Connect with us

економија

КБ Публикум инвест станува КБ ИНВЕСТ, со доминантна сопственост на Комерцијална банка

објавено

на

Друштвото, кое денес управува со 6 отворени инвестициски фондови со вредност од околу 110 милиони евра, на илјадници инвеститори им нуди нови можности и алтернативи за оплодување на нивниот капитал и за остварување на нивните инвестициски цели.

Во годината кога славиме 15 години успешно работење на финансискиот пазар, со задоволство ве известуваме дека КБ Публикум инвест АД Скопје станува КБ ИНВЕСТ АД Скопје, велат од КБ Публикум инвест.

Промената на името на Друштвото значи нов импулс за уште поголем раст и развој врз основа на веќе цврсто поставени вредности и стандарди во работењето.

КБ ИНВЕСТ добива дополнителен стимул за уште подобри деловни резултати благодарејќи и на засилената позиција на Комерцијална банка во акционерскиот капитал на Друштвото. Банката со зголемување на својот удел во КБ ИНВЕСТ на 78,43%, придонесе не само за јакнење на акционерскиот капитал на Друштвото туку и за додавање вредност на брендот кој веќе е синоним за доверба, одговорност и успешност.

КБ ИНВЕСТ АД Скопје како Друштво за управување со отворени и затворени инвестициски фондови, основано во 2009 година, практично беше основоположник на развојот на нов сегмент на финансискиот пазар во земјава, кој отвори нови можности за инвестирање на граѓаните и на компаниите.

Друштвото, кое денес управува со 6 отворени инвестициски фондови со вредност од околу 110 милиони евра, на илјадници инвеститори им нуди нови можности и алтернативи за оплодување на нивниот капитал и за остварување на нивните инвестициски цели. Со инвестициските фондови, кои се со различна инвестициска стратегија и се концепирани на начин да ги задоволат барањата и потребите и на најсофистицираните инвеститори, КБ ИНВЕСТ придонесе и за збогатување и развој на пазарот на капитал во земјава.

Силата на брендот КБ ИНВЕСТ произлегува од деловната политика на Друштвото кое во континуитет ги следи најсовремените трендови во светот на инвестицискиот менаџмент, понудата на финансиски инструменти, можностите за инвестирање и довербата на клиентите со кои секојдневно ги освојуваме пазарите на капитал во земјава и во странство.

Освежениот бренд КБ ИНВЕСТ сега значи и нов поттик и предизвик за уште поголеми постигнувања на задоволство на клиентите, акционерите и на целиот тим на Друштвото.

македонија3 часа ago

@media: Иднината на пазарот за рекламирање

економија4 дена ago

Мукаетов за магазинот “The Region“: Нашите брендови се дел од секојдневието на луѓето

македонија4 дена ago

Универзитетот Американ Колеџ Скопје почна соработка со City College of New York од САД

банки5 дена ago

УНИБанка втора година по ред е поддржувач на најзначајната културна манифестација „Охридско лето“  

економија5 дена ago

Стимулирање на иновациите во Scalefocus: Како ги мотивираме ИТ професионалците да бидат иновативни

интервју1 недела ago

Гоце Сиваков:  Нашите клиенти веќе ги чувствуваат бенефитите од фактот дека УНИ Банка е дигитално и технолошки напредна банка!

економија1 недела ago

Стручна обука за општествена одговорност и прв „директорски појадок“ на Клубот на одговорни бизниси

економија2 недели ago

Мукаетов на насловна на престижниот романски магазин „Бизнис“: Романија е стратешки пазар за „Алкалоид“

економија2 недели ago

Почна проектот „Бизнис лидер“ – нова, иновативна платформа за вмрежување на најдобрите од македонскиот деловен свет

банки2 недели ago

Прокредит банка со нова модернизирана филијала во Кавадарци