Connect with us

свет

Кои се најголемите добитници и губитници во пандемијата

Животот во (пост)Ковид окружување

објавено

на

Пандемијата влијае на сите аспекти на нашите животи и кариери. На другата стана од спектарот на оваа катастрофа, се изродија брзо растечки нови трендови што драматично ги менуваат нештата како што е нашето здравје, начинот на којшто работиме, каде живееме, како консумираме забавни содржини, купуваме, се храниме…Некои бизниси и индустрии профитираа од „новата нормалност“, некои пак не издржаа и отидоа во историјата. Даваме преглед на некои од најголемите добитници и губитници во ковид – кризата.

Ковид – 19 кризата имаше брз и огромен ефект врз целокупниот живот на планетава, афектирајќи ги во голема мера нашите животи и начинот на којшто работиме. Но, какво ќе биде влијанието на долг рок? Ова е потешко да се каже. Од она што досега го знаеме, по десетина месеци Ковид – криза е дека светот не беше добро подготвен за справување со пандемијата. Досега од последиците на вирусот починаа преку 1,7 милиони луѓе, претежно од постарата популација. Некои земји многу поуспешно го спречија ширењето на вирусот од за разлика од други  и имаат многу помалку жртви досега.

Знаеме и дека пандемијата предизвика огромна глобална рецесија, но далеку од тоа дека таа рамномерно се чувствува во сите земји и региони на светот.

Економската криза најтешки последици остави врз милионите млади, релативно неквалификувани работници, младите мајки и ранливите категории. Знаеме дека “социјалното дистанцирање“, делумно спонтано предизвикано, делумно со сила, нанесе штета на сите активности што подразбираат близок контакт, додека истовремено донесе корист за оние аспекти поврзани со работата и седењето дома. Транспортот на луѓе, на пример, е една од најпогодените гранки – сувоземен, воден, авио, секаков.

Знаеме и дека огромен број на бизниси ќе излезат од пандемијата оптоварени со големи долгови, а многу воопшто нема и да преживеат. Годинава бевме сведоци на досега невидени интервенции на фискалните и монетарните власти ширум планетава, особено во земјите со конвертибилни валути.

Знаеме, исто така, дека меѓусебните обвинувања околу тоа кој е виновен за пандемијата ги дестабилизираа односите помеѓу Кина и САД. Згора на тоа, пандемијата ја доведе во прашање и глобализацијата, особено во делот на синџирите на снабдување. Кои се долгорочните перспективи? Financial Times дава преглед на 10 аспекти.

Прво, иднината на пандемијата. Се појавија веќе првите вакцини, почнаа и вакцинирањата во некои од најразвиените земји, како В. Британија и сл. Веројатно вакцините ќе пристигнат и во земјите од развој нешто подоцна, но крајно е неизвесно кога ќе ги добијат најсиромашните земји, оние од т.н. „Трет свет“. Па, така, болеста уште прилично долго време ќе остане закана за добар дел од човештвото.

Второ, перманентноста на економските загуби. Ова зависи делумно од тоа за колку време пандемијата ќе се стави под контрола, но исто така и од тоа колку длабоки ќе бидат лузните што ќе ги остави, како што се зголемената   невработеност, сиромаштија, токсичните долгови, нарушените процеси на образование, итн. Светската економија и повеќето поединечни економии веројатно ќе станат перманентно помали, а луѓето во нив посиромашни одошто би биле ако не беше пандемијата.

Трето,  структурата на економиите. Дали ќе се вратат на нивото од пред Ковид- кризата или ќе престанеме да патуваме и да се возиме до канцелариите засекогаш? Веројатно дека ќе продолжиме да патуваме. И да се возиме до работа. Но, исто така е веројатно дека тоа нема да биде како што беше пред кризата. Сите помалку или повеќе скокнавме во еден нов свет на виртуелно комуницирање којшто нема да го напуштиме. Сето ова ќе промени некои матрици на нашите животи и работа засекогаш.

Четврто, засилената улога на технологијата. Ова не е реверзибилен процес. Пандемијата предизвика улогата на технолошките гиганти како Amazon, Google и останатите во нашите животи да се искачи до незамисливи нивоа и да ги зголеми нивните пазарни капитализации повеќекратно за само неколку месеци. Па така, веројатно е допрва да растат притисоците за регулирање на нивните монополски статуси и зголемување на конкуренцијата, особено во технолошкиот сектор.

Петто, проширената улога на државата. Големите кризи обично предизвикуваат промени во улогите на владите. Особено е значаен притисокот да се постигне закрепнување на економиите и општествата до степен на поголема спремност за идни можни катастрофи од планетарни размери, т.н. „build back better“ принцип. Дали ова значи дека владите ќе станат перманентно повеќе интервенционистички настроени одошто пред пандемијата?

Шесто, тргнување на лавината на монетарни интервенции. Централните банки „се заколнаа“ на ниски каматни стапки на долг рок. Со обезбедени ниски номинални и реални каматни стапки, владите ќе бидат во состојба да ги менаџираат сопствените долгови и да помогнат во преструктуирањето на долговите што други ги поседуваат. Во извесен момент, фискалните дефицити ќе мора да бидат редуцирани. Со оглед на притисоците за трошење, ова многу веројатно дека ќе значи поголеми даноци, особено за богатите „победници“.

Седмо, ефектот врз внатрешните политики. Некои земји покажаа доста ефективни одговори на кризата, додека други не. Дали е една земја демократска или не, не ги определи овие разлики. Она што беше клучно е дали политичарите се грижеле за ефективноста на мерките. Популистичките демагози како американскиот претседател Трамп, британскиот премиер Џонсон и бразилскиот претседател Болсонаро, многу лошо ја изменаџираа кризата. Ова секако ќе се одрази врз нивните рејтинзи (Трамп веќе ги загуби изборите во САД, делумно како резултат токму на лошото справување со пандемијата  и големиот број на жртви и заразени).

Осмо, влијание на меѓународните односи. Ова е навистина глобална криза и таква што може ефективно да се менаџира само со глобална соработка. Сепак, пандемијата ги засили трендовите на унилатерализам  и меѓународни конфликти. Шансите се дека овие конфликти може и да се влошат, особено помеѓу САД и Кина.

Деветто, иднината на глобализацијата. Глобализацијата на стоките и услугите веќе доби забавено темпо после финансиската криза од 2008 година. Веројатно е дека ќе забави и после Ковид кризата. Мултилатералниот систем веројатно ќе биде подлабоко еродиран, особено Светската трговска организација и трговските спорови меѓу Западот и Кина, што со нивното нерешавање ја поткопуваат. Истовремено, виртуелната глобализација веројатно ќе забрза.

Конечно, менаџментот на јавните добра. За ова прашање, Ковид – 19 е меч со две острици. Од една страна е зголемената желба да се прават нештата подобро, не само на домашен терен, туку и глобално, особено околу климатските проблеми. Другата страна е намалениот легитимитет на меѓународните договори, особено од страна на САД, коишто се повлекоа од Парискиот договор за климатски промени и од Светската здравствена организација. Ковид – 19 е огромен шок. Следи после големата дисторзија што ја направи големата економска криза пред едвај десетина години. Сигурно е дека ќе има долгорочни последици за бизнисите, економиите, домашните и меѓународните политики. Многу работи ќе се променат, нешто може да предвидиме, голем дел останува неизвесен.

Онлајн платформите  извадија невиден ќар од пандемијата

Пандемијата влијае на сите аспекти на нашите животи и кариери. На другата стана од спектарот на оваа катастрофа, се изродија брзо растечки нови трендови што драматично ги менуваат нештата како што е нашето здравје, начинот на којшто работиме, каде живееме, како консумираме забавни содржини, купуваме, се храниме…

Работењето од дома се покажа како “експеримент“ со неочекуван успех. Способноста на луѓето да бидат продуктивни и да останат во контакт со своите колеги и менаџери функционираше толку добро, што големи светски компании како Morgan Stanley, JPMorgan, Twitter, Google, Facebook и други, објавија дека ќе продолжат со овие практики и откако пандемијата ќе заврши. Ова е одлична вест за многу работници. Нема да има потреба повеќе да трошат време во секојдневните долги и здодевни патувања од домот до работа во двете насоки, ќе имаат повеќе време за своите семејства, за уживање во хобија и сл.

Седејќи повеќе дома, луѓето почнаа се’ повеќе да пазарат онлајн, да гледаат содржини од стриминг сервисите, а компаниите што нудат ваков тип на продукти и услуги извлекоа и допрва ќе извлекуваат огромна корист од ваквите трендови. Zoom, Slack, Google, Microsoft, Amazon, Best Buy и останатите слични компании ќе извлечат огромен ќар од сето ова. Дополнително на бизнис аспектот, како што ќе го минуваат луѓето речиси сето свое време дома, ќе почнат да размислуваат за подобрување на сите услови, за да им биде што покомотно. Ќе купуваат поскапи телевизори, ќе го обновуваат мебелот, кујните, ќе прават специјални „канцелариски“ катчиња и сл.

Amazon и останатите е-commerce сервиси  доживеаја бум

Империјата на Amazon доживеа невиден процут откако луѓето принудени да седат дома поради локдаун мерките, почнаа да нарачуваат се’ живо  и диво преку интернет. За само 10 месеци, компанијата вработи преку 400.000 нови луѓе, раст на  работна сила досега невиден во модерната корпоративна историја.

Империјата на Amazon доживеа невиден процут откако луѓето принудени да седат дома поради локдаун мерките, почнаа да нарачуваат се’ живо  и диво преку интернет. Шефот и основач на компанијата Џеф Безос виде извонредна прилика да ја прошири сопствената логистичка мрежа и да стане директна конкуренција на UPS, FedEx и DHL. Компанијата забележа огромен раст на приходите и вредноста на акцијата, па во моментов пазарната капитализација на Amazon e преку 1.620 милијарди долари, што е за 70% повеќе во споредба со почетокот на годинава. Исто така, за само 10 месеци, компанијата вработи преку 400.000 нови луѓе, раст во работна сила досега невиден во модерната корпоративна историја.

Бумот во е – трговијата донесе бенефит и за другите онлајн платформи, како eBay, Shopify, Etsy, итн., но и за големите трговски синџири чијашто онлајн продажба драстично порасна, како Walmart, Target и сл.

Губитници: Пандемијата го забрза падот на традиционалните малопродажни компании, како што се големите стоковни куќи, молови, итн. Во САД, на пример, еден од најстарите синџири на стоковни куќи, Lord and Taylor го затвора бизнисот, а некои трговски брендови, како Brooks Brothers, Neiman Marcus и J.C. Penney, веќе поднесоа барање за банкрот.

Disney Plus, Netflix и останатите стриминг сервиси ги забавуваа луѓето додека седеа дома

Аналитичарите беа скептични околу можноста новите стриминг сервиси што се појавија на пазарот последниве години да направат нешто посериозно покрај Netflix и Hulu коишто веќе имаа загосподарено со овој сектор на медиумски содржини. Но, откако избувна пандемијата и ги прикова луѓето за телевизорите дома, до небо порасна и гладот за што повеќе опции за забава, односно видео стриминг платформи. Па така, Disney Plus сега има повеќе од 86 милиони претплатници, приближувајќи се на половина од масивната база на Netflix, за само една година.

Губитници: Компаниите што се во кино индустријата, како и филмските студија можно е никогаш повеќе да не закрепнат. Пандемијата направи тотален пресврт во начинот како се продуцираат филмовите и новата ситуација може да потрае и откако сите ќе се вакцинираме. Еден од гигантите во филмската индустрија, Warner Bros, направи нешто невидено до сега – реши сите свои премиери планирани за 2021 година, како што се нетрпеливо очекуваните “Dune”, “In the Heights” и “Matrix 4” да ги дистрибуира на ТВ платформата HBO Max во истиот ден кога ќе имаат кино премиери.

Zoom ги претвори домовите во канцеларии и училници

Апликацијата за којашто повеќето од нас и немаа слушнато пред пандемијата, одеднаш стана како “леб насушен“ во нашите животи. Огромната побарувачка за Zoom, се разбира, предизвика и огромен раст на приходите и на вредноста на акциите на компанијата, која што од 60 долари од почетокот на годинава, достигна вредност од 570 долари кон крајот на октомври.

Zoom e откритие среде пандемијата, апликација која помогна милиони луѓе да ги завршат своите работни задачи од дома, учениците и студентите да имаат настава, да се одржуваат семинари, работилници, конференции, па дури и венчавки онлајн. Апликацијата за којашто повеќето од нас и немаа слушнато пред пандемијата, одеднаш стана како “леб насушен“ во нашите животи. И покрај тоа што не е единствена од таков тип (слични апликации имаат и Microsoft, Cisco, Facebook, итн.) Zoom сепак исплива на пазарот како најпопуларна, најпрактична, најевтина, најлесна за користење и сл. Огромната побарувачка за Zoom, се разбира, предизвика и огромен раст на приходите и на вредноста на акциите на компанијата, која што од 60 долари од почетокот на годинава, достигна вредност од 570 долари кон крајот на октомври.

Губитници: И покрај тоа што Zoom ни помогна да останеме поврзани, сите ние ја изгубивме привилегијата на контакт во живо. Исклучените микрофони, нестабилниот интернет, лошиот звук и сл., само не’ потсетија дека технолошката индустрија се’ уште не развила идеална замена за комуницирањето во живо.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

македонија8 часа ago

Анѓушев: Нема никаква основа за ограничување на мојот влез во САД, одлуката ќе ја обжалам

македонија11 часа ago

Кочо Анѓушев се најде на „црната листа“ на САД

македонија2 дена ago

Една година стратешко партнерство на Алкалоид и СОС Детско село

банки4 дена ago

Комерцијална банка прогласена за „Банка на годината во 2023“ од магазинот The Banker

македонија5 дена ago

Искористете ја лимитираната можност и уживајте во убавините на сончевата јужна страна на „Гранд Ривер“!

свет5 дена ago

Активностите за спојувања и преземања на најниско ниво од 2014 година наваму

македонија5 дена ago

Од земјата на виното и ракијата, првиот македонски џин тргна во поход да го освои светот

свет5 дена ago

Придонесот на нобеловката Голдин во разбирањето на улогата на жените на пазарот на труд

економија5 дена ago

Анѓушев: Потребно е обединување на бизнисите, силни партнерства и градење кадри!

интервју5 дена ago

м-р Елеонора Згоњанин – Петровиќ: Потребен е поголем општествен поттик за јакнење на женското лидерство

интервју5 дена ago

Кристина Камчева – Стојческа: Женското лидерство во подем – тие умеат како да создадат тим од доверба

македонија5 дена ago

Од земјата на виното и ракијата, првиот македонски џин тргна во поход да го освои светот

интервју5 дена ago

м-р Елеонора Згоњанин – Петровиќ: Потребен е поголем општествен поттик за јакнење на женското лидерство

интервју5 дена ago

Јелена Спасова: Се бориме занаетчиите да го добијат заслужениот статус во македонската економија

интервју5 дена ago

Родовата еднаквост, инклузивностa и еднаквите можности се темели на нашата корпоративна култура

свет5 дена ago

Придонесот на нобеловката Голдин во разбирањето на улогата на жените на пазарот на труд

македонија5 дена ago

Искористете ја лимитираната можност и уживајте во убавините на сончевата јужна страна на „Гранд Ривер“!

свет5 дена ago

Активностите за спојувања и преземања на најниско ниво од 2014 година наваму

економија5 дена ago

Повеќе жени во тимот, повеќе профит

македонија1 недела ago

Реализирани повеќе заеднички хуманитарни активности на „Алкалоид“ и на Црвен крст на Град Скопје