Connect with us

менаџмент / маркетинг

Колку „корпоративни психопати“ има меѓу директорите?

Харизматични, креативни, а сепак штетни

објавено

на

Корпоративниот психопат е шармантен првично, присебен и смирен. Но, на крајот испаѓа измамник, егоцентричен, безмилосен, без самокритика, меѓучовечки неодговорен и емотивно плиток. Колку такви „профили“ има во деловната реалност?

Овој век го одбележаа директорите. И трендот продолжува. Корпоративната култура стана практично секојдневна тема како и нејзините главни актери – менаџерите.

А, каква е „психолошката директорска слика“? Се крие ли понекој психопат меѓу оваа деловна елита?

Освен што терминот „корпоративни психопати“ е доста звучен и ја разгорува имагинацијата, тој е во поширока употреба во последните десетина години. Според некои извори, „татко“ на терминот е Клајв Боди, психолог кој со години се занимава со деловното опкружување. Пред сè, тој е особено заинтересиран за ефектите на „токсични, психопатски менаџери“ како што самиот напишал. Во трудот од 2015 година, тој исто така додава:

„Корпоративните психопати се…едноставно оние психопати кои успешно постојат во општеството и работат во корпорации…Тие се многу ориентирани и фокусирани на кариерата, но се немилосрдни, неморални и експлоататори.

Психопатијата по дефиниција е посериозно пореметување кое е наследно. Сепак, постојат истражувачи кои го вовеле терминот „секундарна психопатија“, што е нарушување кое е последица на делување на околината. Во секој случај, кога психопат стои пред вас, тоа е всушност личност:

-Која не се грижи за другите, нема сочувство, ладнокрвна е.

-Чиишто емоции се плитки, особено срам и  вина.

-Која што е неискрена.

-Која што  е премногу самоуверена.

-Која што е себична.

-Неспособна да ја планира иднината или нема потреба да ја планира.

-Која што е склона кон насилство.

Психопатите се почести во бизнис светот

Како што пишува Боди, корпоративниот психопат е шармантен првично, присебен и смирен. Но, на крајот испаѓа измамник, егоцентричен, безмилосен, без самокритика, меѓучовечки неодговорен и емотивно плиток. Колку такви „профили“ има во деловната реалност? Дали има некаков критичен процент од практиката?

Неколку истражувачи се фаќаа во костец со појавата на корпоративни психопати. Според студијата предводена од Сајмон Кру, 12% од повисокото  корпоративно раководство  покажува низа психопатски особини.

Друго истражување од пред две години покажа нешто пооптимистички проценти – за само 3,5% од високиот менаџмент може да се каже дека имаат психопатски црти.

Но, многу поинтересна е проценката на истражувачите за тоа дека психопатите се позастапени во корпоративниот свет отколку кај општата популација. Се наведува и дека ги има од 3,5 до 12 пати повеќе. А уште помалку охрабрувачка изјава е дека секој петти извршен директор може да е психопат.

Лошите особини ги поништуваат добрите

Прашањето е што се случува кога еден корпоративен психопат ќе добие корпоративно унапредување и моќ? Бидејќи таквите менаџери се многу харизматични, убедливи и креативни, би се очекувало тие да бидат вистинскиот избор за да ги водат компаниите до успех и профит. Сепак, не е баш така. Истражувачите го откриле спротивното. Зошто?

Злонамерните особини на корпоративните психопати ги надминуваат нивните позитивни страни. Тие често ги малтретираат соработниците, создаваат конфликти, ги обесхрабруваат идеите на подредените, се однесуваат неетички, па дури и ги поттикнуваат другите да го прават истото. Нивните постапки можат да создадат непријателска средина на работното место, зголемувајќи ги тензиите поради конкуренцијата, стресот, отсуството од работа, па дури и кражбата.

Во гореспоменатото истражување од 2015 година е напишано вака:

„Девијантното однесување на работното место е причина за загуби од десетици милијарди долари кај американските корпорации без разлика на видот на деловната организација, а голем процент од овие загуби произлегуваат од однесувањето на корпоративните психопати на лидерски позиции.

Резултати од „владеењето“ на директор психопат

Еден од примерите што ги наведува Броди е случај во компанија каде што психопат станува извршен директор. Имало 70 вработени. За неколку недели се почувствувале штетните ефекти од неговото „владеење“.

Имало помалку работа.

Продуктивноста опаднала.

Боледувањата на вработените наеднаш зачестиле.

Уверен во своите лидерски способности, споменатиот директор постојано известувал до одборот дека деловната слика е одлична. Не му пречело да лаже бидејќи не планирал да остане на позицијата. Напротив, имал намера да ја искористи за понатамошен напредок и влез во политиката.

„Брзото придвижување на корпоративната скала или преместувањето во други компании и организации е заедничка цел на корпоративните психопати“, забележува Броди.

Тој, исто така, направи една интересна забелешка: „Теоријата во основа вели дека корпоративните психопати беа делумно виновни за глобалната финансиска криза од 2008 година. Тие беа привлечени од банкарските понуди и награди во непропорционален број. Тие одиграа важна улога и влијаеја на деловната култура, етиката и профилите на ризик  на банките што ги вработија“.

економија2 часа ago

мајВорлд Интернешнл (myWorld) го назначи Радован Витошевиќ за главен извршен директор на компанијата

банки20 часа ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

македонија3 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки4 дена ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки4 дена ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

интервју4 дена ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија6 дена ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up2 недели ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании2 недели ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион2 недели ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас