Connect with us

македонија

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

објавено

на

Мајка и ќерка, архитекти, дизајнери, студенти од креативните Бреинстер Академии, креативни души кои сакаат да го ослободат својот внатрешен уметник и да му покажат на светот за што се способни…Ова се само дел од лицата кои во саботата поминаа низ канцелариите во Бреинстер и оставија дел од себе на белиот лист хартија со надеж дека можеби ќе го освојат и жирито и ќе добијат вредна награда.

Red Bull Doodle Art настанот кој во соработка со Бреинстер (Brainster)  се одржа во саботата (18.03) уште еднаш покажа како се прославува безграничната креативност и неограничениот потенцијал што лежи во секој од нас. Од едноставни скици до сложени ремек-дела, сите натпреварувачи кои поминаа низ креативниот чкртачки процес потсетуваат дека најубавите работи во животот доаѓаат од наједноставните почетоци.


Мајка и ќерка, архитекти, дизајнери, студенти од креативните Бреинстер Академии, креативни души кои сакаат да го ослободат својот внатрешен уметник и да му покажат на светот за што се способни…Ова се само дел од лицата кои во саботата поминаа низ канцелариите во Бреинстер и оставија дел од себе на белиот лист хартија со надеж дека можеби ќе го освојат и жирито и ќе добијат вредна награда.

Уште рано утрото првите креативци се појавија спремни да покажат што знаат и умеат, па како минуваше денот, оригиналните дела почнаа да се множат . Од разговорот со повеќето од натпреварувачите дознавме и каде ја бараат нивната инспирација, што ги мотивирало да се пријават и која награда ја посакуваат.


Многу натпреварувачи, уште повеќе соништа

Марко Донев кој учи на Академијата за графички дизајн на Бреинстер и има 20 години, за првпат учествува на ваков натпревар. Вели дека сакал да проба дали може од шкрабаница да направи уметничко дело. Од она што можевме да го видиме, дефинитивно оди кон таа насока.

„Главна инспирација ми е секако Red Bull и самата тема, нивниот брендинг ми е многу интересен. Но, конкретно Мac Мiller и албумот Wings ми се нешто од што тргнувам во моментов, па ќе видиме што ќе испадне на крај. Сум правел шкрабаници дома, но не и за натпревар. Посакајте ми среќа“, ни рече Марко.

До него беше и неговата колешка од Академија, Габриела Манова (21) која ни сподели дека многу ужива во часовите во Бреинстер и дека ваквите настани додаваат голема вредност на самиот образовен процес.

„Многу сакам да цртам, а вакви чкртаници имам по сите мои книги и тетратки и тоа го правам откако знам за себе. И јас сум првпат на натпревар. Почнав со идеја дека сакам да добијам некаков цртеж што ќе асоцира на Red Bull, па еве почнав со прасињата што летаат кои ги гледаме на нивните реклами. Ако победи мојот цртеж, од наградите ќе одберам студии на Бреинстер Некст колеџ (Brainster Next College)“, ни се пофали таа.

  

Што им е заедничко на победничките Red Bull Doodle Art креации?

Што им е заедничко на сите победнички чкртачки дела на глобалниот Red Bull Doodle Art натпревар го прашавме Марко Гугоски, кој е дел од организацијата на овој настан.

„Едноставно кажано да е позитивен. Да е уникатен секако, но важно е да го има оној „го сакам животот“ агол. Да е позитивен, да гледа на убавата страна на животот, тоа е тематиката која се провлекува во сите победнички цртежи. Едноставно, кога

ќе ја видиш шкрабаницата да се почувствуваш убаво и позитивно“, вели Марко.

Тие со настанот сакаат да им дадат крилја на младите уметници и да им кажат колку е значајно чкратењето во тетратка и дека тоа може да биде почеток кон многу исполнителна кариера.



„Самиот факт што од кога постои настанов се случува голем дел од луѓето да продолжат да се занимаваат со цртање или графички дизајн или станале артисти ни кажува дека вакви натпревари се навистина потребни. Самото чкртање ја вежба раката понатаму за креирање на цртежи и уметнички дела, дали дигитални не е важно. Но важно е постојано да се чкрта и да се размислува како идејата да се претврори во цртеж. Да потенцирам дека најдобрите, покрај ваучерите од Бреинстер и од Бреинстер Некст колеџ ќе имаат шанса да работат со НФТ-уметник и својот цртеж да го претворат во НФТ-дело и можеби да направат кариера во таа насока“, ни објасни Марко.

Поддршка од Бреинстер инструкторите

Бидејќи на овој настан имаше и повеќе студенти од Бреинстер Академиите, секако дека тие поддршка добија и од дел од нивните ментори.

Александар Нофитоски, кој е инструктор на Академијата за графички дизајн на Бреинстер ги следеше дел од своите студенти како напредуваат со своите чкртачки дела. Тој вели дека секој цртеж практично почнува на истиот начин, со истражување, размислување и дека е самото чкртање е многу важен процес при креирањето на вакви уметнички дела.

„Со шкрабаницата практично си ги фаќаш сите твои мисли и сѐ она што ти се апсорбирало потоа го употребуваш во повеќе скици, па употребуваш дел од нив или сите во крајното дело. За студентите многу е важен овој процес на чкртање ги учи како да ги апсорбираат сите идеи и мисли и да ги пореточат во вистинско уметничко дело“, вели Нофитоски.

И мајка и ќерка се натпреваруваа на Red Bull Doodle Art



Покрај многуте студенти од креативните Бреинстер Академии, на чкртачкиот настан дојдоа и студенти од различни факултети, но и луѓе од разновидни професии кои имаат желба за цртање.

На настанот ги запознаме и Викторија и Тамара, мајка и ќерка кои дошле да пробаат да начкртаат шкрабаница за која се надеваат дека ќе ги однесе на финалниот натпревар во Амстердам.

Викторија е архитектка која покрај оној стандарден цртачки процес како дел од нејзината работа, сака да чкрта и да ги изразува своите мисли и идеи на бел лист хартија. Ни раскажа дека порано, многу повеќе го правела ова и кога ја видела поаната за настанот посакала да дојде со нејзината ќерка.

„Сите сме ние креативни, и двете мои ќерки. Јас многу сакам да цртам, постојано чкртам и кога го видов настанов решив да дојдам и едноставно да се забавувам“, ни откри таа, која додаде дека за сите што се занимаваат со цртачкиот занает, треба да знаат колку е важно и да се чкртка.

Нејзината ќерка Тамара завршила дизајн на мебел, професија за која исто така процесот на цртање е многу важен.

„Цртачкиот порив дефинитивно ми е неследен од мајка ми, во последно време се повеќе го правам тоа. Пред да почнам во главата имам некоја идеја, но никогаш не се знае што ќе излезе на крајот, може сосема во друга насока да отиде. Мојот цртеж денека е чаша во која има кафе, но со многу други интересни елементи“, вели таа.


Го запознавме и Филип Малезанов кој студира архитектиура и често учествува на ваков тип на настани. Неговот цртеж со кој се надева дека ќе освои награда навистина привлекуваше доста внимание, па сите подзастануваа да видат како ќе го заврши.

„Секогаш сакам да си чкрткам и бидејќи имам веќе учествувано на ваков настан, знаев дека ќе биде добро организирано и интересно. На мојот цртеж можете да го забележите нашиот Македониум кој го ставив во надреална средина. Сакав да е нешто македонско, а сепак светско. Како што гледате „Македониумот“ лебди во воздух, па имаме и вонземјанин. Кога сѐ на листот ќе биде начкртано, готов сум. Се надевам дека ќе му се допадне на жирито“, ни откри Филип.

Какви награди ќе добијат победниците?




Сите натпреварувачи кои поминаа на настанот ги нацртаа своите шкрабаници, потоа ги аплицираа на платформата и со тоа влегуваат во официјалниот дел од натпреварувањето, а тројцата најдбри кои ќе ги избере жирито ќе бидат прогласени на  8 април на посебен настан.

Постојат три вида на награди за најдобрите од Red Bull Doodle Art натпреварот, а тоа се:

1.Можност за патување во Амстердам (светско финале) и работа со артист-ментор за подобрување на своето дело и негова трансформација во NFT;

SWithADot –  дизајнот ќе биде инсталиран на патика, во соработка со тимот на SWithADot, а патиките ќе бидат пуштени во комерцијална продажба (лимитирана едиција);


2.Стипендии на Академијата за графички дизајн или Академијата за UX/UI дизајн на Бреинстер [I награда 100%, II награда 70% и III награда 40% финансиска покриеност на стипендијата];


3.Или попуст на школарината на Бреинстер Некст колеџ, акопобедникот е заинтересиран за додипломски студии на студиска програма по UX/UI и графички дизајн [ I награда 10% попуст, II и III награда 5% попуст];

Победниците ќе бидат прогласени на посебен настан во април.

свет6 часа ago

BlackRock, најголемиот инвестициски фонд во светот, менаџира средства колку економиите на Германија, В. Британија и Франција заедно

банки7 часа ago

ПроКредит Куманово на нова локација во строгиот центар на градот

македонија5 дена ago

@media: Иднината на пазарот за рекламирање

економија1 недела ago

Мукаетов за магазинот “The Region“: Нашите брендови се дел од секојдневието на луѓето

македонија1 недела ago

Универзитетот Американ Колеџ Скопје почна соработка со City College of New York од САД

банки1 недела ago

УНИБанка втора година по ред е поддржувач на најзначајната културна манифестација „Охридско лето“  

економија1 недела ago

Стимулирање на иновациите во Scalefocus: Како ги мотивираме ИТ професионалците да бидат иновативни

интервју2 недели ago

Гоце Сиваков:  Нашите клиенти веќе ги чувствуваат бенефитите од фактот дека УНИ Банка е дигитално и технолошки напредна банка!

економија2 недели ago

Стручна обука за општествена одговорност и прв „директорски појадок“ на Клубот на одговорни бизниси

економија2 недели ago

Мукаетов на насловна на престижниот романски магазин „Бизнис“: Романија е стратешки пазар за „Алкалоид“