Connect with us

македонија

Како со дигитализација до подобри работни места

Вештини за иднината

објавено

на

Во рамките на проектот „Премостување на јазот кај вештините за создавање нови и подобри работни места“, поддржан од Британската амбасада, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) неодамна организираше  еднодневна медиа работилница насочена кон истражување на клучните теми кои беа и проектни активности во изминатиов период. Новинарите имаа одлична можност од прва рака да ги слушнат резултатите од проектите интервенции на терен насочени кон три клучни индустрии (текстилна индустрија, градежништво и обновливи извори) и тоа преку дигитална трансформација на работните процеси и усвојување нови вештини и креирање нови работни места.  

Во рамките на проектот „Премостување на јазот кај вештините за создавање нови и подобри работни места“, поддржан од Британската амбасада, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) неодамна организираше  еднодневна медиа работилница насочена кон истражување на клучните теми кои беа и проектни активности во изминатиов период.

Новинарите имаа одлична можност од прва рака да ги слушнат резултатите од проектите интервенции на терен насочени кон три клучни индустрии (текстилна индустрија, градежништво и обновливи извори) и тоа преку дигитална трансформација на работните процеси и усвојување нови вештини и креирање нови работни места.  

Билјана Северинова, сертифициран тренер за дигитализација, на почетокот  истакна дека за зголемување на конкурентноста на компаниите, но и за подобрување на личната конкурентност на секој од нас на пазарот на труд, во контекст на новата реалност предизвикана од процесите на дигитализација, секој треба да се стреми кон дигитална трансформација на своите работни процеси и вештини.

Дигиталната трансформација накусо кажано е процесот на интеграција на дигиталните технологии во сите оперативни области преку дигитален бизнис модел, објасни Северинова.

Што е, а што не е дигитална трансформација

„Што се’ e , а што не е дигитална трансформација. Да ги расчистиме овие термини, пред се’. Дигиталната трансформација значи комплетно нова употреба на дигиталната технологија. Toa e дигитално решение кое води до нови видови на креативна иновација. Интеграција на комплексни дигитални технологии во различни домени на компанијата. Но, не е само за ИТ фирми и банки. И не подразбира само купување на нови компјутери за вработените, отворање на веб продавница, пренасочување на е-банкинг или да се имплементира нешто што само почнува на ‘E’, како е-бизнис, е-комерц… Дигиталната трансформација не значи ниту користење на Facebook за маркетинг или поединечни обиди да се биде ‘иновативен’ и ‘агилен’. Дигиталната трансформација е начин на размислување, стратешка алатка за раст и развој на компанијата.”, објасни Северинова.

Придобивките од дигитализацијата за една компанија се повеќекратни: се оптимизираат процесите на работењето; се добиваат нови и подобрени производи и услуги; се зголемува продуктивноста; се добиваат побрзи, подостапни и попрегледни информации за бизнисот; растат нарачките, продажбата и приходите; поголемо е задоволството кај клиентите и вработените; се зголемува транспарентноста; се отвора простор за иновации; се намалуваат трошоците за инфраструктура, итн.

За жал, како што истакна Северинова, во Македонија според единственото истражување досега за дигиталната зрелост на малите  и средни компании, спроведено од Македонски Телеком и агенцијата Ипсос, само 28% од компаниите во примерокот од 530, покажале дека се дигитално зрели, додека 30% се со ниска дигитална зрелост и 42% со средна дигитална зрелост.

Она што е карактеристично за дигитално зрелите компании е што 98% од нив имаат компаниска веб страна; практично 100% користат социјални медиуми; 90% користат софтверски алатки; 39% користат дигитален маркетинг, но само 12% од нив овозможуваат плаќања преку своите веб страници.

Меѓу компаниите со ниска дигитална зрелост, ниту една нема компаниска веб страница; не користат социјални медиуми или дигитални алатки  и промоции по дигиталните канали; додека најдобри се во делот на користење софтверски алатки релевантни за нивната дејност, каде што се покажало дека 61% го прават тоа. Само 32% користат некаква интернет заштита, и исто толкав процент користат дигитални сертификати.

Како препораки за дигиталната трансформација, Северинова истакна да се вклучат сите членови на компанијата во процесот на едукација и користење на дигиталните алатки, како и да се вклучат консултанти.

„Потребно е да се интегрира дигиталната стратегија во секоја пора на компанијата и бизнисот, а исто така и технологии како cloud computing, вештачка интелигенција, виртуелна реалност, итн.“

Дигитална трансформација на градежништвото со помош на BIM

Градежната индустрија подразбира поставување и изградба на инфраструктура и други индустриски модели – основа на националните и глобалните економии. Новите технолошки методологии и алатки бараат од сите чинители во синџирот на градежни вредности да ги прилагодат и развијат своите стратегии за справување со новата „нормалност“ во индустријата и да направат промени кои се однесуваат на водечките технолошки процеси, неопходни во овој современ начин на живот.


Една од најатрактивните и најбарани современи методологии е градежното информатичко моделирање (Building Information Modeling – BIM).

Токму за придобивките од BIM зборуваше Игор Панчевски, експерт по нови технологии во градежништвото, којшто објасни дека тоа е всушност процес на креирање и менаџирање на податоците во градењето базирано на 3Д модели.

„BIM овозможува да се централизираат сите информации за градењето во дигитален, уникатен  и пресметлив модел. Оваа алатка обезбедува конзистентност и координација за време на целиот животен циклус на една градба, од дизајнот до рециклирањето. Овој процес помага да се решат проблемите пред тие да доведат до доцнење во градежните фази и поскапување на самиот проект. BIM на едно место ги носи сите технички информации поврзани со структурата на градбата и овозможува споделување на овие информации.“, објасни Панчевски.

Со користење на BIM се здобивате со повеќе податоци и може да ги проширите и подобрите вашите стратегии.
Според еден график што го сподели Панчевски на работилницата, а чијшто извор е EU BIM Task Group, продуктивноста во секторот градежништво заостанува зад сите останати сектори во економијата, како што е производството, земјоделството, транспортот, комуналните услуги , итн.

„Токму затоа BIM e вистински двигател за градежната индустрија. Во 2014 година Европската комисија објави во една своја директива препорака до сите земји членки да користат специјални дигитални алатки како што е BIM при договори за проектирање и изведба на јавни работи.“, рече Панчевски.

BIM не е алатка што е измислена вчера, што се вели. Првиот BIM концепт претставен на персонален компјутер е уште од 1984 година, додека фразата „градежно моделирање“ е употребена првпат во 1986 година, од страна на Роберт Аиш, софтверски инженер, додека почетоците на она што се смета за модерен BIM се од пред дваесетина години.

„BIM е еволуција, а не револуција“, истакнува Панчевски, објаснувајќи дека денес во повеќето развиени економии оваа алатка наголемо се користи во градежните проекти. Норвешка, Данска, Финска и Шведска се глобални лидери во усвојувањето и спроведувањето на BIM за сите јавни објекти. Во САД, преку 70% од градежните фирми користат BIM, додека во Франција, до 2017 година 500 илјади куќи се проектирани со BIM.

Панчевски истакнува дека во Македонија се соочуваме со речиси никаква побарувачка за BIM, недостиг на вештини за имплементација на оваа алатка, како и непостоење на култура за истовремена соработка на сите учесници во поедините фази на градењето – архитектура, машинство, електрика, итн., при проектирањето.

„За да го фатиме чекорот со светот, свој придонес треба да дадат приватниот сектор (градежните компании, проектантските бироа), индустријата и професионалните тела (компаниите за градежни материјали, коморите и професионалните асоцијации), како и државните институции“, вели Панчевски.

Како текстилната индустрија да стане поконкурентна?

Текстилната, е уште една од традиционалните индустрии, покрај градежништвото, каде што беа насочени напорите на платформата Skills4Future.mk во рамки на проектот “Премостување на јазот кај вештините за создавање нови и подобри работни места“, за воведување нови технологии со цел да се постигнат промени на дигитална трансформација.

Модниот дизајнер и професор Никола Булески, преку студија на случај, објасни кои се предностите на 3Д моделирањето во текстилната индустрија, наспроти традиционалното.

„Со користење на 3Д дизајн софтверот Vstitcher, ние заштедуваме време, финансии и го намалуваме загадувањето.“, истакна Булески.

Тој го претстави примерот на изработка на мостри за парче облека за еден клиент, моден бренд, каде што процесот со традиционалниот начин чини речиси два пати поскапо одошто со примена на 3Д моделирањето со помош на споменатиот софтвер. Намалениот трошок само за едно парче облека, на пример, долни женски тренерки, само за моделирањето, изнесува над 5.000 евра за една сезона.

“Ова се новите технологии што ние мораме да ги користиме во нашата текстилна индустрија, ако сакаме да излеземе од стереотипот дека таа е со ниска додадена вредност, слабо платени работни места, неатрактивна… Таква ќе биде се’ додека користиме застарени машини и технологии. Новите технологии не се евтини во старт, но ги гледате ефектите на заштеда, а да не зборуваме за поголемата ефикасност и продуктивност. Нам клучни проблеми во текстилната индустрија ни се токму ниската продуктивност и недостигот на работна сила. Затоа, само со автоматизација, извоз на целосен пакет на производ, како и поврзување на индустријата со едукативните центри, може да излеземе од моменталната состојба“, порача Булески.

И на крајот, професорот и претприемач Илија Насов, објасни за обновливите извори на енергија со посебен осврт на соларната енергија во комбинираните системи и потребата од нови работни места.

Насов, којшто е еден од пионерите во домашното производство на фотоволтаични системи, објасни дека доколку продолжиме со моменталната стапка на индустриски развој, експанзија на градежни проекти, потрошувачка на електрична енергија, нема да може да ги достигнеме зацртаните цели на ЕУ за нула емисија на стакленички гасови до 2050 година, колку и да се инвестира во обновливи извори на енергија, затоа што тие нема да бидат доволни во овие напори.

„Има два начини да се реши овој предизвик: да се зголеми користењето на  обновливите извори на енергија – сонце, ветер, хидроенергија, биомаса, геотермална енергија, зелен водород. Или пак да се намали потрошувачката на енергија. Само колку за илустрација, зградите користат 40% од целата енергија на планетава, и со 36% придонесуваат во емисија на штетните гасови во атмосферата. Тука е и индустријата, транспортот, итн. “, објасни Насов.

Тој се осврна подетално на потенцијалите на сончевата енергија за производство на струја, спомнувајќи го фактот дека во 2019 година светскиот пазар за фотоволтаици пораснал за 12%, на рекордни 115 гигават часови инсталиран капацитет, додека капацитетот на загревање со помош на соларната енергија достигнал 479 гигавати.

„Побарувачката за фотоволтаици се зголемува постојано, особено сега во контекст на актуелните случувања со цената на струјата на коишто сме сведоци последниве месеци. Фотоволтаиците стануваат најконкурентната опција за производство на струја во растечки број на локации – за станбена или индустриска примена. “, рече Насов.

Тој потоа објасни дека во оваа сфера постојано се случува напредок и иновации,  и се лансираат нови типови на фотоволтаични панели со зголемена ефикасност, моќност, потоа флексибилни панели, повеќеслојни полу и целосно проѕирни панели, пловечки панели по водни површини, панели отпорни на прашина, панели за активни фасади на згради, итн.

економија7 часа ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија15 часа ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании19 часа ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет19 часа ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион19 часа ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија19 часа ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија19 часа ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија19 часа ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју19 часа ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија19 часа ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија1 недела ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија7 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

свет3 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

банки5 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

интервју19 часа ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија19 часа ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

македонија19 часа ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

Best CBD Oil for Pain


Best CBD Oil for Anxiety


CBD Gummies


Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil