Connect with us

економија

Ковид – кризата чини 130 милиони евра во приходи и 9 милиони евра загубена добивка

Анализа на работењето на акционерските друштва котирани на Македонската берза за првите шест месеци

објавено

на

Вкупните приходи на котираните компании (без банките и останатите финансиски организации) во првите шест месеци од 2020 се помали за речиси 15% или за 130 милиони евра. Годинава и помалку компании оствариле оперативна добивка, додека вкупната нето добивка на акционерските друштва што објавиле неревидиран извештај е за  16,3% или за 9 милиони евра помала во однос на истиот период лани, покажува Извештајот за перформансите на котираните компании што го објави Комисијата за хартии од вредност.

Корона – кризата го намали вкупниот приход на компаниите котирани на Македонската берза за речиси 15%, покажува Извештајот за финансиските перформанси на акционерските друштва за првото полугодие од 2020 година, што го објави Комисијата за хартии од вредност (КХВ).

Зголемување на приходите е регистрирано кај двете друштва од секторот фармација и кај дел од друштвата од секторите индустрија, земјоделство, услуги. Намалување на приходите доминира во секторите трговија со нафта, каде двете друштва регистрираа намалување на приходите од редовно работење, како и кај друштвата од секторите индустрија, трговија, угостителство и услуги.

Поточно, акционерските друштва од реалниот сектор (без банките и останатите финансиски компании)  кои објавиле полугодишни неревидирани финансиски извештаи, во првото полугодие од годината реализирале приходи од редовно работење во вкупен износ од 53,5 милијарди денари (870 милиони евра), што е намалување за 14,75% во однос на вкупно остварените приходи од редовно работење за истиот период минатата година (01.01-30.06.2019 година), кога овие друштва реализирале оперативни приходи во вкупен износ од 62,8 милијарди денари (1,02 милијарди евра).

Најголем дел од остварените приходи во првото полугодие од 2020 година се остварени од друштвата од секторите индустрија (34,45%), трговија со нафта (29,57%), услуги (13,67%) и фармација (12,70%), додека значително помало е учеството на другите сектори во вкупно остварените приходи во шестомесечјето (градежништво со 5,84%, земјоделство со 1,97%, трговија со 1,47% и угостителство со 0,33%).

Минатата, 2019 година,  најголем дел од остварените приходи во првото полугодие се остварени од друштвата од секторите трговија со нафта (36,61%), индустрија (32,18%), услуги (12,53%) и фармација (9,75%), додека значително помало е учеството на другите сектори во вкупно остварените приходи во полугодието (градежништво со 5,09%, земјоделство со 1,92%, трговија со 1,51% и угостителство со 0,41%). Кај 31 друштво  забележано е зголемување на приходите, 58 друштва реализирале помали приходи од минатата година, додека 2 друштва воопшто не оствариле приходи во 2020 година.

Зголемување на приходите е регистрирано кај двете друштва од секторот фармација и кај дел од друштвата од секторите индустрија, земјоделство, услуги. Намалување на приходите доминира во секторите трговија со нафта, каде двете друштва регистрираа намалување на приходите од редовно работење, како и кај друштвата од секторите индустрија, трговија, угостителство и услуги. Најголем дел (93%) од друштвата што регистрирале намалување на приходите во образложението имаат наведено дека намалувањето на приходите се должи на пандемијата со КОВИД-19 и нејзиното влијание на работењето на друштвата, се вели во извештајот на КХВ.

Годинава повеќе „загубари“

Од акционерските друштва кои објавиле полугодишни неревидирани финансиски извештаи, оперативна добивка во првите шест месеци годинава оствариле 53 компании,  односно 58,24% од нив го завршиле полугодието  со позитивен финансиски резултат од оперативни активности, а 38 фирми, односно 41,76% покажале негативен финансиски резултат од оперативни активности – оперативна загуба. Во однос на минатата година, забележано е влошување на успешноста во работењето на дел од друштвата. Имено, од 90 друштва, 61 друштво (67,78% од друштвата) првото полугодие од 2019 година го завршиле со оперативна добивка, додека 29 друштва (32,22% од друштвата) со оперативна загуба.

Од акционерските друштва кои објавиле полугодишни неревидирани финансиски извештаи, оперативна добивка во првите шест месеци годинава оствариле 53 компании,  односно 58,24% од нив го завршиле полугодието  со позитивен финансиски резултат од оперативни активности, а 38 фирми, односно 41,76% покажале негативен финансиски резултат од оперативни активности – оперативна загуба. Во однос на минатата година, забележано е влошување на успешноста во работењето на дел од друштвата. Имено, од 90 друштва, 61 друштво (67,78% од друштвата) првото полугодие од 2019 година го завршиле со оперативна добивка, додека 29 друштва (32,22% од друштвата) со оперативна загуба.

За истиот период во 2020 година, 55 акционерски друштва од индустријата и другите не-финансиски дејности (60,44%) оствариле нето добивка во вкупен износ од 2,88 милијарди денари (47 милиони евра), а 36 акционерски друштва  (39,56%) за првото полугодие од 2020 година искажале нето загуба во вкупен износ од 750 милиони денари (12,2 милиони евра). Минатата година, од 90 друштва, 64 друштва (71,11% од друштвата) првото полугодие го завршиле со нето добивка во вкупен износ од 3,45 милијарди денари (56,2 милиони евра), додека 26 друштва (28,89% од друштвата) првото полугодие од 2019 година го завршиле со нето загуба во вкупен износ од 504,3 милиони  денари (8,2 милиони евра). Три друштва, првото полугодие од 2020 година го завршиле со оперативна загуба, но реализирале нето добивка, односно завршиле со позитивен финансиски резултат што се должи на приходите од финансирање, а не на нивното редовно работење. Од друга страна, едно друштво полугодието го завршило со оперативна добивка, но реализирало нето загуба.

Од 55-те акционерски друштва од стопанството кои оствариле нето добивка во првото шестмесечје оваа година, 3 друштва се од градежништвото, 3 друштва од секторот земјоделство, 30 друштва од индустријата, 9 друштва од секторот трговија, 1 друштво од секторот трговија со нафта и нафтени деривати, 1 друштво од угостителскиот сектор, 6 друштва кои вршат услужна дејност и 2 друштва од секторот фармација. Остварената нето профитна маржа на овие друштва се движи во распонот од 0,11% до 79,85%, при што просечно остварената нето профитна стапка по сектори највисока е во земјоделството, 10,35%, додека најниска во трговијата со нафта, само 0,45%. Може да се забележи дека освен во секторите фармација и земјоделство, каде е забележан пораст на нето профитната стапка, во сите други сектори нето профитната стапка бележи намалување во првото полугодие од 2020 година во однос на истиот период минатата година.

Ликвидноста на задоволително ниво

Вкупната актива на акционерските друштва oд не – финансискиот сектор кои објавиле полугодишни неревидирани финансиски извештаи, во првото полугодие од годината изнесува 140,8 милијарди  денари (2,3 милијарди евра) и истата е за 1,37% поголема во однос на вкупната актива на друштвата на крајот од првото шестoмесечjе минатата година.

Во поглед на изворите на финансирање на акционерските друштва, вкупните нивни обврски 30.06.2020 година се зголемиле за 1,44% од 54,3 милијарди денари минатата година на 55 милијарди  денари на 30 јуни оваа година, додека вкупниот износ на капиталот и резервите на друштвата се зголемил за 1,33% од 84,5 милијарди денари минатата година на 85, 7 милијарди денари оваа година.

Поголемиот дел од акционерските друштва од стопанството на 30.06.2020 година имаат задоволително ниво на ликвидност. Имено, 32 друштва од вкупно 91 друштва (35% од акционерските друштва од не – финансискиот сектор) имаат показател на тековна ликвидност поголем од 1, што значи дека овие друштва располагаат со доволно тековни средства за да ги покријат краткорочните обврски на друштвото. При тоа, 32 друштва од вкупно 91 друштво (35% од друштвата од не – финансискиот сектор) имаат тековна ликвидност повисока од 2, што значи дека краткорочните обврски се солидно покриени со тековни средства. Од друга страна, пак, 27 од друштвата имаат тековна ликвидност под 1, што значи дека не располагаат со доволно ликвидни средства за да ги покријат краткорочните обврски. Што се однесува до ликвидноста на друштвата во првото полугодие минатата година, 62 друштва од вкупно 90 друштва (69% од друштвата) имале ликвидност поголема од 1, додека кај 28 друштва (31% од друштвата), показателот на тековна ликвидност бил под 1.

Во поглед на задолженоста на друштвата на 30.06.2020 година, 63 друштва (69% од друштвата) имаат коефициент на вкупна задолженост помал од 50%, што значи дека средствата на овие друштва претежно се финансираат со сопствени извори, додека кај 28 друштва (31% од друштвата) коефициентот на вкупна задолженост е поголем од 50%, што упатува на заклучок дека активата на овие друштва претежно се финансира со обврски. Коефициентот на задолженост и минатата година кај 63 друштва бил помал од 50%, додека 27 друштва имале коефициент на задолженост поголем од 50%.

Continue Reading
менаџмент / маркетинг1 ден ago

10 КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ КОИ МОРА ДА ГИ ВЛАДЕЕ СЕКОЈ БИЗНИСМЕН

менаџмент / маркетинг1 ден ago

ДЕЛЕГИРАЊЕ – КАКО ДА СЕ РЕШИТЕ ОД СТРАВОТ НА ГУБЕЊЕ МОЌ И КОНТРОЛА?

менаџмент / маркетинг1 ден ago

Дру Хјустон: Не секирајте се за неуспехот; само еднаш треба да ја погодите работава.

технологии / компании1 ден ago

Пандемијата го зголеми онлајн купувањето – кој доби, кој загуби и што повеќе нема да биде исто?

економија1 ден ago

ММФ: Справувањето со здравствената криза е клучно за заштита на економијата

економија1 ден ago

Намалување на енергетската зависност од еден извор и транзиција кон чистата енергија се клучните определби за Македонија

интервју1 ден ago

Николаос Цифакис: ЕУ ќе ја изгуби политичката моќ на Балканот!

економија1 ден ago

Планирана е вкупна инвестиција од 50 милиони евра за 5 години

економија1 ден ago

Големата слика: македонската економија на среден и долг рок

свет1 ден ago

Берзите продолжуваат да растат бавно

македонија6 дена ago

„Брако“ го создаде првото возило за чистење улици на водороден погон во Европа

македонија5 дена ago

Амбасадорката Брнс на МЕФ: САД ќе ѝ помогне на Северна Македонија да изгради посилен и понезависен енергетски сектор

македонија2 дена ago

Зоран Заев: Нашата држава почива на делата на антифашизмот чиј резултат е нашата слобода!

економија3 дена ago

Почна третата Годишна конференција за е-трговија

банки4 дена ago

Комерцијална банка донираше лаптопи на ученици од 14 општини

македонија5 дена ago

Директорката на МЕПСО, Шуклева: Во инвестициски циклус сме од 163 милиони евра

економија4 дена ago

„Брзи” и „евтини” кредити за скапа и отежната реализација на капитални проекти

интервју1 ден ago

Николаос Цифакис: ЕУ ќе ја изгуби политичката моќ на Балканот!

економија1 ден ago

Големата слика: македонската економија на среден и долг рок

банки2 дена ago

Доделени наградите од наградната игра „Шпаркирај нов автомобил!“