Connect with us

економија

Како работеле брокерските куќи во Македонија годинава: Еурохаус со најголеми приходи, Инвестброкер со најголема добивка

објавено

на

Брокерските куќи и организационите единици на банките задолжени за хартии од вредност во првото полугодие од 2022 имаат остварено вкупни приходи од 68,6 милиони денари, што е за 7,5% повеќе од лани. 

Еурохаус од Скопје е брокерската куќа којашто има остварено најголем приход во првите шест месеци годинава, од 15,8 милиони денари, што е за 33% повеќе во однос на истиот период лани, покажува извештајот на КХВ за перформансите на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност.

Брокерските куќи и организационите единици на банките задолжени за хартии од вредност во првото полугодие од 2022 имаат остварено вкупни приходи од 68,6 милиони денари, што е за 7,5% повеќе од лани.  По Еурохаус, најголем приход имаат брокерските куќи Илирика Инвестментс, од 10,96 милиони денари и Инвестброкер со 10,94 милиони денари. Инаку, брокерската куќа Инвестброкер  е овластен учесник на пазарот со најголем пораст на вкупниот приход за 161,39%, кој се должи на порастот на приходите од провизии и надоместоци за извршени услуги за 63,77%, како и на порастот на приходите од дивиденди за 1.713,24%.

Брокерската куќа Еурохаус, која остварила најголем износ на вкупни приходи во првите шест месеци од 2022 година е воедно и брокерска куќа со најголем промет на Македонската берза. Еурохаус  остварила вкупен промет во износ од 3,2  милијарди денари што претставува 34,60% од вкупниот промет од сите 10 членки на берза , кој за првите шест месеци од 2022 година изнесувал 9,28 милијарди денари.

Од аспект на остварениот промет на берзата, кај пазарните учесници Комерцијална банка , НЛБ банка  и Илирика Инвестментс  се констатира намалување на промет и вкупните приходи во првото шестмесечие од 2022 година во однос на истиот период минатата година. Со оглед на тоа што Комерцијална банка и НЛБ Банка  дел од приходите ги обезбедуваат од надоместоци и  провизии за прием и пренос на налози за купување и продавање на странски пазари,  односно од тргување на странски пазари , намалувањето на нивните вкупни приходи не е со толкав интензитет како намалувањето на нивниот промет остварен на Македонската берза.

Прометот на домашниот пазар намален, на странските зголемен

Во првите шест месеци од 2022 година, прометот на домашен пазар остварен од пазарните учесници – членки на Македонската берза изнесувал 9,28 милијарди  денари и истиот е намален за 13,57% во споредба со истиот период минатата година. И покрај намалениот промет, приходите од провизии во апсолутен износ не се намалени, туку показателот за соодносот меѓу вкупниот промет и приходи од провизии од тргување бележи зголемување од 0,45% во H1 2021 на 0,54% во H1 2022.

На странски пазари, пак, во првото полугодие прометот остварен од трите овластени банки и една брокерска куќа, изнесувал 2,22 милијарди денари, што е за 10,3% повеќе во однос на минатата година.

И покрај ова зголемување на прометот, приходите од прием и пренос на налози за купување и продавање на хартии од вредност и приходите од тргување на странски пазари се намалиле за 20,37%, односно од 10,96 милиони денари за првите шест месеци од 2021 година на 8,73 милиони денари за првите шест месеци од 2022 година. Имено, показателот за соодносот меѓу вкупниот промет и приходи од провизии од тргување бележи намалување од 0,54% во H1 2021 на 0,39% во H1 2022.

Брокерските куќи и организационите единици на банките во периодот 01.01. 30.06.2022 година прикажале расходи во вкупен износ од 49,35 милиони денари, што е зголемување за 5,12% во однос на вкупниот износ на искажани расходи за истиот период минатата година (01.01.-30.06.2021 година), кога изнесувале 46,94 милиони денари.

Девет од десетте овластени учесници на пазарот на хартии од вредност, брокерски куќи и организациони единици на банките, во периодот 01.01.-30.06.2022 година оствариле позитивен финансиски резултат – добивка, додека еден овластен учесник годината ја завршил со загуба. Минатата година осум од десетте овластени учесници на пазарот на хартии од вредност во периодот 01.01.-30.06.2021 година оствариле позитивен финансиски резултат – добивка, додека два учесници периодот го завршиле со негативен финансиски резултат – загуба. 

Пораст на остварената добивка во периодот 01.01-30.06.2022 година во однос на истиот период минатата година бележат ТТК банка  за 447,13% и Еурохаус  за 19,58%. Најзначајна е промената на финансискиот резултат на брокерската куќа Инвестброкер  која во првите шест месеци од 2021 година оствари негативен финансиски резултат – загуба во износ од 0,60 милиони денари, додека за истиот период од 2022 година оствари добивка во износ од 5,23 милиони денари, што е и најголем износ на остварен позитивен финансиски резултат од сите овластени пазарни учесници во периодот 01.01.-30.06.2022 година. 

Порастот на износот на нето добивката на Одделот за работа со хартии од вредност на ТТК Банка  и на брокерската куќа Еурохаус  се должи на порастот на остварените приходи од надоместоци и провизии. Брокерската куќа Инвестброкер има регистирано најголем износ на нето добивка за првите шест месеци од 2022 година и истата се должи на порастот на приходите што оваа брокерска куќа ги остварила од провизии и надоместоци за извршени услуги за 63,77%, на реализираните добивки од финансиски средства кои се водат по објективна вредност за 391,54% и на приходите од дивиденда кои се зголемиле за 1.713,24%. Инаку, расходите на Инвестброкер  се зголемиле за 19,23%. Кај овластените учесници каде е регистрирано намалување на добивката за првите шест месеци од 2022 година во однос на истиот период минатата година истото во најголема мера се должи на намалувањето на приходите од надоместоци и провизии за извршени услуги согласно дозволата од Комисијата, но со истовремено зголемувањето на направените расходи.

македонија2 часа ago

Како неконтролираното кредитирање на населението се рефлектира на економијата

економија18 часа ago

Македонската берза им објасни на компаниите дека може да се финансираат и преку котација

банки1 ден ago

Со златните монети од УНИБанка купуваме дел од историјата, а ја осигуруваме иднината!

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

македонија2 дена ago

РЕС ќе почне да снабдува државни и локални институции со поевтина струја

економија4 дена ago

РЕС одбележува една година постоење – компанијата донесе најповолно снабдување со електрична енергија среде енергетската криза

банки5 дена ago

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

свет1 недела ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

економија7 дена ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

македонија7 дена ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија1 недела ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

банки7 дена ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

економија7 дена ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација