Connect with us

економија

Кемет Електроникс ја отвори втората фабрика крај Скопје, ќе вработи 360 луѓе

објавено

на

Во новиот капацитет, инвестиција од 25 милиони евра, ќе се произведуваат кондензатори за електрични возила.

Вториот капацитет на американската компанија „Кемет електроникс”, инвестиција од 25 милиони евра во која ќе се вработат нови 360 лица денеска свечено е отворен во технолошко индустриската развојна зона – ТИРЗ Скопје 1.  Во новиот капацитет ќе се произведуваат кондензатори за електрични возила.

Андреас Мајер, потпретседателот на „Кемет електроникс” истакна дека во новиот капацитет ќе се произведуваат кондензатори за електрични возила. Веќе е ставена во функција една линија за производство, а наскоро, како што рече, ќе бидат отворени уште две производствени линии. Со отворањето на новиот дел за 50 отсто е зголемен капацитетот на постојната фабрика, а како што најави Мајер, се планира во скоро време дополнително да се прошират капацитетите на „Кемет електроникс” во ТИРЗ Скопје 1.

„Одлуката на компанијата да го прошири производството тука е потврда за добрите економски политики кои ги води Владата и политиките што ги имаме за зголемување на платите на вработените“, рече премиерот Димитар Ковачевски на отворањето на фабриката.

Премиерот верува оти наскоро во Скопје ќе има трета фабрика на „Кемет електроникс” и вети дека како Влада ќе направат се за да се отвори таков капацитет.

Директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски посочи дека со новиот капацитет двојно ќе се зголеми бројот на вработени во Кемет електроникс и додаде дека од почетокот на годинава во ТИРЗ се вработени речиси 1600 нови вработени. Потенцира дека два пати годинава веќе се зголемени платите на вработените во ТИРЗ и најави дека ќе продолжат да инсистираат на зголемување на платите на вработените во технолошката зона.

Групацијата во чиј составен дел е и „Кемет електроникс” годишно има приход од 4,8 милијарди долари во 49-те фабрики, 47 канцеларии за продажба и 20 развојни бироа во Северна и Јужна Америка, Азија и Европа во кои работат 45 000 вработени. Произведува електронски компоненти за најпознатите светски компании.

„Кемет електроникс” својот прв капаците во земјава го пушти во употреба пред 10 години исто така во ТИРЗ Скопје.

МИА

македонија3 часа ago

Како неконтролираното кредитирање на населението се рефлектира на економијата

економија19 часа ago

Македонската берза им објасни на компаниите дека може да се финансираат и преку котација

банки1 ден ago

Со златните монети од УНИБанка купуваме дел од историјата, а ја осигуруваме иднината!

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

македонија2 дена ago

РЕС ќе почне да снабдува државни и локални институции со поевтина струја

економија4 дена ago

РЕС одбележува една година постоење – компанијата донесе најповолно снабдување со електрична енергија среде енергетската криза

банки5 дена ago

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

свет1 недела ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

економија7 дена ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

македонија7 дена ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија1 недела ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

банки7 дена ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

економија7 дена ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација