Connect with us

lifestyle

КАКО ПИТЕР ТИЕЛ СО ШАХОВСКИ ТАКТИКИ СТАНА МИЛИЈАРДЕР?

објавено

на

Питер Тиел е познат иноватор, претприемач и инвеститор, ко-основач на Paypal и на уште многу други стартапи. Важи за еден од поголемите мислители и филозофи меѓу американските претприемачи. Како голем вљубеник во шахот, инсистира се што научил преку шахот да го преточи во инвестициски и бизнис совети.
Еве неколку шаховски концепти кој Тиел ги издвојува како бизнис совети.

Питер Тиел е познат инвеститор и менаџер на хеџ фондови, ко-основач на Paypal и на уште многу други стартапи, кој е фасциниран од човечката природа, е многу голем вљубеник во шахот. Интересно е што се што научил преку шахот се обидува да го преточи во инвестициски совети.
Меѓутоа за формирање на компанија, како што вели Тиел. Покрај интелектуални способности е потребно и нешто што тој го нарекува “механика на мафијата”, односно сфаќање на комплексната човечка динамика.

Како што вели тој, шахот е свемир во мало: постојат 32 фигури и 64 полиња на таблата кои тие фигури можат да ги заземат.

Еве неколку шаховски концепти кој Тиел ги издвојува како бизнис совети.

Морате да ја знаете релативната вредност на вашите фигури.

Во шахот, кралицата е најважна на таблата. Во стандардниот вредносен систем, на кралицата и се доделува 9, на топот 5, ловецот три, на кралот 4, а пешаците имаат пониска вредност од 1. Тиел смета дека и различни луѓе различно вредат за компанијата, па секој основач на бизнис мора тоа да го знае. Тој нагласува дека во рамки на секоја група, постои различен опсег на таленти. Тоа важи за инженери и за продавачи. Инженерството е транспарентно и многу е полесно да се процени колку е некој добар. Продажбата воопшто не е транспарентна и постои голем распон на нивото на квалитет меѓу продавачите.

Совет: Како и шаховските фигури, така и луѓето имаат различна вредност за организацијата. Морате да бидете способни точно да ја одредите вредноста на луѓето. На секое подрачје постојат аматери, медиокритети, експерти, мајстори и велемајстори.

Морате да знаете колку фази има играта и морате да имате план

Во шахот постојат три фази : отварање на игра, средина на игра и крај на играта. Тиел предупредува дека луѓето често зборуваат за предностите на првиот потез, што создава проблем, бидејќи можете да го направите првиот потез и потоа да исчезнете. Поважен од први
КАКО ПИТЕР ТИЕЛ СО ШАХОВСКИ ТАКТИКИ СТАНА МИЛИЈАРДЕР?

Питер Тиел е познат иноватор, претприемач и инвеститор, ко-основач на Paypal и на уште многу други стартапи. Важи за еден од поголемите мислители и филозофи меѓу американските претприемачи. Како голем вљубеник во шахот, инсистира се што научил преку шахот да го преточи во инвестициски и бизнис совети.

Еве неколку шаховски концепти кој Тиел ги издвојува како бизнис совети.потег е последниот потег.

Совет: Да се повлече првиот потег добро, не е секогаш предност. Размислите за покерот. Ако сте последен кој се клади, имате најмногу информации. На крајот на играта се преземаат одлучувачките потези. Проучете го тоа и задолжително бидете тука во вистинско време за да го одиграте својот потег. Имајте план.

Дознајте како вашите фигури најдобро работат заедно

Тиел споменува два типа на личности: штребери и атлетичари. Првата група има повисока интелигенција и е добра во решавање на проблеми. Во втората група се високо мотивирани борци кои сметаат дека се победува единствени кога некој друг губи. Компаниите мора да ги има и едните и другите и да воспостави рамнотежа помеѓу нив.
Совет: Потребни ви се атлетичари за да ги заштитат штреберите кога ќе дојдете во ситуација на борба.

Шахот е брутална ментална игра. Животот исто така. Внимателни повлекувајте ги вашите потези.

Според зборовите на шаховскиот велемајстор Дени Кинг, Шахот е брутална игра. Кинг вели дека се се одвива во главата. Кога ќе изгубите се чувствувате глупо во однос на противникот. “Некој можете да го нарекувате со сите погрдни имиња кои постојат, но ако го наречете глупав – тоа е најлоша работа која можете да му ја кажете на некое човечко суштество. А така отприлика се чувствувате кога ќе изгубите во шахот. Се е тоа на интелектуално ниво”.
Совет: Не можете да ги повлечете назад вашите потези. Кога еднаш сте го одиграле вашиот потег, постои можност дека сте зачекориле во ужасна замка.

Талентот е важен. Позначаен е од среќата за успех.

Во шахот талентот е важен. Во работата и во животот, важни се и талентот и среќата. Тиел вели дека луѓето често занемаруваат дека некој кој е успешен е истовремено и вешт. Секогаш постои голема улога на среќата во сето тоа. Никој не смее да покаже дека всушност контролира се. Тиел советува дека со обзир на тоа дека најдобрите луѓе тежнеат кон подигање на најдобри компании, основачите или еден до двајца од постарите партнери во секоја компанија би требало 25% до 30% од своето време да го поминуваат во идентификување и привлекување на таленти.
Совет: Некои луѓе носат поголема вредност и поседуваат повеќе ресурси отколку што се свесни. Вложете го своето време во пронаоѓање на талентирани луѓе за вашата организација.

Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

македонија2 часа ago

Заев најави повеќе градоначалници одошто опозицијата, Мицкоски веќе прогласи победа на локалните

економија2 дена ago

Хаос на светските стокови берзи, растат цените на се’

економија3 дена ago

Средба Народна банка – ММФ: Повисоката инфлација во Македонија е резултат на глобални притисоци

македонија3 дена ago

Ист Гејт Мол се отвора за две недели, доаѓаат нови светски брендови

македонија3 дена ago

Блумберг Адрија – првата мулти-платформа за деловни вести во Југоисточна Европа, стартува во 2022 година

македонија4 дена ago

Димитров од Самитот на The Economist: ЕУ и Бугарија да покажат одговорност и лидерство

македонија4 дена ago

Македонски Телеком одбележува 25 години мобилна телефонија во Македонија

регион4 дена ago

Курти на Самитот во Скопје: Криминалот не познава националност. Старовиќ: Акцијата во Митровица е прекумерна употреба на сила

македонија4 дена ago

Јошка Фишер од Самитот во Скопје: Западен Балкан припаѓа на Европа, не ги отворајте вратите за играчи како Кина

македонија4 дена ago

Заев на Самитот на Западен Балкан: Економијата се стабилизира, порака до сите инвеститори да вложат во Северна Македонија

економија2 дена ago

Хаос на светските стокови берзи, растат цените на се’

регион5 дена ago

Немири на северот во Косово, Србин тешко повреден

македонија6 дена ago

Заев ја најави досега најголемата инвестиција во земјава: германската WPD ќе гради ветропарк од 500 милиони евра

lifestyle5 дена ago

„Божиновски“ го донесе часовникот на Џејмс Бонд во својот новодизајниран салон

македонија5 дена ago

Утре во Скопје се одржува „Самитот на Западен Балкан“ организиран од лондонски The Economist

македонија6 дена ago

Струјата за домаќинства со иста цена до крајот на годинава

македонија3 дена ago

Ист Гејт Мол се отвора за две недели, доаѓаат нови светски брендови

свет6 дена ago

Директорката на ММФ, Георгиева, го „преживеа“ скандалот со Дуинг Бизнис

регион4 дена ago

Курти на Самитот во Скопје: Криминалот не познава националност. Старовиќ: Акцијата во Митровица е прекумерна употреба на сила

македонија3 дена ago

Блумберг Адрија – првата мулти-платформа за деловни вести во Југоисточна Европа, стартува во 2022 година