Connect with us

свет

Кои професии се помалку загрозени од вештачката интелигенција: нема зима за вештите раце

Кои професии се помалку загрозени од вештачката интелигенција

објавено

на

Ако сте умешни со вашите раце, да изработите специфични производи или да пружите некакви услуги што им се потребни на луѓето или, во иднина  на роботите и  вештачката интелигенција, тогаш сигурно ќе бидете потребни и  во ерата на дигитализација.

Живееме во ера обележана со брз напредок во технологијата, автоматизацијата и вештачката интелигенција. Светот го води технологијата која ни ветува многу, но пред нас става и многу предизвици.

Самовозечките  автомобили, машините што читаат рендгенски снимки и алгоритмите што одговараат на прашањата за услуги на клиентите се сите манифестации на моќни нови форми на автоматизација. Сепак, иако овие технологии ја зголемуваат продуктивноста и (не) ни го подобруваат животот, нивната употреба ќе замени некои работни активности кои луѓето моментално ги извршуваат, што природно предизвикува голема загриженост кај дел од населението.

Напредокот на технологијата отсекогаш силно влијаел на појавата на нови занимања, како и на постепеното намалување на важноста, а често и на целосно исчезнување на некои работни места. На пример, порано постоеле човечки будилници, односно луѓе кои оделе по станбени области и ги буделе луѓето за на работа. Исто така, на почетокот на 20 век самарџија бил најпочитуваниот човек во градот и била една од најпопуларните професии бидејќи луѓето што изработувале седла биле исклучително угледни, но и корисни за заедницата. Денес, сто години подоцна, многумина не знаат ни што е седло, а камоли за самарџија.

На примерот на самарџијата пораката е единствена. Без разлика што оваа професија речиси целосно исчезна, останува безвременската порака: ако сте умешни со вашите раце, да изработите специфични производи или да пружите некакви услуги што им се потребни на луѓето или, во иднина  на роботите и  вештачката интелигенција, тогаш сигурно ќе бидете потребни и  во ерата на дигитализација. Значи, и на роботите ќе им  требаат и вешти, квалитетни човечки раце со уметност на обликување и создавање во некоја форма, како и на вештачката интелигенција, велат футуролозите.

Професии отпорни на промените

Иако технологијата силно влијае на трендовите и движењата на пазарот на трудот, поради што луѓето се плашат дека тие се оние кои наскоро ќе бидат заменети со машина, има професии кои, според сите прогнози, се отпорни на промените во технологијата и економските околности.

Пред сè, тоа се професии кои вклучуваат работа со луѓе, односно креативни, интерактивни и емоционално тешки работни места, како што се медицинските, образовните или уметничките професии. Стручњаците  сметаат  дека незаменливи професии се оние во кои човечкиот контакт игра клучна улога во задоволувањето на потребите на корисниците.

Стручњаците  сметаат  дека незаменливи професии се оние во кои човечкиот контакт игра клучна улога во задоволувањето на потребите на корисниците. Без разлика дали станува збор за професор кој освен што дава знаење, има клучна педагошка улога во развојот на поединецот, или за експерти од здравствениот сектор. Сепак, треба да се забележи дека и овие индустрии и занимања се предмет на одреден степен на технолошко влијание и промена.

Без разлика дали станува збор за професор кој освен што дава знаење, има клучна педагошка улога во развојот на поединецот, или за експерти од здравствениот сектор.

Сепак, треба да се забележи дека и овие индустрии и занимања се предмет на одреден степен на технолошко влијание и промена. Затоа, колку и да изгледа безбедно нашето работно место во моментов, мора постојано да слушаме што се случува на пазарот на труд, да се едуцираме и да развиваме нови вештини.

Пореметувања на пазарите

Денес, не постои индустрија или пазар што не е нарушен од технолошките промени и иновации, а овие промени се случуваат толку брзо и често што речиси и да нема време за анализи и заклучоци.

Прашањата за губење или создавање работни места треба да се гледаат во контекст на карактеристиките на светот во кој живееме и во контекст на знаењата и вештините што ги бара денешниот динамичен начин на живот. Во оваа смисла, секако зборуваме за важноста на добра комбинација на т.н.  тврди вештини, но и сè поважни меки вештини. Истовремено, мора да ја прошириме базата на знаење, која се постигнува со мултидисциплинарно образование, бидејќи проблемите со кои се соочуваме се исклучително сложени и бараат поинаков, поширок и покреативен начин на гледање на нив.

Образованието, формално или неформално, се чини дека е најважно за да се остане во чекор со брзиот напредок на технологијата. Ние веќе колективно се бориме за знаење и вештини потребни за управување со технологијата.

Образованието за решавање на идните предизвици не е еднократна работа, туку мора да биде систематско и континуирано. Како што се ажурира одредена верзија на технологијата, и ние мора да го ажурираме нашето знаење за неа. Токму затоа доживотното учење станува норма, а не опција, велат експертите.

Во следните неколку години, бараните занимања сигурно ќе бидат на пример, експерт за вештачка интелигенција и машинско учење, научник за податоци, аналитичар за безбедност на информации, експерт за дигитална трансформација, инженер за финансиска технологија специјализиран за автоматизација на процесите, и многу други слични занимања.

Не како да се одбраниме од машините, туку како да управуваме со нив

Клучното прашање не е како да се одбраниме од машините, туку кои процеси треба да ги научиме за да управуваме со нив. Затоа ни треба ново (особено на домашна почва), поквалитетно образование кое ќе ги препознае, прифати и интегрира процесите на автоматизација, дигитализација, вештачка интелигенција и животот во светот на IoT и ќе развие структура и основи кои ќе им обезбеди на луѓето со доволно знаење за нивно користење и управување со таа технологија и процеси.

Иако многумина се плашат од негативните ефекти на напредната технологија и заканите што таа ги носи за кариерите и работните места, секој што сака да инвестира во своите вештини, да стекне нови знаења и промени не би требало да има проблем, барем теоретски. Тоа е сè што ни преостанува: подготовка и подготвеност за промени.

Флексибилноста и подготвеноста за промена на кариерата исто така ќе бидат важен императив на идниот пазар на трудот, бидејќи денес повеќе од кога било досега е важно да не се фокусираме на едно многу тесно поле на кариера. Трендовите покажуваат дека почесто отколку досега ќе ги менуваме и работодавците, но и професиите.

Главниот извор на промени во следните десет години, кога зборуваме за занимањата во иднината, ќе бидат демографските промени, бидејќи има се’ повеќе стари лица, а се’ помалку се раѓаат деца. Здравството опаѓа кадровски, се зголемува интересот за личните финансии, растат и зелените технологии, еволуира технолошкиот напредок.

Сè уште е тешко да се предвиди точно што ќе се случи во следните десет години, но доволно е да се погледне десет години во минатото и да се види колку нештата се  промениле.

Сепак, во следните неколку години, бараните занимања сигурно ќе бидат на пример, експерт за вештачка интелигенција и машинско учење, научник за податоци, аналитичар за безбедност на информации, експерт за дигитална трансформација, инженер за финансиска технологија специјализиран за автоматизација на процесите, и многу други слични занимања.

македонија8 часа ago

Анѓушев: Нема никаква основа за ограничување на мојот влез во САД, одлуката ќе ја обжалам

македонија11 часа ago

Кочо Анѓушев се најде на „црната листа“ на САД

македонија2 дена ago

Една година стратешко партнерство на Алкалоид и СОС Детско село

банки4 дена ago

Комерцијална банка прогласена за „Банка на годината во 2023“ од магазинот The Banker

македонија5 дена ago

Искористете ја лимитираната можност и уживајте во убавините на сончевата јужна страна на „Гранд Ривер“!

свет5 дена ago

Активностите за спојувања и преземања на најниско ниво од 2014 година наваму

македонија5 дена ago

Од земјата на виното и ракијата, првиот македонски џин тргна во поход да го освои светот

свет5 дена ago

Придонесот на нобеловката Голдин во разбирањето на улогата на жените на пазарот на труд

економија5 дена ago

Анѓушев: Потребно е обединување на бизнисите, силни партнерства и градење кадри!

интервју5 дена ago

м-р Елеонора Згоњанин – Петровиќ: Потребен е поголем општествен поттик за јакнење на женското лидерство

интервју5 дена ago

Кристина Камчева – Стојческа: Женското лидерство во подем – тие умеат како да создадат тим од доверба

македонија5 дена ago

Од земјата на виното и ракијата, првиот македонски џин тргна во поход да го освои светот

интервју5 дена ago

м-р Елеонора Згоњанин – Петровиќ: Потребен е поголем општествен поттик за јакнење на женското лидерство

интервју5 дена ago

Јелена Спасова: Се бориме занаетчиите да го добијат заслужениот статус во македонската економија

интервју5 дена ago

Родовата еднаквост, инклузивностa и еднаквите можности се темели на нашата корпоративна култура

свет5 дена ago

Придонесот на нобеловката Голдин во разбирањето на улогата на жените на пазарот на труд

свет5 дена ago

Активностите за спојувања и преземања на најниско ниво од 2014 година наваму

македонија5 дена ago

Искористете ја лимитираната можност и уживајте во убавините на сончевата јужна страна на „Гранд Ривер“!

економија5 дена ago

Повеќе жени во тимот, повеќе профит

македонија1 недела ago

Реализирани повеќе заеднички хуманитарни активности на „Алкалоид“ и на Црвен крст на Град Скопје