Connect with us

технологии / компании

Кариерен модул на Бреинстер: Преку партнерствата со индустријата до успешна кариерна трансформација на студентите

објавено

на

Над 11.500 алумни-студенти од академиите на Бреинстер, како и студентите од ИТ-факултет Бреинстер Некст колеџ (Brainster Next College), се стекнуваат со квалитетно образование за вработување, преку работа на реални проекти, за реални компании. 

Со платформа за совладување на најбараните вештини и квалификации за вработување, водечката македонска едукативно-технолошка организација Бреинстер (Brainster), изминатите осум години на своите студенти им овозможува кариерна трансформација и професионално надградување. Над 11.500 алумни-студенти од академиите на Бреинстер, како и студентите од ИТ-факултет Бреинстер Некст колеџ (Brainster Next College), се стекнуваат со квалитетно образование за вработување, преку работа на реални проекти, за реални компании. 

Во соработка со партнери-донатори, Бреинстер постојано го иновира образованието и своите образовни програми, нудејќи пионерски хибридни можности за учење кои им овозможуваат на студентите самостојно да ја управуваат својата образовна оска, со индивидуално темпо преку флексибилна и достапна средина за учење.

Иновативниот пристап на Бреинстер подразбира и креирање на т.н „кариерен модул“ со кој студентите добиваат шанса за поперспективна иднина и кариерен напредок. Преку својот тим „Партнерства“, во соработка со компаниите, го зголемува коефициентот на вработливост на своите студенти.  Благодарение на оваа практика, се бележат дури 734 вработувања на студенти, само во последните две и пол години.

„Овој податок не го гледаме само како бројка. Го гледаме како 734 индивидуалци чиј живот се променил со тоа што ја постигнале својата главна цел – успешна кариерна транформација“,  вели Јана Тодоровска, тим лидер на „Партнерства“.

Берза на таленти

Бреинстер игра клучна улога и во поврзувањето на студентите со можностите за вработување. Сите вработливи студенти ги претставуваат на едно место преку својата „берза на таленти“ – платформа која им овозможува на компаниите да побараат соработка, да селектираат поединци чии квалификации одговараат на нивните потреби и да им понудат вработување.

„Партнерствата се обостран процес. Преку размена на идеи и заедничка работа на проекти, црпиме информации за тоа каков треба да биде „идеалниот“ студент. Врз база на тоа, ги креираме нашите програми и ги подготвуваме студентите за работа во реалниот сектор. Ова е „win-win“ ситуација – студентите учат преку работа, а клиентите добиваат ултра иновативни решенија за нивните проекти, како и професионален кадар. Нашите програми се базирани на концептот „education for employment“ (образование за вработување). Ова значи дека се креирани и посветени на практични вештини или квалификации, кои се најбарани на пазарот на трудот во моментов. Ние во Бреинстер ова го нарекуваме вработливост  – поради опсесивната посветеност кон зголемување на коефициентот на вработливост на нашите студенти“, вели Тодоровска, тим лидер на „Партнерства“.

Таа објаснува дека поголема вработливост постигнуваат преку едукативни програми фокусирани на работа на реални проекти и паралелно развивање на т.н. меки вештини кај студентите.

„Меките вештини имаат големо влијание на тоа кој студент ќе се издвои од толпата. Под вештини за вработување подразбираме: комуникациски и презентациски способности, активно слушање, структурирано говорење, преговарачки тактики, мотивација и друго. Дополнително, на студентите им помагаме да го подготват своето CV и портфолио. Токму поради ова, сите студенти на нашите академии имаат задолжителен „кариерен модул“. Овој модул го креиравме со поддршка на експерти од HR-индустријата, кои на нашите студенти им пренесуваат добри практики за како да се подготват за да стигнат до првото интервју, меѓутоа и како од прво интервју да стигнат до вработување“, додава Јана.

Партнерство со повеќе од 150 компании

Бреинстер има соработка со повеќе од 150 компании од земјава и од странство. Меѓу нив се компанијата за медицински софтвер Pabau и глобална платформа EmbedSocijal, кои своите тимови ги зајакнаа вработувајќи студенти од Бреинстер.

Повеќе од 15 студенти на Бреинстер неодамна се приклучија на тимот на Pabau. Како што вели Менаџерката за регрутирање во Pabau, Блерина Демири, „сите алумни на Бреинстер се соодветно едуцирани и обучени за одредена вештина, но и успешно се прилагодуваат на тимот на Pabau и неговата култура“.

„Вработувањето на студенти на Бреинстер го олеснува процесот на регрутирање на многу начини. На право место е силното разбирање на нашето партнерство и потребите на едни со други. Понатаму, талентите на Бреистер доаѓаат како целосен пакет, бидејќи се соодветно едуцирани и обучени со конкретни вештини. Искуството што го добиваат кога работат со различни тимови, на различни проекти, извршуваат различни улоги, се соочуваат со различни предизвици во текот на нивниот процес на обука и образование, ги подготвува за она што навистина го бараме при вработувањето, а тоа е ставот ‘да, можам’“, вели Демири.

Голем дел од студентите на Бреинстер, кои започнале како практиканти, сега се веќе full-time вработени во компаниите. Таков е примерот и со EmbedSocijal.

„Посветеноста на Бреинстер на квалитетно образование е во целосна согласност со нашата стратегија за развој на таленти. Ние очекуваме полесен и побрз пристап до висококвалификувани кандидати, со што ќе го зголемиме нашиот потенцијал за раст. Од друга страна, со поддршка на Бреинстер, го развиваме и инвестираме во нашиот најважен ресурс – нашите вработени. Ова ни помага да го зголемиме нашиот тим со талентирани професионалци кои се подготвени за предизвиците на брзорастечки стартап во Македонија. Партнерствата се одличен начин заедно да создаваме подобра работна средина во целокупната ИТ-заедница“, вели Никола Бојков, извршен директор на EmbedSocijal. 

Над 300 реални проекти на студентите

Компаниите со кои Бреинстер соработува не се само пасивни учесници во процесот на едукација и раст на студентите, туку се составен дел од целокупното искуство кое го нуди Бреинстер. Соработките се долгорочни и не се фокусирани само на реализирање на вработувања, туку и на работа на реални проекти што придонесуваат за развој на општествената одговорност и враќање кон заедницата.

Студентите на Бреинстер академиите, како и од факултет Бреинстер Некст колеџ  имаат реализирано повеќе од 300 реални проекти,  кои се имплементираат во заедницата и кои носат вредност за граѓаните. Во основа на голем дел на проектите е „tech for good“, односно користење на технологија за да стигнеме до вистинска промена. Често соработуваат со невладини организации, граѓански иницијативи и институции како: Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“, Донирај компјутер, еко-стартапот Реди рециклажа, Специјална олимпијада Македонија, Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Универзитетското студентско собрание на УКИМ, скопската гимназија „Раде Јовчевски – Корчагин“ и многу други.

Од проектите за доброто на заедницата, најактуелен е Air Care – хакатонот, на кој студентите на Бреинстер креираат апликацијата Breathe.mk. Оваа апликација, што во иднина ќе ја користат граѓаните, ќе овозможи следење и пријавување загадување на воздухот, по што на терен ќе излезат инспектори за животна средина од Град Скопје.

„Нашата компанија се заложува да креира општествено одговорни проекти, кои даваат позитивен придонес на заедницата. Како организација веруваме во инвестирање во дигитални решенија и апликации што ќе прават добро за заедницата, а исто така  веруваме дека нашите студенти ќе ги креираат тие решенија. Се надевам дека со овој хакатон ќе влијаеме Скопје, а и цела наша држава да дише почист воздух“, вели Јана Тодоровска.

Благодарение на ваквиот иновативен пристап во образованието, Бреинстер, не само што доживеа значителен раст со текот на годините, туку и ја зацврсти својата позиција како водечка и пионерска едукативно-технолошка организација во Македонија.

коментари3 дена ago

Со АмЧам на тема…Технолошката експанзија неминовно ја потенцира потребата од заштита на интелектуалната сопственост

македонија4 дена ago

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

македонија6 дена ago

Анализа на Инсајдер ИД и ЕБОР: Како „дише“ пазарот за широка потрошувачка во Македонија?

банки6 дена ago

ПроКредит Банка обезбеди дополнителни 60 милиони евра финансиска поддршка за македонските мали и средни претпријатија во соработка со ЕИФ

банки1 недела ago

Нова понуда на хипотекарен кредит од УНИБанка

економија1 недела ago

Брако ќе промовира ново електрично возило на саем во Минхен

банки3 недели ago

Годишниот Извештај за одржливост на ПроКредит Групацијата покажува значителен придонес врз општеството и животната средина

технологии / компании3 недели ago

Таман се навикнавме на четботовите, доаѓаат и AI агенти

регион3 недели ago

Букурешт, Загреб и Атина стануваат сѐ поголеми „чувари на податоци“ на светските технолошки компании

интервју3 недели ago

Марија Кукуноска: Безбедноста и заштитата се фундамент за успешен и одржлив бизнис во време на бројни ризици и кризи