Connect with us

економија

Кои сектори би требало да го препознаат потенцијалот на водородот

Декарбонизација

објавено

на

Според анализата на Deloitte, во Европа во 2022 година биле идентификувани 158 проекти поврзани со водород, од кои 85 биле фокусирани на зелен водород, а во иднина се очекува силен пораст на бројот на такви проекти. Покрај производството на зелен водород, ќе се инвестира и во комплетната водородна инфраструктура, така што Европската унија планира да издвои повеќе од 27 милијарди евра само како дел од проектот „REpowerEU“, кои ќе им бидат достапни на земјите-членки во разни фондови.

Анализа на Deloitte

Темата за декарбонизација, односно намалување и отстранување на штетните емисии, особено емисиите на јаглерод диоксид (CO2) е актуелна со години, почнувајќи од Протоколот од Кјото, а потоа и Парискиот договор од 2015 година. Парискиот договор ја постави амбицијата на државите потписнички да го ограничат глобалното затоплување на значително под 2 °C во однос на  прединдустриските нивоа и да продолжат со напорите за негово ограничување на 1,5 °C – делумно со постигнување нето јаглеродна неутралност до 2050 година.

Значителното намалување на глобалните емисии на стакленички гасови (вклучувајќи CO2) ќе го ограничи порастот на глобалната температура. Во пракса, за постигнување на нула нето емисии потребна е транзиција од фосилни горива кон алтернативни извори на енергија со ниска содржина на јаглерод.

Санкциите го забрзаа процесот

Со Европскиот зелен план, Европската унија постави дополнителни цели за земјите-членки да гарантираат декарбонизација на ЕУ. Овие цели се дополнително зајакнати со пакетот мерки „Подготвени за 55%“, кој гарантира дека целите на Европската унија се во согласност со климатските цели.

Во февруари 2022 година, Европската унија воведе санкции за руската нафта и гас како одговор на руската инвазија на Украина. Целата ситуација предизвика длабоки промени на енергетските пазари со повремени енергетски несигурности на земјите-членки поради нестабилноста на цените, синџирите на снабдување со нафта и гас и општата светска економска криза со висока стапка на инфлација.

Со оглед на признатото големо влијание на фосилните горива врз земјите-членки, Европската унија воведува нов пакет мерки со својот „REPowerEU“ чија цел е да се намали зависноста од фосилните горива, а со тоа да се поттикне дополнителна декарбонизација. Акцентот е ставен на водородот, особено зелениот водород, како едно од можните горива што ќе поттикне побрза декарбонизација на различни сектори. Користејќи ги гореспоменатите иницијативи, се очекува амбициозно намалување на емисиите на стакленички гасови до 2030 година.

Дополнително, на почетокот на ноември 2022 година беше организиран состанок на глобалните лидери кои ги претставуваат владите, приватниот сектор и граѓанското општество на 27-та сесија на COP (Конференција за климатски промени на Обединетите нации).  Од последниот состанок, се зголемува свеста за важните придонеси за декарбонизацијата што треба да дојде од приватниот сектор, со дискусија за зголемување на инвестициите во нови технолошки решенија кои би можеле да помогнат да се забрза декарбонизацијата. Иако водородот се споменува како технологија за декарбонизација, често не е јасно објаснето што точно значи и кои се позитивните примени на оваа технологија.

Сив, син и зелен водород

Со оглед на признатото големо влијание на фосилните горива врз земјите-членки, Европската унија воведува нов пакет мерки со својот „REPowerEU“ чија цел е да се намали зависноста од фосилните горива, а со тоа да се поттикне дополнителна декарбонизација. Акцентот е ставен на водородот, особено зелениот водород, како едно од можните горива што ќе поттикне побрза декарбонизација на различни сектори.

Во зависност од начинот и методите  на неговото производство, постојат неколку видови на водород, како што се сив, син и најважниот – зелениот водород. Сивиот водород се произведува од фосилни горива и неговото производство испушта емисии на јаглерод диоксид, па затоа не се смета за гориво на иднината.

Процесот на производство на син водород е ист како и за производството на сив водород, но во неговиот случај покрај употребата на таканаречената технологија за парно реформирање на метанот (steam methane reforming – SMR), се користи и технологија за зафаќање, искористување и складирање на јаглеродниот диоксид), па производството на тој водород е поповолно за животната средина бидејќи влијанието на јаглеродниот диоксид се елиминира со неговото складирање.

Од наведените видови водород, зелениот, кој се произведува од таканаречената зелена електрична енергија, односно енергија добиена од обновливи извори на енергија како што се соларните и ветерните електрани, покажува најдобар потенцијал за долгорочно одржливо производство. Зелениот водород се произведува со технологија за електролиза на вода, во која молекулите на водата се поделени на молекули на водород и кислород, со употреба на обновлива електрична енергија, а така произведениот водород може да се складира.

Каде може да се примени

Во индустриското производство водородот ќе се користи во различни погони, односно во многу сегменти каде што денес фосилните горива се користат за производствени процеси. Се очекува да се користи во рафинериските процеси во нафтената индустрија, хемиската индустрија, производството на амонијак, производството на метанол и производството на челик. Важна улога на водородот во индустриското производство ќе има за производство на индустриска топлина.

Исто така, водородот ќе биде важен фактор за декарбонизација на транспортот и мобилноста, особено во сегментите на карго транспортот и поморскиот и воздушниот транспорт. Камионите кои учествуваат во патниот транспорт се едни од потенцијалните потрошувачи на водород бидејќи, во споредба со електричните возила, дометот на возилото со погон на водород е значително поголем. Бидејќи возилата за патен транспорт произведуваат шест проценти од вкупните емисии, намалувањето на емисиите во тој сегмент ќе има корисен ефект.

Поморскиот транспорт очекува голем раст до 2030 година, затоа примената на водородот како одржлива технологија во тој сектор е клучна, а тој најмногу ќе ги напојува бродовите што превезуваат товар. Водородот ќе најде примена и во воздушниот сообраќај, но важно е да се спомне дека таквата технологија во воздухопловната индустрија бара значителни инвестиции. Во електроенергетскиот систем, водородот има потенцијал да биде медиум за складирање на енергија добиена од обновливи извори.

Успешната примена на водородот во индустријата во голема мера зависи од трошочната  конкурентност на зелениот водород, која е одредена од цената на електричната енергија добиена од производството од обновливи извори на енергија, трошокот за производниот процес на електролиза, кој е условен од технолошкиот напредок на производството и економичноста на волуменот и цената на единиците за емисија на јаглерод диоксид. Поголемите инвестиции во водородните технологии ќе придонесат за поголема конкурентност на зелениот водород, па се очекува дека чистиот водород и неговите деривати ќе имаат десет отсто учество во вкупната потрошувачка на енергија до 2050 година.

Водородот ќе биде важен фактор за декарбонизација на транспортот и мобилноста, особено во сегментите на карго транспортот и поморскиот и воздушниот транспорт. Камионите кои учествуваат во патниот транспорт се едни од потенцијалните потрошувачи на водород бидејќи, во споредба со електричните возила, дометот на возилото со погон на водород е значително поголем.

Поглед во иднината

Според анализата на Deloitte, во Европа во 2022 година биле идентификувани 158 проекти поврзани со водород, од кои 85 биле фокусирани на зелен водород, а во иднина се очекува силен пораст на бројот на такви проекти. Покрај производството на зелен водород, ќе се инвестира и во комплетната водородна инфраструктура, така што Европската унија планира да издвои повеќе од 27 милијарди евра само како дел од проектот „REpowerEU“, кои ќе им бидат достапни на земјите-членки во разни фондови.

Покрај силното влијание врз декарбонизацијата, водородните технологии се очекува да имаат позитивно влијание врз вработеноста, па затоа Европската унија проценува дека до 2030 година за секоја инвестирана милијарда евра ќе се отворат приближно 10.000 работни места директно или индиректно поврзани со зелениот водород. Конечно, технологијата за производство на зелен водород не е само желба и насока кон која компаниите ќе се свртат во далечна иднина, денес веќе се случува голем напредок.

банки4 часа ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

македонија2 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки3 дена ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки3 дена ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

интервју3 дена ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија5 дена ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up1 недела ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании1 недела ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион1 недела ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

македонија1 недела ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите