Connect with us

свет

Кафето поскапува, но навиките за уживање во него остануваат исти

објавено

на

Намалувањето на производството на сурово зрнесто кафе во земји како Бразил и Колумбија, кои се едни од главните светски производители на кафе, доведе и до пораст на цените на глобално ниво. Дополнително сушите и екстремните климатски услови, како и нарушените дистрибутивни канали и логистичките проблеми предизвикани од војната во Украина, уште повеќе ја влошија состојбата, и влијаеја негативно на цената на кафето.

Пиењето свежо мелено традиционално турско кафе отсекогаш преставувало култ на рутина на овие простори. Бесценет момент, без разлика колку е тој брз или краток! Свежо мелено без хемиски додатоци со цел да го задржи традиционалниот вкус, кој луѓето го обожуваат.

И несомнено и покрај фактот дека кафето поскапува луѓето во земјава остануваат верни на домашното турско кафе произведено во земјава. Тие нема да се откажат од редовното пиење турско кафе кое го одржува нашето тело будно и го помага функционирањето на внатрешните процеси. Традиционалното кафе има бројни здравствени придобивки.

Кои се здравствените придобивки од турското кафе?

Какво и да го пиеме турското кафе, со шеќер или без него, можеме да бидеме сигурни во една работа: тоа е поздраво за нас од било кој засладен или газиран пијалак, или друго индустриско кафе на кое му со додаваат хемиски додатоци за мирис и вкус.

Турското кафе е силен антиоксидант, а секој нутриционист ќе ни каже колку се важни антиоксидансите за формирање на „првата одбранбена линија“ на нашиот телесен заштитен организам. Кафето содржи моќни антиоксиданси како полифеноли, кои делуваат кон намалување на ризикот од срцеви болести, рак и Тип 2 дијабетес. Научниците советуваат дека умереното консумирање на свежо мелено турско кафе може да го намали ризикот од дијабетес за дури 25% и значително го отстранува ризикот од развивање на Алцхајмерова болест. Исто така, научно истражување кое траеше 13 години докажа дека луѓето кои секојдневно пијат турско кафе имаат подобро и поздраво срце, а притоа ризикот од срцеви болести кај нив е 20% помал.

Исто така поради високото ниво на кофеин, турското кафе се смета како еден од најефикасните природни диуретици. Помага токсините од телото заедно со непотребните течности да се претворат во урина, па затоа се смета и како „прочистувач“ на организмот.

Кофеинот го стимулира нервниот систем и им сигнализира на масните клетки да топат калории, па затоа тој може да се најде во скоро сите суплементи за топење масти. Притоа, кофеинот го покачува нивото на епинефрин (адреналин) во крвта, со што го подготвува телото за напорна физичка активност, а тоа го прави турското кафе совршена состојка за сите оние кои редовно вежбаат. Според истражувањата, кафето го подобрува физичкиот перформанс за околу 12% и затоа докторите препорачуваат чаша црно свежо мелено традиционално турско кафе пред секое вежбање во теретана.

Зошто расте цената на кафето?

Какаото веќе одамна достигна ценовен врв, но и кафето постепено поскапува последниве години. Намалувањето на производството на сурово зрнесто кафе во земји како Бразил и Колумбија, кои се едни од главните светски производители на кафе, доведе и до пораст на цените на глобално ниво. Дополнително сушите и екстремните климатски услови, како и нарушените дистрибутивни канали и логистичките проблеми предизвикани од војната во Украина, уште повеќе ја влошија состојбата, и влијаеја негативно на цената на кафето.

Ценовните корекции се неминовна реакција, бидејќи поскапувањето е условено од голем број горенаведени фактори. Заклучокот е дека во иднина нè очекуваат повисоки цени на кафето во малопродажба.

Па така ако веќе треба да одбереме, тоа нека биде традиционалното турско кафе кое се пече и пакува во земјава, за кое имаме изградено култ, и кое е дел од културата и традицијата на овие простори.

Не е сеедно какво кафе пиете!

економија48 минути ago

Утре се одржува конференција за млади претприемачи и жени во претприемништвото во организација на ПроКредит Банка и ЕБОР

македонија4 дена ago

Цените на становите допрва уште ќе растат, побарувачката не стивнува, а трошоците се зголемени: заклучоци од втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

економија4 дена ago

Со АмЧам на тема: Предизвици во спроведувањето на заштита на правата на интелектуална сопственост

македонија5 дена ago

30 години дански конзулат и орден Витез од прва класа на Редот на данското знаме за Живко Мукаетов

македонија5 дена ago

Почна втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

македонија6 дена ago

Новото електрично возило на Грин Машинс на Брако претставено во Минхен

економија6 дена ago

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодишната Конференција за недвижности

регион6 дена ago

Италијанската мафија се реформира: рекетот и убиствата не се повеќе во мода, сега е поисплатлив финансискиот криминал

свет6 дена ago

Бајден ги крена царините на кинеските електрични возила на 100%

регион6 дена ago

Бејби Лазања ќе донесе едно чудо Скандинавци во Хрватска годинава

македонија6 дена ago

Зелена иднина за секое дете

регион6 дена ago

Бејби Лазања ќе донесе едно чудо Скандинавци во Хрватска годинава

македонија6 дена ago

Како „дише“ пазарот за широка потрошувачка во Македонија

економија6 дена ago

Македонците лани потрошиле 200 милиони евра за онлајн купување од странски е-трговци: најмногу пари потрошиле кај Wizzair и Booking, а најчесто купувале од Amazon и AliExpress

регион6 дена ago

Италијанската мафија се реформира: рекетот и убиствата не се повеќе во мода, сега е поисплатлив финансискиот криминал

македонија6 дена ago

Новото електрично возило на Грин Машинс на Брако претставено во Минхен

македонија5 дена ago

30 години дански конзулат и орден Витез од прва класа на Редот на данското знаме за Живко Мукаетов

економија4 дена ago

Со АмЧам на тема: Предизвици во спроведувањето на заштита на правата на интелектуална сопственост

македонија4 дена ago

Цените на становите допрва уште ќе растат, побарувачката не стивнува, а трошоците се зголемени: заклучоци од втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

свет6 дена ago

Бајден ги крена царините на кинеските електрични возила на 100%