лични доживувања, уникатно Тим Билдинг искуство. Тоа не секогаш е поврзано со скапи хотели или ресторани, со преголеми трошоци, туку е повеќе работа на инспирација и креативност. Едноставните работи допираат до срцето на луѓето.

И нема ништо подобро од овозможување на професионалци да ги организираат тим – билдинг активностите, бидејќи во тој случај загарантирани се крајните цели: подобра синергија, унапредена комуникација, мотивираност и секако задржување на вработените.

свет22 минути ago

Македонката Светлана Мојсов, светски познат научник, е избрана меѓу 100-те највлијателни луѓе на планетава според магазинот Тајм

македонија2 часа ago

Комерцијална банка е најпосакуван работодавач во 2023 во категоријата Банкарство и финансии

економија2 часа ago

Ангеловска – Бежоска: Каматната стапка ќе ја намалиме во втората половина од годинава, доколку не се остварат позначителни ризици

македонија22 часа ago

„Алкалоид“ најпосакуван работодавач за 2023 година – апсолутен победник според „Вработување.ком“

македонија2 дена ago

„Алкалоид“ со донација на течен „Омепразол“ ќе го помогне лекувањето на околу 200 деца

банки4 дена ago

Комерцијална банка прва во земјава воведе тактилни платежни картички прилагодени и за слепи лица

свет4 дена ago

Предлог акција за оваа недела: Orlen S.A.

свет4 дена ago

Скокнаа цените на нафтата, гасот, бакарот и алуминиумот

технологии / компании4 дена ago

ЕУ има амбиција да стане „квантна долина на светот“, а хрватски научници имаат голем удел во тоа

регион4 дена ago

Марко Чадеж, Српска стопанска комора: Нашите компании ги мачи финансирањето и недостиг на кадри

свет4 дена ago

Скокнаа цените на нафтата, гасот, бакарот и алуминиумот

регион4 дена ago

Марко Чадеж, Српска стопанска комора: Нашите компании ги мачи финансирањето и недостиг на кадри

македонија4 дена ago

Судбината на фабриката во Бунарџик неизвесна, но можно е и целото производство да се префрли во Македонија

економија4 дена ago

Истражување: Инфлацијата е главен фактор за финансиски стрес

технологии / компании4 дена ago

ЕУ има амбиција да стане „квантна долина на светот“, а хрватски научници имаат голем удел во тоа

економија4 дена ago

„Зелените“ кредити со годишен раст од речиси 30%

свет4 дена ago

Следната година сонцето и нас ќе нѐ стемни

македонија4 дена ago

Македонските е-трговци направиле промет од 453 милиони евра лани

менаџмент / маркетинг4 дена ago

Како да ги демотивирате вработените и избркате најдобрите

свет4 дена ago

Предлог акција за оваа недела: Orlen S.A.