Connect with us

економија

Кај десетте најголеми трговски партнери македонскиот извоз е помал за 640 милиони евра

Колку “данок наплати“ корона – кризата во првите осум месеци

објавено

на

На извозот во Германија отпаѓа речиси половина од вкупниот извоз, или 45%, и изнесува 1,57 милијарди евра во првите осум месеци, што е за речиси 25% помалку во однос на лани. Машините и транспортните уреди, како и хемиските производи (читај: катализатори за автомобили) заедно имаат пад во извозот од 22%, на 1,9 милијарди евра, што е 54% од вкупниот извоз од Македонија. Од ова, 1,3 милијарди се извоз за германските автомобилски фабрики.

За првите осум месеци годинава, извозот од Македонија се намалил за 17,6%, додека увозот е помал за 15,2%, според индексите пресметани во евра, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Како последица, пред се’, на корона – кризата, вкупната трговска размена со странство во периодот јануари – август е намалена за 16,2% споредено со истиот период лани, и изнесува 8,12 милијарди евра.

Вредноста на извозот во првите осум месеци изнесува 3,47 милијарди евра, додека увозот е 4,65 милијарди евра. Вредноста на лон извозот изнесува 629,3 милиони евра, и е за 17% помала во однос на лани, додека лон увозот е 435 милиони евра и е за 22% помала во однос на првите осум месеци лани. Трговскиот дефицит во анализираниот период е 1,18 милијарди евра, а покриеноста на увозот со извоз изнесува 74,4%, и е нешто подобрена во однос на првите шест месеци, кога изнесуваше 73,2%.

Од податоците на државната статистика се гледа дека годината добро почнала за македонските извозници, односно за 10,15% бил поголем извозот во месец јануари, потоа следел благ пад во февруари, за 1,7%, за да веќе во март се почувствува силно ударот од кризата што на глобално ниво ја предизвика коронавирусот: извозот паднал за 26,2%. Во април веќе, кога цела држава, но и остатокот од светот беа блокирани од карантините и полицискиот час, извозот паднал за 60%, на само 211,3 милиони евра, за во мај падот да се намали на 39%, и веќе во јуни трговијата да почне да закрепнува откако сите држави во светот почнаа да се отвораат од строгите карантински мерки, со пад од „само“ 7,7%. За време на летото оваа динамика продолжува, односно во јули падот на извозот е 8,1%, и веќе во август се забележува дури и раст од 0,1%, во однос на истиот месец лани.

Кај увозот, исто така, во април и мај падот е најголем, 50,8% и 35,8% респективно, за во јуни веќе падот да изнесува само 2,8%, во јули 4% и во август 9,2%.


Кај увозот, единствени категории производи што немаат пад годинава се храната, каде што има минимален раст од 0,9%, на 438 милиони евра, и каде што државава има дефицит од 213 милиони евра, потоа животинските и растителните масла, со раст на увозот од 12,8% на 31,2 милиони евра, како и категоријата стоки некласирани на друго место, со раст од 6,7%, на скромни 3,08 милиони евра.

Падот на глобалната продажба на автомобили ги погоди фабриките за делови во Македонија

Според секторите на производство, најголем удел во извозот од земјава во првите осум месеци имаат групите Машини и транспортни уреди, како и Хемиски и сродни производи, со вкупна вредност од речиси 1,9 милијарди евра или 54% од вкупниот извоз. Како што е објаснето во соопштението на Државниот завод за статистика, во овие категории влегуваат катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, итн.

Кај овие две категории се бележи помал извоз за 22% во однос на лани, додека увозот во истите категории изнесува 1,66 милијарди евра и е за 9,2% помал од истиот период лани. Земја со која е најголема трговијата со машини и транспортни уреди, како и хемиски производи е Германија, каде што од јануари до август сме извезле производи во овие две категории за без малку 1,3 милијарди евра, или 83% од вкупниот извоз во оваа дестинација.

Ова е разбирливо, со оглед дека најголемите купувачи на автомобилски делови и репроматеријали што се произведуваат речиси во целост во капацитетите на странските инвеститори во земјава, се германските производители на возила. Германија е и најголемиот трговски партнер, всушност на Македонија, држава со која имаме вкупна трговска размена од нешто над две милијарди евра или 25% од вкупната трговска размена во првите осум месеци. Меѓутоа, на извозот во Германија отпаѓа речиси половина од вкупниот извоз, или 45%, и изнесува 1,57 милијарди евра во првите осум месеци, што е за речиси 25% помалку во однос на лани.

Сите останати главни категории на производи бележат пад во извозот во првите осум месеци, поточно кај прехранбените производи падот е 5,6% и изнесува 224,5 милиони евра; кај пијалаците и тутунот падот е 7,8%, на 135,6 милиони евра; суровините (кои не се храна), освен горивата, бележат пад во извозот за 21,3% на 179 милиони евра; минералните горива и мазива се со драстичен пад од 40%, на 50,7 милиони евра; производи класирани според материјалот имаат пад од 3,5% на 538 милиони евра; и категоријата разни готови производи има пад од 18%, на 456 милиони евра.

Најголем пад кај увозот на горива

Сума сумарум, кај десетте најголеми трговски партнери, Македонија има помал извоз за 20,5% во првите осум месеци, којшто изнесува околу 2,5 милијарди евра, или за 640 милиони евра помалку од лани. Увозот од десетте најголеми трговски партнери во истиот период е 2,97 милијарди евра, што е за 15,2% или 530 милиони евра помалку од лани.

Кога сме кај увозот, единствени категории производи што немаат пад годинава се храната, каде што има минимален раст од 0,9%, на 438 милиони евра, и каде што државава има дефицит од 213 милиони евра, потоа животинските и растителните масла, со раст на увозот од 12,8% на 31,2 милиони евра, како и категоријата стоки некласирани на друго место, со раст од 6,7%, на скромни 3,08 милиони евра.

Увозот на пијалаци и тутун бележи пад од речиси 18%, на 47,3 милиони евра; суровините (кои не се храна), освен горивата, бележат пад од 4,5% на 143,5 милиони евра; минералните горива се со пад од преку 30%, на 399 милиони евра, што е разбирливо поради големиот пад на цената на нафтата на светските берзи среде пандемијата, како и намалениот обем на потрошувачка на горива карактеристичен за периодот на строгите карантински мерки во април и мај.

Кај категоријата хемиски и сродни производи, во првите осум месеци забележан е пад на увозот од минимални 1,3%, на 654,8 милиони евра. Во овој увоз доминираат производите, повторно од Германија, со 105 милиони евра, како и В. Британија со 98 милиони евра. Производите се повторно поврзани со индустријата за автомобилски делови во земјава, стационирана претежно во технолошко – индустриските развојни зони. Од В. Британија особено е значаен увозот во категоријата Производи класирани според материјалот, каде што вредноста е 505,3 милиони евра во првите осум месеци, што е 80% од вкупниот увоз од оваа земја. Најголем дел од увозот од В. Британија отпаѓа на платината и останатите благородни метали, потребни за производството на катализатори во фабриката на Џонсон Мети во Бунарџик, крај Скопје.

Голема концентрација на извозот во една земја

Извозот во Германија е речиси половина од целиот македонски извоз во првите осум месеци, додека вториот по големина извоз за земјава, оној во Бугарија, е 10 пати помал. 

Карактеристично за македонскиот извоз е што најголем дел е концентриран кај еден трговски партнер, Германија, каде што во првите осум месеци извозот е 1,57 милијарди евра, што е 45% од вкупниот извоз на македонската економија. Во Германија извезуваме најмногу машини и транспортни уреди, како и хемиски и други сродни производи, две ставки категории коишто вкупно зафаќаат речиси 1,3 милијарди евра, или 83% од целиот извоз во оваа земја. 

Од останатите категории, во Германија извезуваме разни готови производи, за 203,4 милиони евра, каде што најмногу влегуваат текстилните производи, односно лон доработките, потоа разни производи класирани според материјалот, за 44 милиони евра, итн.

Втор извозен пазар за земјава е Бугарија, каде што македонскиот извоз во првите осум месеци изнесува 167 милиони евра или речиси 10 пати помалку од извозот во Германија. Кај источниот сосед извезуваме суровини (кои не се храна) за 80,6 милиони евра, потоа разни производи класирани според материјалот, за 24 милиони евра, хемиски и сродни производи за 16,4 милиони евра, итн.

На трето место е Косово, каде извезуваме стоки во вредност од без малку 150 милиони евра во првите осум месеци. Косовскиот пазар најмногу купува храна од Македонија, за 30,2 милиони евра, пијалаци и тутун за 10,2 милиони евра, хемиски и сродни производи за 27,8 милиони евра, како и разни производи класирани според материјалот, за 39 милиони евра. Увозот од Косово е минимален, само 19 милиони евра, и затоа северниот сосед не влегува во листата на најголеми трговски партнери. Од Косово увезуваме најмногу храна, пијалаци и тутун, итн.

Од најголемите трговски партнери, Македонија има суфицит во трговијата само со Германија, од 1,07 милијарди евра, поради големиот извоз таму што го имаат фабриките за автомобилски делови и компоненти во земјава. Со сите останати имаме дефицит, а најголем е со В. Британија, од 528 милиони евра, следат Кина со 232 милиони евра, Србија со 220 милиони евра, Турција со 187 милиони евра, итн.

Continue Reading
менаџмент / маркетинг1 ден ago

10 КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ КОИ МОРА ДА ГИ ВЛАДЕЕ СЕКОЈ БИЗНИСМЕН

менаџмент / маркетинг1 ден ago

ДЕЛЕГИРАЊЕ – КАКО ДА СЕ РЕШИТЕ ОД СТРАВОТ НА ГУБЕЊЕ МОЌ И КОНТРОЛА?

менаџмент / маркетинг1 ден ago

Дру Хјустон: Не секирајте се за неуспехот; само еднаш треба да ја погодите работава.

технологии / компании1 ден ago

Пандемијата го зголеми онлајн купувањето – кој доби, кој загуби и што повеќе нема да биде исто?

економија1 ден ago

ММФ: Справувањето со здравствената криза е клучно за заштита на економијата

економија1 ден ago

Намалување на енергетската зависност од еден извор и транзиција кон чистата енергија се клучните определби за Македонија

интервју1 ден ago

Николаос Цифакис: ЕУ ќе ја изгуби политичката моќ на Балканот!

економија1 ден ago

Планирана е вкупна инвестиција од 50 милиони евра за 5 години

економија1 ден ago

Големата слика: македонската економија на среден и долг рок

свет1 ден ago

Берзите продолжуваат да растат бавно

македонија6 дена ago

„Брако“ го создаде првото возило за чистење улици на водороден погон во Европа

македонија5 дена ago

Амбасадорката Брнс на МЕФ: САД ќе ѝ помогне на Северна Македонија да изгради посилен и понезависен енергетски сектор

македонија2 дена ago

Зоран Заев: Нашата држава почива на делата на антифашизмот чиј резултат е нашата слобода!

економија3 дена ago

Почна третата Годишна конференција за е-трговија

банки4 дена ago

Комерцијална банка донираше лаптопи на ученици од 14 општини

македонија5 дена ago

Директорката на МЕПСО, Шуклева: Во инвестициски циклус сме од 163 милиони евра

економија4 дена ago

„Брзи” и „евтини” кредити за скапа и отежната реализација на капитални проекти

интервју1 ден ago

Николаос Цифакис: ЕУ ќе ја изгуби политичката моќ на Балканот!

банки2 дена ago

Доделени наградите од наградната игра „Шпаркирај нов автомобил!“

економија1 ден ago

Големата слика: македонската економија на среден и долг рок