Connect with us

свет

Како турнејата на Тејлор Свифт може да ја поправи економската слика на Европската унија

Зошто концертите на Тејлор Свифт не се само обичен настан

објавено

на

Со цел да се предвиди потенцијалното влијание на европската турнеја, важно е да се испитаат моделите и трендовите забележани за време на минатите турнеи на Тејлор Свифт, односно деловите од Eras во САД и Азија. Во САД, нејзината турнеја генерираше неверојатни пет милијарди долари потрошувачка, од кои голем дел се припишува на малопродажбата. Во исто време, Туристичката асоцијација  на САД соопшти дека бројката е поблиску до 10 милијарди долари ако се земе предвид индиректната потрошувачка од оние кои не присуствувале на концертите, но учествувале во потрошувачката поврзана со настаните.

Тејлор Свифт, глобалната поп сензација, со години доминира во музичката индустрија, а со своите мега турнеи предизвикува глобална бура. Хистеријата е дотаму отидена, што билети за нејзините концерти од препродавачи се продаваат и по 20-30 пати повисока цена од регуларната, а неретко обожаватели од САД, на пример, доаѓаат во Европа каде што ѕвездата има концерти, затоа што им било поевтино да платат авион и сместување и да купат билет, одошто само да купат билет за некој концерт во САД.

Нејзината турнеја The Eras  е најголемата турнеја  на сите времиња по речиси секој параметар. Со повеќе од една милијарда американски долари приход во 2023 година, а истиот се очекува и оваа година, таквото влијание врз економијата доведе до развој на феноменот познат како „Свифтономика“ (Swiftonomics). На 9 мај, во Париз започна долго очекуваната европска турнеја, а аналитичарите на Freedom24 ги анализираа потенцијалните можности за компаниите и ефектите врз светските економии.

Разбирање на концептот на Swiftonomics

Во Азија, каде Сингапур, Јапонија и Австралија беа домаќини на Свифт и нејзината екипа, имаше локализирани ефекти. Во Сингапур, приливот на посетители на концертите, наводно, ја поттикнал продажбата на мало и растот на бруто домашниот производ. За време на кратката посета на Тејлор Свифт на Јапонија, дошло до  локален раст во одредени сектори како што се домувањето и транспортот.

Swiftonomics, термин создаден за да го опише економското влијание на турнеите на Тејлор Свифт, стана предмет на восхит и анализа во последниве години. Турнејата Eras започна во март 2023 година и продолжува сѐ до ноември 2024 година. Ефектите, иако највидливи во земјите со помали економии, привлекуваат внимание ширум светот и ја  прават турнејата една од најпрофитабилните во историјата на популарната музика. Одредени аналитичари отидоа дотаму што го споредија економското влијание на нејзините концерти со она на Супер Боул финалето во американски фудбал.

Иако се зборува дека одредени турнеи може да имаат значително влијание врз економијата, бројките досега не биле доволно големи за да направат разлика во однос на економскиот раст, но илустрираат одредена склоност кон трошење. Луѓето сè уште се подготвени да трошат пари на добра и услуги што им се потребни, а тоа особено важи во услужниот сектор, каде што поради намалената побарувачка за време на  пандемијата, по неа потрошувачите трошат пари на искуства и патувања.

Турнејата “Eras” во САД и Азија

Со цел да се предвиди потенцијалното влијание на европската турнеја, важно е да се испитаат моделите и трендовите забележани за време на минатите турнеи на Тејлор Свифт, односно деловите од Eras во САД и Азија. Во САД, нејзината турнеја генерираше неверојатни пет милијарди долари потрошувачка, од кои голем дел се припишува на малопродажбата. Во исто време, Туристичката асоцијација  на САД соопшти дека бројката е поблиску до 10 милијарди долари ако се земе предвид индиректната потрошувачка од оние кои не присуствувале на концертите, но учествувале во потрошувачката поврзана со настаните.

Во Азија, каде Сингапур, Јапонија и Австралија беа домаќини на Свифт и нејзината екипа, имаше локализирани ефекти. Во Сингапур, приливот на посетители на концертите, наводно, ја поттикнал продажбата на мало и растот на бруто домашниот производ. За време на кратката посета на Тејлор Свифт на Јапонија, дошло до  локален раст во одредени сектори како што се домувањето и транспортот. Нејзината посета на Токио донесе милиони долари за јапонската економија (најмногу на транспортот и сместувачките објекти), а и Мексико Сити на северноамериканскиот континент исто така доби значителен економски поттик. Авиокомпанијата Ер Нов Зеланд извести за зголемена побарувачка за летови до Австралија, додека канадскиот премиер Џастин Трудо замоли да се одржат концерти и во Канада.

Европски очекувања: влијание врз различни сектори

Инвеститорите дефинитивно ќе го видат доаѓањето на Тејлор Свифт како можност за инвестирање во различни сектори. Во поголемите европски економии, како што се Обединетото Кралство и Еврозоната, целокупното макроекономско влијание може да биде ограничено. Сепак, локални ефекти може да се појават во помалите економии како што се Ирска, Холандија и Австрија. Овие ефекти може да се манифестираат во сектори како што се угостителството, транспортот и малопродажбата.

Хотелите, рестораните, транспортните услуги и локалните атракции може да очекуваат голем број обожаватели што доаѓаат на  концертите, што најверојатно ќе резултира со зголемен приход. Продажбата на облека и стока брендирани со ликот на Тејлор Свифт, исто така, се очекува да се зголеми, како на концертните места, така и на интернет, при што трговците на мало и платформите за е-трговија веројатно ќе доживеат зголемена побарувачка. Забавната индустрија и промотерите исто така треба да ги искусат позитивните ефекти од нејзините настапи, додека платформите за стриминг сигурно ќе имаат корист од поголем ангажман на корисниците и зголемена продажба.

Актуелната турнеја на Тејлор Свифт којашто почна лани,  насловена The Eras,   е најголемата турнеја  на сите времиња по речиси секој параметар. Со повеќе од една милијарда американски долари приход во 2023 година, а истиот се очекува и оваа година, таквото влијание врз економијата доведе до развој на феноменот познат како „Свифтономика“ (Swiftonomics).

Акции кои би можеле да имаат корист од турнејата Eras

Инвеститорите кои сакаат да ги искористат предностите на Swiftonomics ги истражуваат можностите со компании за забава, организатори на настани, компании за угостителство и платформи за стриминг. Затоа, би било корисно да се истражат можностите со компании како Spotify, Disney или Booking.

Spotify доминира на пазарот за стриминг со удел од 31 отсто, додека Tencent е втор со 14 отсто. Присуството на Тејлор Свифт значително придонесе за успехот на Spotify. Поради неа тие достигнаа 100 милиони слушатели месечно, а последните финансиски резултати ги надминаа очекувањата.

Иновациите како што се системот за препораки помогнат од  вештачка интелигенција и персонализираните плејлисти, како и вложувањата во подкасти и аудио книги, го разликуваат Spotify од конкуренцијата и им носат рекорден профит и стабилни акции. Претплатниците на премиум опцијата носат стабилен приход, а мерките за намалување на трошоците дополнително ја подобруваат нивната профитабилност. Затоа, не е чудно што Spotify има за цел да го зголеми бројот на корисници на една милијарда до 2030 година.

Инвеститорите се наклонети исто така и кон лидерството и стратегијата на Disney, а стратешкото партнерство со Тејлор Свифт и Epic Games сигурно ќе биде чекор напред за нив. Disney + ексклузивно ќе го емитува концертниот филм на Тејлор Свифт, нагласувајќи ја нивната сила во испораката на медиумски содржини. Со разновидно портфолио, Disney користи синергии меѓу своите сегменти за раст. Под водство на Боб Игер, фокусот е на инвестициите во забавните паркови и профитабилноста на стриминг сервисите. И покрај предизвиците, Disney покажува напредок, особено со преминот на спортскиот канал ESPN на стриминг.

Прилика за паметните инвеститори

Booking Holdings Inc. со години доминира во онлајн туристичката индустрија со платформи како Booking.com, Priceline и Kayak и е атрактивен избор за инвеститорите кои бараат можност во туристичката индустрија и потенцијалните придобивки од туризмот со музички и други настани. Веруваме дека ќе има голема корист од побарувачката за патување во градовите каде што се одржуваат концертите, како и во околината. Силните финансиски резултати и способноста за прилагодување на промените ќе обезбедат долгорочен раст.

Европската турнеја на Тејлор Свифт е повеќе од само музички настан; тоа е катализатор за економската активност и интересот на инвеститорите. Додека „свифтономиката“  продолжува да го обликува економскиот дискурс, можеме да бидеме оптимисти за потенцијалот на турнејата да ги зајакне секторите како што се туризмот, трговијата на мало и забавата. Иако макроекономските перформанси може да се разликуваат од регион до регион, локализираните ефекти нудат можности за инвестирање за паметните  инвеститори усогласени со ритамот на Swiftonomics.

банки2 дена ago

Со голем настан Македонската шаховска федерација ќе одбележи еден век постоење на Светската шаховска федерација ФИДЕ

македонија5 дена ago

Комерцијална банка со поддршка за македонскиот фудбал и во наредните три години

банки5 дена ago

Прокредит банка со нова модерна филијала во Гостивар

македонија5 дена ago

Донаторскиот кружок на КОНЕКТ по 5-ти пат покажа филантропија на дело: Собрани еден милион денари здружени донации за влијателни иницијативи

банки6 дена ago

ПроКредит е единствена банка во Македонија оценувана од Fitch Ratings

банки7 дена ago

Нова зелена бизнис кредитна линија на ПроКредит Банка и ЕБОР со поврат на средства до 10% за инвестиции во одржливи решенија

македонија1 недела ago

Приближувајќи се кон првата декада со бројни успеси – 8 години ги зајакнуваме носечките столбови на уникатното хотелско угостителство во Скопје Мериот Хотел

менаџмент / маркетинг2 недели ago

Како да се водат состаноци: не мора да се долги, мачни и здодевни, може и поинаку

регион2 недели ago

Во Хрватска платите растат двојно побрзо одошто просекот на ЕУ: работодавците бараат покачувањата да се врзат со продуктивноста

свет2 недели ago

Како турнејата на Тејлор Свифт може да ја поправи економската слика на Европската унија

македонија1 недела ago

Приближувајќи се кон првата декада со бројни успеси – 8 години ги зајакнуваме носечките столбови на уникатното хотелско угостителство во Скопје Мериот Хотел

банки7 дена ago

Нова зелена бизнис кредитна линија на ПроКредит Банка и ЕБОР со поврат на средства до 10% за инвестиции во одржливи решенија

македонија5 дена ago

Донаторскиот кружок на КОНЕКТ по 5-ти пат покажа филантропија на дело: Собрани еден милион денари здружени донации за влијателни иницијативи

банки6 дена ago

ПроКредит е единствена банка во Македонија оценувана од Fitch Ratings

банки5 дена ago

Прокредит банка со нова модерна филијала во Гостивар

банки2 дена ago

Со голем настан Македонската шаховска федерација ќе одбележи еден век постоење на Светската шаховска федерација ФИДЕ

македонија5 дена ago

Комерцијална банка со поддршка за македонскиот фудбал и во наредните три години