Connect with us

македонија

Кирил Лазаров од Македонско – бугарската стопанска комора со порака до премиерите Ковачевски и Петков

објавено

на

„Создадете иднина за која ќе се зборува со силни емоции, со среќа и љубов за двата народа, за благосостојба на нашите деца. Создадете енергија за нашите народи да се почитуваат, поздравуваат и да се прегрнуваат каде и да се сретнат. Нели сме братски народи со заедничко минато и уште позаедничка иднина? Да зборуваме за гасоводи, автопати, ветерници, хидроцентрални, фотоволтаици, да ги споиме нашите народи во земјоделието, туризмот, одбраната и образованието. Имаме толку многу заедничко, а толку малку разлики, можеме многу повеќе во економијата и трговијата. Посејте го семето на пријателството наместо на омразата, тоа впрочем им го должиме на нашите деца и поколенија. “, порачува во своето отворено писмо до македонскиот и бугарскиот премиер Ковачевски и Петков, Кирил Лазаров, сопственик на Никоб и претседател на Македонско – бугарската стопанска комора.

Претседателот на македонско-бугарската стопанска комора во Македонија Кирил Лазаров упати отворено писмо до премиерите на Македонија и на Бугарија, Димитар Ковачевски и Кирил Петков во пресрет на нивната прва официјална средба денеска во Скопје. Неговото писмо го објавуваме во целост:

„Почитувани премиери на Владите на Бугарија и на Северна Македонија, господин Кирил Петков и господин Димитар Ковачевски,

Преку ова отворено писмо сакам од мое лично име како претседател на македонско-бугарската стопанска комора и од име на сите оние кои партиципираат во неа, да го изразам задоволството од најавената средба која има можност да биде и историска ако двете страни имаат поглед кон иднината. Ја имате почитта и поддршката од целата комора да пристапите кон суштинските проблеми кои ги тиштат двете општества и да најдете решенија кои на двата народа ќе донесат прогрес, иднина, работни места, економија и поврзување. Имате историска должност кон сите оние кои живеат денес и ќе продолжат да живеат и утре, или после 10, 30 или 50 години, затоа што денес ја пишувате иднината и новата историја, историја во која ќе пишува дека вие двајцата лидери сте нашле решение во кое ќе има нови автопати, нови гранични премини, во кое ќе профункционира железничката трансверзала, ќе имаме директен лет Скопје-Софија, и решение во кое ќе дефинирате иднина во која ќе се разговара колку многу наши драги соседи од Бугарија ќе дојдат во Охрид или во Маврово, а колку Македонци ќе отидат во Банско или на Сончев Брег.

Создадете иднина за која ќе се зборува со силни емоции, со среќа и љубов за двата народа, за благосостојба на нашите деца. Создадете енергија за нашите народи да се почитуваат, поздравуваат и да се прегрнуваат каде и да се сретнат. Нели сме братски народи со заедничко минато и уште позаедничка иднина? Да зборуваме за гасоводи, автопати, ветерници, хидроцентрални, фотоволтаици, да ги споиме нашите народи во земјоделието, туризмот, одбраната и образованието. Имаме толку многу заедничко, а толку малку разлики, можеме многу повеќе во економијата и трговијата. Посејте го семето на пријателството наместо на омразата, тоа впрочем им го должиме на нашите деца и поколенија. Запрете го миграцискиот пустош кој ни се случува во двете држави и договорете се да останеме тука и да живееме едни покрај други во хармонија, наместо некаде далеку, да бидеме Mакедонци и Бугари во Македонија и во Бугарија, наместо странци во Англија и во Германија. Нашите економии и трговска размена имаат огромен потенцијал за нашиот капитал и работници да останат тука. Сѐ друго е ризик за нашите држави бидејќи живееме во најтурбулентните времиња кои носат многу неизвесности и опасности изразени преку најголемата енергетска, пандемиска и економска криза.

Вие доаѓате од бизнисот, исто и јас, знаеме што е бирократија, корупција, блокади, пречки и знаете што треба да направите за да го елиминирате сето тоа. Во светло на денешната средба и заедничката иднина ја имате целокупната нашата поддршка. Ве чека многу работа, но иста цел! Направете чекори кои ќе нѐ зближат, а ние како народи ќе знаеме да го почитуваме тоа! Бидете оние кои ќе ја напишат новата економска историја и за кои ќе се зборува многу долго од денес па натаму.“

македонија7 часа ago

Анѓушев: Нема никаква основа за ограничување на мојот влез во САД, одлуката ќе ја обжалам

македонија10 часа ago

Кочо Анѓушев се најде на „црната листа“ на САД

македонија2 дена ago

Една година стратешко партнерство на Алкалоид и СОС Детско село

банки4 дена ago

Комерцијална банка прогласена за „Банка на годината во 2023“ од магазинот The Banker

македонија5 дена ago

Искористете ја лимитираната можност и уживајте во убавините на сончевата јужна страна на „Гранд Ривер“!

свет5 дена ago

Активностите за спојувања и преземања на најниско ниво од 2014 година наваму

македонија5 дена ago

Од земјата на виното и ракијата, првиот македонски џин тргна во поход да го освои светот

свет5 дена ago

Придонесот на нобеловката Голдин во разбирањето на улогата на жените на пазарот на труд

економија5 дена ago

Анѓушев: Потребно е обединување на бизнисите, силни партнерства и градење кадри!

интервју5 дена ago

м-р Елеонора Згоњанин – Петровиќ: Потребен е поголем општествен поттик за јакнење на женското лидерство

интервју5 дена ago

Кристина Камчева – Стојческа: Женското лидерство во подем – тие умеат како да создадат тим од доверба

македонија5 дена ago

Од земјата на виното и ракијата, првиот македонски џин тргна во поход да го освои светот

интервју5 дена ago

м-р Елеонора Згоњанин – Петровиќ: Потребен е поголем општествен поттик за јакнење на женското лидерство

интервју5 дена ago

Јелена Спасова: Се бориме занаетчиите да го добијат заслужениот статус во македонската економија

свет5 дена ago

Придонесот на нобеловката Голдин во разбирањето на улогата на жените на пазарот на труд

интервју5 дена ago

Родовата еднаквост, инклузивностa и еднаквите можности се темели на нашата корпоративна култура

свет5 дена ago

Активностите за спојувања и преземања на најниско ниво од 2014 година наваму

македонија5 дена ago

Искористете ја лимитираната можност и уживајте во убавините на сончевата јужна страна на „Гранд Ривер“!

економија5 дена ago

Повеќе жени во тимот, повеќе профит

македонија1 недела ago

Реализирани повеќе заеднички хуманитарни активности на „Алкалоид“ и на Црвен крст на Град Скопје