економија
Како Македонската берза ја почна 2023: околу 2% пораст за три дена

Минатата година Македонска берза ја заврши со пад на индексот од 9,2%, што со оглед на сите околности во коишто се наоѓаше светската и домашната економија во 2022, и падот на најголемите светски берзански индекси за 15, 20, па и 30%, и не е толку лош перформанс.
Македонскиот берзански индекс МБИ10 во моментов има вредност од околу 5760 поени (денешното тргување се’ уште не е завршено), што значи дека во првите три работни денови од 2023 берзата пораснала за околу 2% во однос на последниот ден од тргувањето во 2022 година.
Најголеми промени денеска има кај акциите на УНИБанка, од 2,75%, Алкалоид има пораст од 0,5%, Комерцијална банка од 1,27%, НЛБ Банка од 0,91%.
Минатата година Македонска берза ја заврши со пад на индексот од 9,2%, што со оглед на сите околности во коишто се наоѓаше светската и домашната економија во 2022, и падот на најголемите светски берзански индекси за 15, 20, па и 30%, и не е толку лош перформанс.
Од најликвидните акции на домашната берза, лани најголем промет имаше акцијата на Комерцијална банка, околу 32 милиони евра, додека најголем пораст имаше акцијата на Македонски Телеком. Најголем пораст, пак, на прометот имаше акцијата на Алкалоид, на околу 14 милиони евра.
И светските берзи ја почнаа годината во зелено, односно инвеститорите се обидуваат да покажат знаци на оптимизам среде црните прогнози на аналитичарите за рецесијата што ги очекува американската и европските економии. Американскиот индекс на 500 најголеми компании на Њујоршката берза, S&P500 во првите два трговски дена од 2023 порасна за околу 1,2%, додека европскиот индекс STOXX 600 порасна за 2,44%.