Connect with us

македонија

Како шкрабаниците стануваат уметност 

Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

објавено

на

Од едноставни скици до сложени ремек-дела, сите натпреварувачи кои поминаа низ креативниот чкртачки процес на Red Bull Doodle Art настанот во Бреинстер  потсетуваат дека најубавите работи во животот доаѓаат од наједноставните почетоци.

Red Bull Doodle Art настанот кој во соработка со Бреинстер (Brainster)  се одржа на 18.03 уште еднаш покажа како се прославува безграничната креативност и неограничениот потенцијал што лежи во секој од нас. Од едноставни скици до сложени ремек-дела, сите натпреварувачи кои поминаа низ креативниот чкртачки процес потсетуваат дека најубавите работи во животот доаѓаат од наједноставните почетоци.


Мајка и ќерка, архитекти, дизајнери, студенти од креативните Бреинстер Академии, креативни души кои сакаат да го ослободат својот внатрешен уметник и да му покажат на светот за што се способни…Ова се само дел од лицата кои таа сабота поминаа низ канцелариите во Бреинстер и оставија дел од себе на белиот лист хартија со надеж дека можеби ќе го освојат и жирито и ќе добијат вредна награда.

Уште рано утрото првите креативци се појавија спремни да покажат што знаат и умеат, па како минуваше денот, оригиналните дела почнаа да се множат . Од разговорот со повеќето од натпреварувачите дознавме и каде ја бараат нивната инспирација, што ги мотивирало да се пријават и која награда ја посакуваат.

Многу натпреварувачи, уште повеќе соништа

Марко Донев кој учи на Академијата за графички дизајн на Бреинстер и има 20 години, за првпат учествува на ваков натпревар. Вели дека сакал да проба дали може од шкрабаница да направи уметничко дело. Од она што можевме да го видиме, дефинитивно оди кон таа насока.

Марко Донев кој учи на Академијата за графички дизајн на Бреинстер и има 20 години, за првпат учествува на ваков натпревар. Вели дека сакал да проба дали може од шкрабаница да направи уметничко дело. Од она што можевме да го видиме, дефинитивно оди кон таа насока. До него беше и неговата колешка од Академија, Габриела Манова (21) која ни сподели дека многу ужива во часовите во Бреинстер и дека ваквите настани додаваат голема вредност на самиот образовен процес.

„Главна инспирација ми е секако Red Bull и самата тема, нивниот брендинг ми е многу интересен. Но, конкретно Мac Мiller и албумот Wings ми се нешто од што тргнувам во моментов, па ќе видиме што ќе испадне на крај. Сум правел шкрабаници дома, но не и за натпревар. Посакајте ми среќа“, ни рече Марко.

До него беше и неговата колешка од Академија, Габриела Манова (21) која ни сподели дека многу ужива во часовите во Бреинстер и дека ваквите настани додаваат голема вредност на самиот образовен процес.

„Многу сакам да цртам, а вакви чкртаници имам по сите мои книги и тетратки и тоа го правам откако знам за себе. И јас сум првпат на натпревар. Почнав со идеја дека сакам да добијам некаков цртеж што ќе асоцира на Red Bull, па еве почнав со прасињата што летаат кои ги гледаме на нивните реклами. Ако победи мојот цртеж, од наградите ќе одберам студии на Бреинстер Некст колеџ (Brainster Next College)“, ни се пофали таа.

Што им е заедничко на победничките Red Bull Doodle Art креации?

Што им е заедничко на сите победнички чкртачки дела на глобалниот Red Bull Doodle Art натпревар го прашавме Марко Гугоски, кој е дел од организацијата на овој настан.

„Едноставно кажано да е позитивен. Да е уникатен секако, но важно е да го има оној „го сакам животот“ агол. Да е позитивен, да гледа на убавата страна на животот, тоа е тематиката која се провлекува во сите победнички цртежи. Едноставно, кога

ќе ја видиш шкрабаницата да се почувствуваш убаво и позитивно“, вели Марко.

Тие со настанот сакаат да им дадат крилја на младите уметници и да им кажат колку е значајно чкртањето во тетратка и дека тоа може да биде почеток кон многу исполнителна кариера.

„Самиот факт што од кога постои настанов се случува голем дел од луѓето да продолжат да се занимаваат со цртање или графички дизајн или станале артисти ни кажува дека вакви натпревари се навистина потребни. Самото чкртање ја вежба раката понатаму за креирање на цртежи и уметнички дела, дали дигитални не е важно. Но важно е постојано да се чкрта и да се размислува како идејата да се претвори во цртеж. Да потенцирам дека најдобрите, покрај ваучерите од Бреинстер и од Бреинстер Некст колеџ ќе имаат шанса да работат со НФТ-уметник и својот цртеж да го претворат во НФТ-дело и можеби да направат кариера во таа насока“, ни објасни Марко.

Поддршка од Бреинстер инструкторите

Бидејќи на овој настан имаше и повеќе студенти од Бреинстер Академиите, секако дека тие поддршка добија и од дел од нивните ментори.

Викторија е архитектка која покрај оној стандарден цртачки процес како дел од нејзината работа, сака да чкрта и да ги изразува своите мисли и идеи на бел лист хартија. Ни раскажа дека порано, многу повеќе го правела ова и кога ја видела поканата за настанот посакала да дојде со нејзината ќерка.

Александар Нофитоски, кој е инструктор на Академијата за графички дизајн на Бреинстер ги следеше дел од своите студенти како напредуваат со своите чкртачки дела. Тој вели дека секој цртеж практично почнува на истиот начин, со истражување, размислување и дека е самото чкртање е многу важен процес при креирањето на вакви уметнички дела.

„Со шкрабаницата практично си ги фаќаш сите твои мисли и сѐ она што ти се апсорбирало потоа го употребуваш во повеќе скици, па употребуваш дел од нив или сите во крајното дело. За студентите многу е важен овој процес на чкртање ги учи како да ги апсорбираат сите идеи и мисли и да ги преточат во вистинско уметничко дело“, вели Нофитоски.

И мајка и ќерка се натпреваруваа на Red Bull Doodle Art

Покрај многуте студенти од креативните Бреинстер Академии, на чкртачкиот настан дојдоа и студенти од различни факултети, но и луѓе од разновидни професии кои имаат желба за цртање.

На настанот ги запознавме и Викторија и Тамара, мајка и ќерка кои дошле да пробаат да начкртаат шкрабаница за која се надеваат дека ќе ги однесе на финалниот натпревар во Амстердам.

Викторија е архитектка која покрај оној стандарден цртачки процес како дел од нејзината работа, сака да чкрта и да ги изразува своите мисли и идеи на бел лист хартија. Ни раскажа дека порано, многу повеќе го правела ова и кога ја видела поканата за настанот посакала да дојде со нејзината ќерка.

„Сите сме ние креативни, и двете мои ќерки. Јас многу сакам да цртам, постојано чкртам и кога го видов настанов решив да дојдам и едноставно да се забавувам“, ни откри таа, која додаде дека за сите што се занимаваат со цртачкиот занает, треба да знаат колку е важно и да се чкртка.

Нејзината ќерка Тамара завршила дизајн на мебел, професија за која исто така процесот на цртање е многу важен.

„Цртачкиот порив дефинитивно ми е наследен од мајка ми, во последно време се повеќе го правам тоа. Пред да почнам во главата имам некоја идеја, но никогаш не се знае што ќе излезе на крајот, може сосема во друга насока да отиде. Мојот цртеж денеска е чаша во која има кафе, но со многу други интересни елементи“, вели таа.

Го запознавме и Филип Малезанов кој студира архитектура и често учествува на ваков тип на настани. Неговиот цртеж со кој се надева дека ќе освои награда навистина привлекуваше доста внимание, па сите подзастануваа да видат како ќе го заврши.

„Секогаш сакам да си чкрткам и бидејќи имам веќе учествувано на ваков настан, знаев дека ќе биде добро организирано и интересно. На мојот цртеж можете да го забележите нашиот Македониум кој го ставив во надреална средина. Сакав да е нешто македонско, а сепак светско. Како што гледате „Македониумот“ лебди во воздух, па имаме и вонземјанин. Кога сѐ на листот ќе биде начкртано, готов сум. Се надевам дека ќе му се допадне на жирито“, ни откри Филип.

Какви награди ќе добијат победниците?

Сите натпреварувачи кои поминаа на настанот ги нацртаа своите шкрабаници, потоа ги аплицираа на платформата и со тоа влегуваат во официјалниот дел од натпреварувањето, а тројцата најдобри кои ќе ги избере жирито ќе бидат прогласени на  8 април на посебен настан.

Постојат три вида на награди за најдобрите од Red Bull Doodle Art натпреварот, а тоа се:

Го запознавме и Филип Малезанов кој студира архитектура и често учествува на ваков тип на настани. Неговиот цртеж со кој се надева дека ќе освои награда навистина привлекуваше доста внимание, па сите подзастануваа да видат како ќе го заврши.

1.Можност за патување во Амстердам (светско финале) и работа со артист-ментор за подобрување на своето дело и негова трансформација во NFT;

SWithADot –  дизајнот ќе биде инсталиран на патика, во соработка со тимот на SWithADot, а патиките ќе бидат пуштени во комерцијална продажба (лимитирана едиција);


2.Стипендии на Академијата за графички дизајн или Академијата за UX/UI дизајн на Бреинстер [I награда 100%, II награда 70% и III награда 40% финансиска покриеност на стипендијата];


3.Или попуст на школарината на Бреинстер Некст колеџ, ако победникот е заинтересиран за додипломски студии на студиска програма по UX/UI и графички дизајн [ I награда 10% попуст, II и III награда 5% попуст];

Победниците ќе бидат прогласени на посебен настан во април.

економија1 ден ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија2 дена ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании2 дена ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет2 дена ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион2 дена ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија2 дена ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија2 дена ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки6 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет5 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

македонија2 дена ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал