Connect with us

македонија

Кирил Лазаров: Македонија и Бугарија  имаат сериозен проблем, а тоа е корупцијата и само таа не смее да не’ обединува

објавено

на

Најголемиот проблем за бизнисот освен дневна политика е корупцијата, истакна претседателот на Македонско-бугарската Стопанска комора на денешниот Бизнис форум во организација на Македонија и Бугарија.

Најголемиот проблем за бизнисот освен дневна политика е корупцијата истакна претседателот на Македонско-бугарската Стопанска комора, Кирил Лазаров, на денешниот Бизнис форум во организација на Македонија и Бугарија.

Кирил Лазаров беше и модератор на првиот панел дискусија во која учествуваа Антони Пешев, извршен директор на Стопанската комора на Северна Македонија, Пламен Павлов, претседател на Бугарско-македонската стопанска комора, Дрилон Исени, извршен директор на Стопанската комора на северозападна Македонија, Хајрула Мисими, директор на Агенцијата за претприемништво на Северна Македонија и д-р Бојко Таков, извршен директор на бугарската Агенција за промоција на мали и средни претпријатија

„Дали имаме сила и знаење ние бизнисмените од двете држави да  ја согледаме реалноста и да ја прифатиме новата економско-енергетски светски поредок? Дали можеме од едно да направиме две, дали од еден пазар да направиме два, дали сакаме од еден профит да направиме два. Наша задача е да умножуваме, а не да делиме. Изминатиов период и годините што изминаа беа исполнети со големи проблеми заради тоа што поминувавме од криза во криза, почнувајќи од кризата со короната, па имавме криза со економијата и енергијата, а денеска живееме и со криза која настанува како рефлексија на она што се случува со големата војна во Европа.“, истакна Кирил Лазаров.

Тој рече и дека пазарите на кои ние како држави сме премногу зависни од енергија, од  нови пазари, несвојствени миграции од исток кон запад се исклучително тешки предизвици и за најголемите економии. Запрени се традиционалните извори на енергија, прекинати се ланците за снабдување, намалена е побарувачката, а на светот во периодот што следува во најава е и голема криза со храната.

Сето ова упатува и на взаемна и итна соработка, смета Лазаров. Паметно инвестирање преку рационализирање, интелигентно и бескомпромисно штедење, но и прецизно насочување на капиталот и инвестициите ќе бидат потезите кои ќе бидат пресудни и тука и насекаде.

„Видовме дека имаме потенцијал да создадеме и креираме трговска размена од една милијарда и во светло на тоа и тука и во светот се теми како регионалната соработка, цели за одржливост, регионални предизвици и можности, трансформација во дигитални економии, олеснување на условите за водење бизнис како и справување со енергетска криза и пристапот на земјите од регионот кон кризата или поточно од денешна преспектива пристапот на двете земји кон кризата и креирање на нови можности. Имаме огромно поле за соработка, дали тоа би било во туризмот, културата, образованието, во енергијата и ИТ индустријата е прашање на приоритети. Потребно е забрзано да работиме во целосно заокружување на Коридорот 8, гасните поврзувања, новите гранични премини, новите експресни патишта и железничките поврзувања. Тврдам дека тогаш ќе имаме конкурентни економии и силен економски раст кој ќе биде блокатор младите да се престанат да иселуваат од двете држави.“, смета Кирил Лазаров, претседателот на Македонско – бугарската стопанска комора и сопственик на Никоб групацијата.

економија21 час ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up6 дена ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании6 дена ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион6 дена ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

македонија6 дена ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите

македонија6 дена ago

Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФсо младинска кампања за безбеден интернет

интервју6 дена ago

Горан Паунов: Лидери сме на пазарот за фотоволтаични  решенија по системот “клуч на рака“

економија6 дена ago

Компанијата Пантелеон ГС расте брзо, но и враќа кон заедницата

економија6 дена ago

Владата ќе „гони“ залетани трговци

интервју6 дена ago

Иван Штериев: Берзата може да се вклучи и во сегментот на пазарот на државни хартии од вредност

интервју6 дена ago

Горан Паунов: Лидери сме на пазарот за фотоволтаични  решенија по системот “клуч на рака“

интервју6 дена ago

Иван Штериев: Берзата може да се вклучи и во сегментот на пазарот на државни хартии од вредност

економија6 дена ago

Компанијата Пантелеон ГС расте брзо, но и враќа кон заедницата

македонија6 дена ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите

економија6 дена ago

Владата ќе „гони“ залетани трговци

македонија6 дена ago

Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФсо младинска кампања за безбеден интернет

свет6 дена ago

Како Тесла и Кинезите им го украдоа шоуто на германските брендови

регион6 дена ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

технологии / компании6 дена ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

start up6 дена ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор