Connect with us

интервју

Кире Наумов: Годинава дадовме значајна поддршка на бизнис секторот среде пандемијата, во 2021 следи уште поголем ангажман на РБСМ

објавено

на

„Во 2020 година имаме пласирано околу 81 милиони евра во кредити кон домашните компании, вклучувајќи ги средствата од „Ковид” линиите, ЕИБ кредитната линија и другите кредити. Околу 78% од овие средства се наменети за мали и средни компании, како и извозни компании кои имаа потреба од поволни средства за дореализација на започнати проекти или пак реализација на нови проекти. Годинава направивме и  значителни исчекори во зајакнувањето на реалната моќ на банката за поддршка на приватниот сектор. Тука не мислам само на зголемувањето на основачкиот капитал, туку и на другите механизми кои и се дадоа на Развојна банка преку промената во матичниот закон на банката каде се зголемија активностите кои банката може да ги презема за реализација на мерки и програми на Владата.“

Развојната банка на Северна Македонија (РБСМ) по сила на нештата годинава беше една од најекспонираните институции во државава кога станува збор за справување со економските последици на здравствената криза предизвикана од ковид – пандемијата. Интересот досега за двете бескаматни  кредитни линии наменети за поддршка на компаниите што беа најпогодени од кризата  беше огромен и тие буквално беа исцрпени преку ноќ, а во тек е аплицирањето за третата „Ковид“ кредитна линија. Банката во меѓувреме доби и докапитализација од државата што ќе се искористи претежно  за новиот продукт – издавање царински гаранции, а директорот Кире Наумов најавува дека допрва ќе се почувствуваат и резултатите од другите механизми што изминатиов период законски ѝ се овозможија на РБСМ, со цел нејзина поголема поддршка на приватниот сектор во постпандемичниот период.

This image has an empty alt attribute; its file name is Kire-Naumov-89-01.jpg

Г-не Наумов, Развојната банка годинава имаше многу битна улога во ублажување на економските последици од ковид – пандемијата. Ве молам, да објасните за читателите колку вкупно кредитни „Ковид“ линии досега беа реализирани, за колку вкупно средства се работи; колку компании добија кредити?

Развојната банка имаше исклучително динамична година во која реализиравме целосно две  „Ковид” линии во вредност од 13,5 милиони евра, пласиравме 50,9 милиони евра кредити преку комерцијалните банки со каматна стапка до 1,6%, отпочнавме трета „Ковид” линија во вредност до 31 милиони евра, ги подобривме тековните производи и воведуваме нови.

Конкретно за прашањето, имавме две “Ковид” линии кои се целосно реализирани и тековно ја реализираме третата „Ковид” кредитна линија која има и грант компонента. На 7 декември го промовиравме јавниот повик, а од 16 декември почна процесот на поднесување кредитни барања кој ќе трае се’ до 30 декември 2020 година.

Преку двете реализирани „Ковид” линии успеавме за релативно краток период да поддржиме околу 1.400 домашни компании со 18 илјади вработени. Повеќе од 70% од двете „Ковид” линии се одобрени за микро компании, што за нас е показател за достапноста на линиите. Овие бескаматни кредити беа првиот инструмент за поддршка кој го реализираше банката, а кој имаше за цел брзо да ги опслужи ликвидносните потреби на домашните компании кои почнаа да ги чувствуваат негативните ефекти од Ковид-19. Третата бескаматна кредитна линија, која е специфична по тоа што има и грант компонента, се реализира тековно. Оваа линија ги таргетира микро и малите трговски друштва, ТП и занаетчии чие работење е погодено од Ковид-19.
Сите три „Ковид” бескаматни линии се со вкупен фонд од 44,5 милиони евра.

Може ли да добиеме структура на апликантите според дејноста, бројот на вработени, износот на кредит што го барале и сл., како и истава структура за тие што добиле кредити досега?

За првата бескаматна кредитна линија, за којашто јавниот повик го објавивме на 25.03, расположливите средства беа 338 милиони денари, во целост се исцрпеа на 06.04 до крајот на работното време,  со одобрени кредити од пристигнатите апликации.  

Последните податоци за кредитната линија се дека вкупно се одобрени 737 кредитни барања за компании со 6.509 вработени лица. Од нив 77% се фирми до 10 вработени, 21% се до 50 вработени, додека 2% се до 250 вработени.
Што се однесува до структурата според дејностите, најголем дел, или речиси 54% од одобрените барања беа за компании од угостителскиот сектор, 43,4% беа за транспортните претпријатија, и 5,97% од секторот туризам.

Преку јавен повик, објавен на 7.10.2020 до 14.10.2020, сите кредитокорисници на Ковид1 добија можност да се пријават доколку имаат потреба да добијат продолжување на грејс периодот за уште 3 месеци. Можноста ја искористија 392 компании од одобрени 737 кредитни барања (53%) за кои е направено продолжување на грејс периодот заклучно крајот на јануари 2021 година.

За втората бескаматна кредитна линија, од т.н. Компензациони фондови, или „Ковид2“, аплицирањето почна на 29 април, а повикот беше отворен за микро, мали и средни компании од сите дејности. Расположливите 8 милиони евра целосно се исцрпеа со последните одобрени кредити од пристигнатите апликации на ден 30.04 до 12 часот. Вкупно беа одобрени 639 кредитни барања, за исто толку компании кои вработуваат вкупно 11.325 лица.

За најмалите фирми, до 10 вработени, одобрени беа 63% од барањата, 28% беа фирми до 50 вработени и 9%, или 58 фирми, со големина од 50 до 250 вработени.

Очигледно е дека имаше голема побарувачка за бескаматните кредити откако почна реализацијата на кредитните линии. Каков е планот за поддршка на бизнисите за следната година? Предвидени ли се уште вакви „Ковид“ или евентуално „Пост – ковид“ кредитни линии?

„Ковид” кредитните линии се дизајнираа согласно потребите на компаниите и новонастанатите околности предизвикани од здравствената криза. Иако за сите имаме ограничен фонд на средства на располагање, фондот за секоја следна линија беше за неколку милиони евра поголем од претходната со цел да се обезбеди поддршка на што поголем број субјекти.

Она што е интересно да се сподели е дека и дел од другите развојни банки во регионот реализираа слични кредитни линии со 0% камата, иако чинам дека ние како банка излеговме најрано со реализација на мерките. Првите исплати од „Ковид 1” ги реализиравме веќе во првата половина од месец април.

Од аспект на кредитна поддршка, во 2021 нè очекува најпрво успешно да ја заокружиме реализацијата на третата бескаматна кредитна линија со грант компонента. Потоа следува и реализацијата на нови 100 милиони евра поволни кредити за проекти на мали и средни компании преку ЕИБ кредитната линија.
Секако, во зависност од можностите и потребите, ќе продолжиме да работиме кон зголемување на поддршката на приватниот сектор преку поволно кредитирање.

Од кои извори беа досега финансирани „Ковид“ кредитните линии и како ќе се финансираат во иднина?

This image has an empty alt attribute; its file name is Kire-Naumov-89-04.jpg
„Ковид” кредитните линии се дизајнираа согласно потребите на компаниите и новонастанатите околности предизвикани од здравствената криза. Иако за сите имаме ограничен фонд на средства на располагање, фондот за секоја следна линија беше за неколку милиони евра поголем од претходната со цел да се обезбеди поддршка на што поголем број субјекти. Во 2021 нè очекува најпрво успешно да ја заокружиме реализацијата на третата бескаматна кредитна линија со грант компонента. Потоа следува и реализацијата на нови 100 милиони евра поволни кредити за проекти на мали и средни компании преку ЕИБ кредитната линија

Сите три бескаматни кредитни линии беа финансирани од различни извори на средства кои Развојна банка ги имаше во администрирање. Првата кредитна линија беше финансирана од Посебниот Кредитен фонд, средства коишто итно се пренаменија да бидат искористени за поддршка на најкритичните сектори кои беа први на удар од негативните ефекти на здравствената криза.

Втората кредитна линија беше финансирана од средства од Компензационите фондови од јапонска и друга странска помош, кои исто така беа во износ до 8 милиони евра пренаменети во бескаматна кредитна линија за микро, мали и средни претпријатија.

Третата бескаматна кредитна линија со грант компонента е финансирана со средства од Европска Унија преку активноста ЕУзаОтпорност од ИПА програмата. Овие средства се дел од 50 милиони евра награда на државата за напредокот во интеграциониот процес, а кои државата ги пренасочи во здравството и за ревитализација на економијата преку реализација на кредитната линија „Ковид 3”, како и преку активни мерки за вработување кои ќе ги спроведува Агенцијата за вработување.

„Ковид” кредитните линии, се производи од времен карактер. Во зависност од потребите на домашните компании и она што не’ очекува во иднина, како што ќе се враќаат средствата од кредитокорисниците на овие линии, се отвора простор за нови пласмани. Останува прашање за анализа дали повторните пласмани ќе бидат во форма на бескаматни „Ковид” кредити, или пак ќе бидат слични таргетирани кредити за поддршка на раст, инвестиции и слично.

Каква е состојбата со останатите, редовните кредитни линии што одат преку Развојната банка, односно колкав износ на кредити годинава е одобрен, за кој профил на компании, дејности и сл.?

Во 2020 година имаме пласирано околу 81 милиони евра во кредити кон домашните компании, вклучувајќи ги средствата од „Ковид” линиите, ЕИБ кредитната линија и другите кредити.

Околу 78% од овие средства се наменети за мали и средни компании, како и извозни компании кои имаа потреба од поволни средства за дореализација на започнати проекти или пак реализација на нови проекти. Најголем дел од поддржаните компании се во производствената дејност и тоа 33% од одобрените средства и трговијата, која учествува со 30%. Транспортната дејност и угостителството се застапени со околу 10%, услужната дејност со 7%, здравството со 2% и 8% се други дејности.

Осигурувањето на извозот е еден од производите кои Развојната банка го нуди подолго време. Дали неизвесноста ја зголеми побарувачката за овој инструмент и се планираат ли некои измени за овој инструмент со цел да биде поконкурентен и попристапен за извозните компании?

Ефектите од здравствената криза кои се одразија врз економските текови значително ги зголемија неизвесноста и ризиците по компаниите, особено во делот на наплата на побарувањата. Интересот за осигурување на извозните и домашните побарувања е зголемен, ова особено важеше во периодот кога во Италија почнаа да се откажуваат првите нарачки и кога ризиците по побарувањата на нашите извозници беа евидентни.

Заклучно со месец октомври имаме раст на осигурените побарувања од 25% споредено со истиот период минатата година. Најголем дел од осигурените побарувања се од странски купувачи, додека осигурувањето на домашни побарувања учествува со 22%.

На крајот на првиот квартал од 2020 година, го намаливме трошокот на осигурување за домашните компании и ја зголемивме рочноста, односно го зголемивме опсегот на побарувања кои ги осигуруваме преку вклучување на побарувањата со рок на плаќање подолги од 180 дена, а до 360 дена. Дополнително, годинава отпочнавме и реализација на еден интерен проект кој ќе овозможи дигитализација и олеснување на пристапот на корисниците кои  веќе го користат производот. На овој начин ќе овозможиме полесно управување со полисите, помалку административни процедури и слично.

Во контекст на пост – пандемичниот развој  уште побитна ќе биде улогата на Развојната банка на РСМ, па ме интересира, до каде се напорите и иницијативите за нејзина докапитализација и останатите измени што одат во насока на зголемување на нејзината реална моќ за поддршка на реалниот сектор?

Неодамна Владата донесе одлука за зголемување на основачкиот капитал на Развојна банка за 3 милиони евра. Ова е прва таква одлука по единаесет години и ова особено нè радува поради тоа што де факто значи зголемување на нашите можности да ги поддржиме домашните компании од сопствените капацитети.

Конкретно, зголемувањето на капиталот кое се прави сега, ќе се рефлектира во зголемување на портфолиото на банката преку издавање на царински гаранции. Ова е нов производ за банката кој очекуваме најдоцна до крајот на јануари 2021 година да биде достапен за компаниите.Годинава направивме значителни исчекори во зајакнувањето на реалната моќ на банката за поддршка на приватниот сектор. Тука не мислам само на зголемувањето на основачкиот капитал, туку и на другите механизми кои и се дадоа на Развојна банка преку промената во матичниот закон на банката каде се зголемија активностите кои банката може да ги презема за реализација на мерки и програми на Владата. Владата го препозна потенцијалот на Развојна банка и верувам дека во иднина улогата на банката во поддршката на развојот на приватниот сектор ќе продолжи видливо да се зајакнува.

Преку Гарантниот фонд ќе се подобри и олесни пристапот до финансии на домашните компании

This image has an empty alt attribute; its file name is Kire-Naumov-89-03.jpg

Владата ги утврди деновиве контурите на државната гарантна шема преку Развојната банка. Објаснете ве молам подетално за што се работи и како ќе функционира овој механизам за поддршка на компаниите?

Државната гарантна шема е инструмент кој постои во голем број држави, некаде е посебна институција, некаде е во рамки на развојните банки. Минативе неколку месеци, заедно со Министерството за финансии, се работеше на поставување на законската регулатива за формирање на Гарантен фонд кој ќе го администрира Развојна банка, а за кој државата одвои износ од 10 милиони евра. Процесот го помагаше и техничка мисија на ММФ, а во моментов и Светска банка обезбедува свој придонес во поставувањето на шемата.

Од Гарантниот фонд Развојна банка ќе издава портфолио гаранции кон банки и штедилници за новоодобрени кредити за тековни и основни средства. Фокусот на гарантната шема ќе бидат микро, мали и средни компании. Како што е дефинирано во законската рамка, максималниот гарантиран износ за овие кредити ќе биде до 80% за тековни средства и до 50% за основни средства. Преку Гарантниот фонд ќе се подобри и олесни пристапот до финансии на домашните компании, особено во делот на колатералот. 

Она што е исклучително важно за сите нас вклучени во овој процес е да се постави инструмент кој ќе биде одржлив и на долг рок и кој ќе има шанса, по примерот на другите успешни приказни кај земјите во регионот и Европа, да биде поддржан од меѓународни финансиски институции или агенции. Така нема да зборуваме за Гарантен фонд од 10 милиони евра, туку од многу повеќе. Можноста како земја да имаме функционална и здрава државна гарантна шема претставува пред сè придобивка за компаниите во домашната економија.

економија13 hours ago

Градежниот бренд Адора и Фондацијата Новак Ѓоковиќ, со партнерска хумана мисија во Србија за подобра иднина на најмладите

економија2 days ago

Онлајн конференција „Бизнис без корупција“ во петок, 22.01

банки2 days ago

“УНИБанка” АД Скопје ќе ја исплати четвртата полугодишна камата на сопствениците на Перпетуални обврзници

економија5 days ago

Нето извозот од ТИРЗ зголемен за 17% лани

интервју5 days ago

Зоран Заев: Со стабилизирање на состојбата од пандемијата ефектите од нашите економски политики ќе бидат видливи

свет5 days ago

Демократијата одговара брутално кога е земена „здраво за готово“

економија5 days ago

Банкарите велат ќе биле „подарежливи“ со кредити годинава

македонија5 days ago

10-тото јубилејно издание на BIWC – Балкански интернационален вински натпревар 2021 година во Македонија

македонија5 days ago

„Алкалоид“ исплати новогодишен надомест од 25.000 денари за своите вработени и донираше 1,2 милиони евра за заедницата во 2020 година

економија5 days ago

Македонската економија на среден и долг рок (2)

интервју5 days ago

Зоран Заев: Со стабилизирање на состојбата од пандемијата ефектите од нашите економски политики ќе бидат видливи

економија13 hours ago

Градежниот бренд Адора и Фондацијата Новак Ѓоковиќ, со партнерска хумана мисија во Србија за подобра иднина на најмладите

економија7 days ago

10-тото јубилејно издание на BIWC – Балкански интернационален вински натпревар годинава ќе се одржи во Македонија

економија6 days ago

Неби Хоџа, СКСЗМ: Да се укине данокот на добивка до 2022 година за најпогодените компании од пандемијата

банки2 days ago

“УНИБанка” АД Скопје ќе ја исплати четвртата полугодишна камата на сопствениците на Перпетуални обврзници

економија5 days ago

Нето извозот од ТИРЗ зголемен за 17% лани

свет5 days ago

Демократијата одговара брутално кога е земена „здраво за готово“

економија2 days ago

Онлајн конференција „Бизнис без корупција“ во петок, 22.01

економија5 days ago

Банкарите велат ќе биле „подарежливи“ со кредити годинава

македонија5 days ago

10-тото јубилејно издание на BIWC – Балкански интернационален вински натпревар 2021 година во Македонија