свет
Кинези ја симнаа „Тесла“ од тронот

2022 година беше уште една историска за електричните возила, со годишно производство кое за прв пат надмина 10 милиони автомобили. Ова претставува значително зголемување од бројката од 6,7 милиони во 2021 година.
Според компанија за анализи EV Volumes, кинескиот BYD Auto ја прескокна Тесла и стана „крал на електричните автомобили“, зголемувајќи го неговото производство за неверојатни 211 проценти во 2022 година. Со оглед на оваа траекторија, компанијата веројатно ќе стане првиот светски производител на автомобили што ќе произведе повеќе од 2 милиони електрични возила за една година.
Иако BYD има ограничено присуство на странските пазари, ова може да се промени многу наскоро. Компанијата планира голем продор во Европа, каде што очекува да изгради фабрики за да ги избегне царините од ЕУ за увоз на кинески автомобили. Компанијата, исто така, гради фабрика во Тајланд за производство на модели со волан од десната страна за пазари како Австралија, Нов Зеланд и Обединетото Кралство.