Connect with us

економија

Колку е златото се’ уште безбедно прибежиште во турбулентни времиња?

објавено

на

Со оглед на моменталните економски, геополитички случувања и неизвесност на пазарите, се чини дека има голем број на инвеститори кои се’ уште му веруваат на благородниот метал.

Минатата недела неколку централни банки ги зголемија своите референтни стапки и се чини дека “нема пресврт”  во политиката што доаѓа. Банката на Федералните резерви направи зголемување за нови 0,75 базични поени, Банката на Англија ја зголеми стапката за 0,50 базични поени, додека Швајцарската национална банка ја зголеми за 0,75 поени. Ваквите потези ги разочараа пазарите на кои очајно им беа потребни “охрабрувачки вести”, но немаше ниту една. ФЕД драстично ги намали своите проекции за економски раст, ги зголеми проекциите за невработеност и ги задржа очекувањата за повисока инфлација и во 2023 година. Во Европа, проекциите не се поразлични, рецесијата е на прагот.

Автор: Снежана Поповска
технички аналитичар, CMT, CFTe

Пазарите ги пробија линиите на поддршка и ги тестираат овогодишните ниски падови. Па така, сега пазарите откриваат зголемен ризик од грешка во политиката на централните банки. Инструментите кои се чинеше дека се “save heaven” за инвеститорите во услови на финансиска криза, повеќе не се безбедни. Индексот на доларот е на највисоко ниво во последните 20 години и гледаме прелевање на парите кај американскиот долар.  Но, доколку сакаме да видиме ценовни издигнувања кај пазарот на акции и крипто средствата, тоа што мора да се случи е ослабување на американскиот долар.

Што се случува со благородниот метал

Долго време се сметаше дека инвестирањето во злато е “загарантирана” стратегија. Но, благородниот метал ја изгуби независноста на пазарот и се продава како и секое друго средство на пазарот.  Во услови на економска и политичка нестабилност, инвеститорите сакаат да бидат надвор од финансиските пазари. Инвестирањето во злато денес не претставува инструмент за заштита од инфлација и безбедно засолниште, поради тоа што денес постојат многу деривативни инструменти за инвестирање и тргување со златниот метал и на тој начин инвеститорите се повторно учесници на финансискиот пазар, во услови кога би сакале да бидат подалеку.

Но, и покрај моменталната цена на златниот метал, интересот за купување на инвестициско злато постојано расте. Пред извесно време прочитав анкета на LinkedIn во која наидов на доста интересен одговор. Прашањето беше доколку имате 1 млн. долари за инвестирање каде би ги распределиле, во биткоин или во злато? Резултатите од анкетата покажаа дека дури 41% од испитаниците би инвестирале во злато, додека 30% одговорија дека би ги поделиле парите сразмерно. Во прилог линк од анкетата: https://www.linkedin.com/feed/update/urn:li:activity:6965698835541110785/.

Со оглед на моменталните економски, геополитички случувања и неизвесност на пазарите, се чини дека има голем број на инвеститори кои се’ уште му веруваат на златниот метал. Тоа ме наведе да направам анализа за понудата и цените на инвестициско злато во регионот.

Дали Македонија може да биде лидер во трговијата со инвестициско злато?

*Цените се индикативни и варираат во зависност од берзанската цена на златото.

Од направената анализа, можеме да заклучиме дека има голема разлика во цената за купување на инвестициско злато. Во Србија очигледно цените се највисоки, додека Бугарија нуди многу поконкурентни цени. Понудата во Македонија е некаде во средина, односно не отстапуваме многу од нашите соседи.

Во нашата земја моментално има една банка и една компанија која нуди продажба на инвестициско злато.

Интересно е што цената и во нашата земја се разликува многу. Според официјалните податоци од нивните веб страни, разликата во цена за истата грамажа достигнува 100 евра и повеќе.

Анализата е на правена со цел нашите граѓани да бидат информирани за понудата на инвестициско злато. Како и за останатите работи во животот, клучот за донесување на одлука е информацијата.

Извори:

https://igold.bg/

https://tavex.bg/zlato/

https://tavex.rs/zlato/zlatne-poluge/

https://www.investmetal.mk/mk/products/GOLD/

https://unibank.mk/mk/gold/start

економија1 ден ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија2 дена ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании2 дена ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет2 дена ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион2 дена ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија2 дена ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија2 дена ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки6 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет5 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

македонија2 дена ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал