Connect with us

свет

Кои се земјите што веќе постигнаа нула нето емисија на јаглеродни гасови

Одржлив развој

објавено

на

Со цел да се ублажи влијанието на климатските промени, Европскиот парламент ја прифати Европската климатска регулатива за забрзување на  намалувањето на емисиите на јаглерод од 40 на најмалку 55 проценти до 2030 година. Со оваа регулатива, климатската неутралност до 2050 година стана правно обврзувачка за земјите-членки. САД, како и многу други земји, ја поставија оваа цел, додека земјите како Кина или Индија ја најавија истата цел, но децении подоцна. Сепак, се чини дека некои земји веќе ја постигнаа магичната „net zero“ цел.

Нето нула емисии се постигнуваат кога секоја година од атмосферата се апсорбира повеќе јаглерод диоксид отколку што се испушта. Постигнувањето на нето нула на глобално ниво е централно во напорите да се спречи глобалното затоплување да ја надмине климатската цел од 1,5 степени Целзиусови.

Земјите кои се богати со природни ресурси како дождовните шуми кои природно апсорбираат CO2 од атмосферата, потоа земјите со мала популација и ограничено индустриско производство, според СЕФ, се на добар пат прво да ги постигнат поставените цели.

Земји кои достигнаа нето нула емисии

А такви земји навистина постојат. Ги има осум, според истражувањето направено од Energy Monitor.

Првата од нив е Бутан, мала земја меѓу Кина и Индија, која според последниот попис од 2015 година има околу 670 илјади жители. Земјоделство за сопствени потреби, одржливото шумарство и туризмот го сочинуваат најголемиот дел од економската активност на Бутан, а кралството долго време спроведува политики кои промовираат одржливо управување со шумите, додека заштитените национални паркови доминираат во две петтини од земјата.

Друга земја на листата на СЕФ се Коморите, мал вулкански архипелаг лоциран во Индискиот Океан во близина на источниот брег на Африка, северно од Мадагаскар. Таа е една од најсиромашните земји во светот, со население од 800.000 густо концентрирано во главните крајбрежни градови на нејзините четири острови. Ниските емисии од земјоделството, риболовот и сточарството, кои сочинуваат околу половина од економијата на земјата, заедно со строгата заштита на животната средина за речиси една четвртина од копното, го поддржуваат нејзиниот нето нула статус.

Габон се најде на третото место на оваа листа во која доминираат дождовните шуми кои покриваат 88 отсто од копнената маса на земјата. Сместено во басенот на Конго, кој е еден од најголемите „јаглеродни понори“ во светот, Габон испушта многу малку јаглерод диоксид, додека апсорбира големи количини. ОН го нарекоа Габон модел за заштита на животната средина.

Гвајана е уште една земја богата со шуми, која се наоѓа на северниот брег на Јужна Америка опкружена со дождовната шума на Амазон. Имајќи веќе постигнато нето нула емисии, земјата има за цел дополнително да ги намали емисиите за 70 проценти до 2030 година. Сепак, земјата стана најновиот светски производител на нафта во 2019 година, што може да го доведе во прашање нејзиниот статус на нулта емисија на стакленички гасови.

Островот Мадагаскар се наоѓа во близина на источниот брег на Африка и се потпира на земјоделството и риболовот како негов главен економски производ. Иако моментално е нето-нула емитер, големото уништување на шумите предизвикало исчезнување на четвртина од шумската покривка на земјата од 2000 година, според Global Forest Watch. Ако продолжи сегашната стапка на губење на дрвјата, Мадагаскар ќе стане нето емитер на јаглерод диоксид до 2030 година, предвидува Energy Monitor.

Ниуе е мал, корален остров лоциран во Јужниот Тихи Океан  за којшто никој не чул и дом на локално население од околу 2.000 луѓе. Риболовот, земјоделството и туризмот се главните стопански дејности. Ниуе придонесува само 0,0001 отсто во глобалните емисии на стакленички гасови. Сепак, неговата изложена локација го прави ранлив на влијанијата на климатските промени, од зголемувањето на нивото на морето, закиселувањето на океаните и зголемената закана од циклони. На пример, во јануари 2004 година, главниот град Ниуе беше уништен од циклонот Хета од категорија 5.

На климатскиот самит COP26 во Глазгов, Панама им се придружи на Суринам и Бутан за да формираат сојуз на земји негативна стапка на јаглерод,  притискајќи за поголеми напори за да се достигне нето нула. Со население од 4,5 милиони луѓе, околу 65 отсто од копнената маса на Панама е покриена со прашуми, а владата планира да пошуми дополнителни 50.000 хектари земја до 2050 година.

Суринам е мала амазонска нација и е една од најбогатите земји со шуми во светот, покривајќи 93 проценти од нејзината копнена маса. Шумите во Суринам апсорбираат милијарди тони CO2 и поддржуваат богат биодиверзитет.

економија4 часа ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

економија6 часа ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

банки6 часа ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

македонија6 часа ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија1 ден ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

свет2 дена ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

ФЕроинвест
македонија4 дена ago

Електраните и фабриките на Фероинвест дел од студиската посета на странска делегација во програмата за борба против климатските промени

менаџмент / маркетинг5 дена ago

Инвестирајте во квалитет: Изберете дом во согласност со највисоките стандарди во градежништвото

интервју5 дена ago

Виктор Филиповски: Клиентите ја препознаваат УНИБанка како свој деловен партнер и поддржувач на нивниот развој

интервју5 дена ago

Емилија Спировска, ПроКредит Банка: Општествената одговорност се покажува преку дела

македонија1 недела ago

Избрани најдобрите е-трговци во Македонија во повеќе категории

свет1 недела ago

myWorld е избрана за #1 лојална програма во САД за 2023 година

технологии / компании1 недела ago

Ред Бул шкртачки настан во живо со Бреинстер и Бреинстер Некст колеџ -патување во Амстердам и ваучери за учење дизајн за најдобрите

менаџмент / маркетинг5 дена ago

Инвестирајте во квалитет: Изберете дом во согласност со највисоките стандарди во градежништвото

интервју5 дена ago

Проф. д-р Игор Спироски: За дебелината мора да се зборува и преку справување со неа може да се подобри продуктивноста

интервју5 дена ago

Виктор Филиповски: Клиентите ја препознаваат УНИБанка како свој деловен партнер и поддржувач на нивниот развој

македонија5 дена ago

Пропаѓањето на Банката на Силиконската долина го стресе светскиот финансиски систем. Ќе има ли последици врз македонските банки? Не, за среќа се  конзервативни и неизложени кон странство

менаџмент / маркетинг5 дена ago

Одговорност за одржливост

македонија5 дена ago

ESG – новиот престолонаследник во корпоративното управување

македонија1 недела ago

Инженерот Маркоски од БРАКО на форум за електрификација и батерии во Дизелдорф говореше за искуството од развивањето на водороден погон кај возилата