Connect with us

интервју

Катица Кузманоска: Клиентите ја препознаваат УНИБанка како партнер од доверба!

Катица Кузманоска, Oдговорен директор за бизнис развој во УНИБанка АД Скопје

објавено

на

„Во УНИБанка ќе сретнете жени кои се на одговорни позиции, кои се почитувани во својата работна околина и влијателни пошироко во заедницата.“

Унапредување на банкарските производи и услуги со цел постигнување врвно корисничко искуство и воведување иновации во работењето е основа на што се базира развојната стратегија на УНИБанка АД Скопје.

Оптимизирајќи ги работните процеси, оваа дигитално напредна банка меѓу првите го започна процесот на дигитализација и во континуитет го развива мобилното банкарство. Неодамна квалитативно ја надгради и својата веб страница, збогатувајќи ја со бројни едукативни содржини, правејќи ја функционален и корисен сервис за клиентите.

Го следи пулсот на бизнис заедницата, воведувајќи атрактивни каматни стапки, со кои ги поттикнува деловните субјекти да го унапредат својот бизнис и да реализираат инвестиции. Со сите свои активности слободно можеме да кажеме дека УНИБанка дава значаен придонес кон развојот на локалната економија, поддршка на бизнисите и креирање на нови работни места.

Сигурна и стабилна, со силен растечки тренд во сите сегменти од работењето, не е случајно што минатата година акциите на УНИБанка АД Скопје беа прогласени за најпосакувани акции во земјава, а Банката доби две награди, за акција со најголем промет и најголем раст на цената. Имаме голема доверба од акционерите инвеститори, но и од штедачите и деловните субјекти, што резултираше 2023та година да биде една од најуспешните години за Банката, од самиот почеток на нејзиното работење до сега.

Сето ова е резултат на добрата стратегија за развој на Банката, како и одличниот тим, составен од врвни професионалци и експерти кои имаат јасна визија и напорно работат за да ја остварат целта.

Катица Кузманоска е дел од менаџерскиот тим на УНИБанка АД Скопје, Oдговорен директор за бизнис развој, жена лидер, храбра личност која несебично го вложува целиот свој потенцијал и енергија за Банката да одговори на сите модерни предизвици.

Кредитните продукти на Банката во континуитет се подобруваат, а ги карактеризираат и атрактивни каматни стапки. Какви други поволности се овозможени?

„Во УНИБанка се цени духот на заедништво, лојалноста и еднаквоста, а бројот на вработени постојано расте. Од вкупниот број на вработени 75% се жени, а поголемиот дел од вработените се дел од Банката повеќе години. Секоја индивидуа се цени според квалитетот и способноста, независно од полот, возраста или националноста. Сите имаат еднакви шанси за работа, напредок и градење на својата кариера. Родовата еднаквост е симбол за правичност, хуманост и висока демократска вредност, нешто за што ние во УНИБанка посебно се залагаме. Во УНИБанка ќе сретнете жени кои се на одговорни позиции, кои се почитувани во својата потесна работна околина, влијателни и пошироко во заедницата, на што сме посебно горди. Веруваме дека со подобрување на родовата еднаквост и намалување на родовата дискриминација не се постигнува само правичност, туку и економски раст, поголема конкурентност и зголемена продуктивност во едно општество.“

Каматите се навистина поволни, а паралелно овозможуваме и бројни други поволности. Фокусирани сме подеднакво како на физичките, така и на правните лица. Така на пример, сите кои онлајн ќе аплицираат за потрошувачки кредит, истиот може да го добијат без трошоци за аплицирање и без жиранти, а притоа да добијат и бонус од 1000 денари. Каматната стапка е фиксна од 5,3% за првите две години, и 7,3% за останатиот период, доколку е со вклучена полиса за ризико осигурување на живот. Истовремено сите кои ќе аплицираат за потрошувачкиот кредит од УНИБанка добиваат можност за бесплатно користење услуга мобилно банкарство. Секогаш се стремиме да понудиме нешто дополнително и корисно за клиентите.

Би ги навела и супер брзите бизнис кредити, кои се со супер атрактивни каматни стапки од само 4.90%. Овозможуваме кредит до 100.000 евра, со рок на отплата до 10 години, со хипотека и без трошоци за одобрување до 31.03.2024 г. Истите се со флексибилна намена и можност кредитот да биде искористен за инвестиции и за обртни средства.

И во иднина продолжуваме да креираме кредитни производи прилагодени на потребите и барањата на клиентите.

“Мој Буџет” е најнова функционалност на мобилното банкарство од УНИБанка АД Скопје. Кои се бенефитите?

Времето е скапоцено, и да се има апликација која е сигурен придружник и преку неа лесно да може да се управува со финансиите без вложување на дополнителен напор е навистина големо олеснување. Со алатката “Мој Буџет” се добива еден вид на личен советник, консултант, кој работи во функција на личните интереси.

Преку апликацијата може онлајн да се следи и планира трошењето на сопствените средства, едноставна е за користење и многу функционална. Потребно е само да се креира месечен буџет со поделба на трошоците по различни категории (храна, шопинг, режиски трошоци, спортски активности), да си поставиме цели за штедење и потоа го следиме трошењето по категории, со можност за графички приказ. На крај добиваме нотификација колку ни е преостанатиот вкупен буџет, но и буџетот по различни категории. Достапен е и неделен извештај за трошоците, како и инфо колку процентуално од буџетот сме потрошиле. Навистина корисна алатка која ја препорачувам за сите.

Имате и продукт “Сметка за млади”. Зошто е добро младите од рана возраст да имаат своја банкарска сметка?

Имањето банкарска сметка ја гради самодовербата и финансиската независност на младите во управувањето со сопствените финансии.

Со нивно побрзо воведување во банкарскиот и финансискиот менаџмент преку охрабрување да имаат свои банкарски сметки влијаеме на нивното созревање, на самостојноста, на нивното градење како личности. Токму затоа како Банка воведовме продукт “Сметка за млади”, кој ќе им помогне на младите на едноставен, модерен и целосно дигитализиран начин да го разберат функционирањето на финансискиот свет. Да можат од рана возраст да управуваат со сопствените средства со свесност дека тие се ограничен ресурс кој бара внимателно ракување.

Со поседување банкарска сметка се учи на одговорност, младиот човек има можност да ги следи трошоците, моменталната состојба како и да ги разбере последиците од прекумерното трошење.

Банкарската сметка ја поттикнува и нивната навика за штедење. Без разлика дали тоа е заштеда за патување, фонд за факултет или едноставно за некаков предизвик, младите луѓе ја учат важноста на поставување финансиски цели и планирање за иднината.

Овој ран вовед во штедењето влева чувство на дисциплина и предвидливост, кои се од суштинско значење за идно успешно финансиско планирање. Ова знаење е непроценливо во свет каде што финансиската писменост е исто толку суштинска како и секое академско учење.

Имањето банкарска сметка е нешто што ќе обликува одговорни, мотивирани и независни личности. Тоа познавање ќе им помогне за нивниот личен и професионален развој. Бенефитите се бројни, а УНИБанка ќе биде секогаш тука за нив!

Граѓаните имаат доверба во УНИБанка и сè повеќе се одлучуваат своите слободни финансиски средства да ги вложат токму во оваа банка. Што е причината?

Имаме продукти со конкурентни фиксни каматни стапки, кои на клиентите им даваат сигурен принос во договорниот период, а воедно и можност за неограничено дополнително вложување на средства на постоечкиот депозит. Позитивниот имиџ кој УНИБанка го ужива во земјава, а и самиот факт дека депозитите се осигурени во Фондот за осигурување на депозити, како и атрактивноста на нашите каматни стапки кои се меѓу највисоките во земјава и стигаат до 3,9%, ни дава уверување дека депозитите во нашата Банка и понатаму ќе растат.

УНИБанка е сигурна и стабилна Банка, така што ги охрабрувам клиентите токму овде да ги вложуваат своите слободни средства.

УНИБанка во 2023 има резултати за почит, постигнати во голема конкуренција во сегментот на средни банки на македонскиот банкарски пазар. Што да очекуваме во 2024?

Очекуваме позитивниот тренд да продолжи, а Банката да го зголеми и своето пазарно учество. Дигитализацијата и иновативноста на продуктите и понатаму ќе бидат наша стратешка определба, додека одржливиот развој, грижата за вработените и придонесот во заедницата наш најголем фокус.

свет6 часа ago

BlackRock, најголемиот инвестициски фонд во светот, менаџира средства колку економиите на Германија, В. Британија и Франција заедно

банки7 часа ago

ПроКредит Куманово на нова локација во строгиот центар на градот

македонија5 дена ago

@media: Иднината на пазарот за рекламирање

економија1 недела ago

Мукаетов за магазинот “The Region“: Нашите брендови се дел од секојдневието на луѓето

македонија1 недела ago

Универзитетот Американ Колеџ Скопје почна соработка со City College of New York од САД

банки1 недела ago

УНИБанка втора година по ред е поддржувач на најзначајната културна манифестација „Охридско лето“  

економија1 недела ago

Стимулирање на иновациите во Scalefocus: Како ги мотивираме ИТ професионалците да бидат иновативни

интервју2 недели ago

Гоце Сиваков:  Нашите клиенти веќе ги чувствуваат бенефитите од фактот дека УНИ Банка е дигитално и технолошки напредна банка!

економија2 недели ago

Стручна обука за општествена одговорност и прв „директорски појадок“ на Клубот на одговорни бизниси

економија2 недели ago

Мукаетов на насловна на престижниот романски магазин „Бизнис“: Романија е стратешки пазар за „Алкалоид“