Connect with us

економија

Ковачевски: Работиме на тоа да нема поскапување на струјата, дури, во некои сегменти да има и поевтинување

објавено

на

„Драго ми е што вчера видовме податок дека во текот на вчерашниот ден се произведени над 21 мегават/час електрична енергија што е најголемо производство во еден ден во изминатите 10 години“, истакна претседателот на Владата, Димитар Ковачевски на денешната панел дискусија „Северна Македонија како зелен енергетски хаб- како да се претвори кризата во можност“. 

Зголеменото производство на електрична енергија е основа наредниот период да немаме зголемување, дури и да имаме можно намалување на цената на електричната енергија, истакна претседателот на Владата, Димитар Ковачевски на денешната панел дискусија „Северна Македонија како зелен енергетски хаб- како да се претвори кризата во можност“. 

Премиерот потенцираше дека стратегијата на Владата како и експертите ангажирани во енергетскиот сектор, придонесоа да се зголеми производството на електричната енергија, а со тоа да дојде и до намалување на цената на електричната енергија.

„Минатата година ЕСМ успеа да го зголеми производството на електрична енергија за 20% во однос на претходната година. За оваа година планот е повторно зголемување на производството на електрична енергија. Драго ми е што вчера видовме податок дека во текот на вчерашниот ден се произведени над 21 мегават/час електрична енергија што е најголемо производство во еден ден во изминатите 10 години. И тоа дава основа да може да правиме пресметки врз основа на коишто нема да има зголемување на цената на електричната енергија“ рече претседателот на Владата, на денешниот панел во рамки на годишната конференција „Година на нови можности“.

Ковачевски истакна дека иако очекувањата на сите беа дека ќе има зголемување на цената на електричната енергија на почетокот од годината, со 100% покривање на потребите за електрична енергија за домаќинствата сметките за малите потрошувачи се намалија за 20%.

„Со зголемување на производството на државните електрани имаме намалување на цената на електричната енергија во првите два блока, а таму е најголемиот број од домаќинствата кои трошат електрична енергија. Многу благо покачување во третиот блок и поголемо покачување во четвртиот блок. Четвртиот блок се практично наши граѓани кои трошат поголеми количини на електрична енергија кои загреваат поголеми површини, загреваат и базени во текот на зима, но тоа за нив не претставува проблем и добро е што тоа можат да го прават, но плаќаат нормално поскапа електрична енергија. Дополнително што е најважно, за малите компании цената на електрична енергија се намали за 20%, тоа се компании кои вработуваат 98% од вработените во државата“- истакна Ковачевски.

банки4 часа ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

македонија2 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки3 дена ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки3 дена ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

интервју3 дена ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија5 дена ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up1 недела ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании1 недела ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион1 недела ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

македонија1 недела ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите