Connect with us

економија

Ковид – кризата ги „отепа“ хотелиерите: Македонијатурист, Интернешенел хотелс и Хотели Метропол со огромен пад на приходите и со загуби

објавено

на

Македонијатурист АД, најголемата хотелска групација во Македонија објави пад на приходите од продажба за 77% во првите девет месеци од 2020 и загуба од 22 милиони денари, Хотели Метропол имаат пад на приходите од 69% и загуба од 29 милиони денари, додека Интернешенл Хотелс (х.Континентал) пад на приходите од 85% и загуба од 29 милиони денари.

Ковид – кризата, затворањата на економиите, рестрикциите на патувањата… сето ова придонесе хотелиерската индустрија во земјава, како впрочем и секаде низ светот да се соочи со огромен пад на приходите годинава. Очигледни се овие поразителни резултати и од финансиските биланси на хотелиерските компании што котираат на Македонската берза.

Македонијатурист АД, најголемата хотелска групација во Македонија, во чијашто сопственост се хотелите Холидеј Ин, Бест Вестерн, Карпош, Белви, Водно во Скопје, како и нефункционалните објекти на хотел Јадран, Бристол, итн., објави пад на приходите од продажба за 77% во првите девет месеци од 2020, коишто изнесуваат 52,9 милиони денари. Расходите на фирмата во истиот период се 125,2 милиони денари и се помали за 33%, додека резултатот од оперативно работење е загуба од 65,7 милиони денари. Загубата на крајот ќе ја ублажат финансиските приходи (камати, акции, итн.) во износ од 43,7 милиони денари, и нето загубата изнесува 22 милиони денари.
„Деловната активност на компанијата и во периодот од укинувањето на вонредната состојба на крајот на месец Јуни до крајот на извештајниот период е сведена на минимум во споредба со истиот период минатата година. Од тие причини со цел намалување на негативните ефекти од глобалната пандемија врз работењето и резултатите на Друштвото, Управниот одбор на почетокот на месец јули донесе одлука за времен прекин со деловна активност на подружниците: Бест Вестерн Хотел Турист, Хотел Карпош и Хотел Водно.“, се вели во образложението на финансискиот резултат на Македонијатурист.

Хотели Метропол, групација во чиишто рамки се три хотели на охридското крајбрежје, покажале пад на приходите од продажба во првите девет месеци од 69%, на 55,6 милиони денари. Расходите се намалени за 35% на 84,7 милиони денари, додека оперативната загуба е 27 милиони денари. Компанијата има повисоки финансиски расходи одошто приходи, па конечната нето загуба за првите девет месеци е 29 милиони денари. Од компанијата велат дека во анализираниот период нивните хотели оствариле 25.568 ноќевања, но во образложението на финансискиот резултат не пишува за колкав процент е тоа намалување.

„Остварениот финансиски резултат за овој период е негативен и очекуван имајќи предвид дека туризмот како гранка беше најподложна на голем ризик поради светската пандемија која ги затвори границите на државите, а домашните капацитети беа ориентирани главно кон домашните гости во периодот на летните месеци“, објаснуваат од Хотели Метропол.

Интернешенел хотелс, сопствениците на хотел Континентал во Скопје, оствариле вкупни приходи од 13,9 милиони денари во првите девет месеци годинава, или за 85% помалку во однос на истиот период лани. Расходите на компанијата се 42,5 милиони денари и се намалени за 44%, додека финансиските приходи изнесуваат 3,66 милиони денари. Компанијата на крајот прокнижила загуба од 28,6 милиони денари.
„Негативниот финансиски резултат од работењето Друштвото го оствари во услови на прогласена вонредна состојба во државата, поради пандемијата со корона вирусот COVID -19 , како и согласно Одлуката на Владата за привремено затварање на сите угостителски објекти и хотели. Се откажаа практично сите аранжмани за 2020 година, што влијаеше во крајна линија и на конечниот финансиски резултат на компанијата“, велат од Интернешенел Хотелс.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

македонија15 часа ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

економија1 ден ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

економија2 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

економија3 дена ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

економија3 дена ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

банки3 дена ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

македонија3 дена ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија4 дена ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

свет5 дена ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

ФЕроинвест
македонија7 дена ago

Електраните и фабриките на Фероинвест дел од студиската посета на странска делегација во програмата за борба против климатските промени

менаџмент / маркетинг1 недела ago

Инвестирајте во квалитет: Изберете дом во согласност со највисоките стандарди во градежништвото

свет1 недела ago

myWorld е избрана за #1 лојална програма во САД за 2023 година

интервју1 недела ago

Проф. д-р Игор Спироски: За дебелината мора да се зборува и преку справување со неа може да се подобри продуктивноста

интервју1 недела ago

Емилија Спировска, ПроКредит Банка: Општествената одговорност се покажува преку дела

економија2 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

интервју1 недела ago

Виктор Филиповски: Клиентите ја препознаваат УНИБанка како свој деловен партнер и поддржувач на нивниот развој

македонија1 недела ago

ESG – новиот престолонаследник во корпоративното управување

македонија1 недела ago

Пропаѓањето на Банката на Силиконската долина го стресе светскиот финансиски систем. Ќе има ли последици врз македонските банки? Не, за среќа се  конзервативни и неизложени кон странство

свет5 дена ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

економија1 недела ago

Пандемијата и кризите по неа ја променија парадигмата за компаниската општествена одговорност