Connect with us

банки

Комерцијална банка нуди отворање на сметка, интернет банка и дебитна картичка – сето тоа онлајн

објавено

на

Со ова Банката овозможува уште поедноставни и онлајн лесно достапни банкарски производи и услуги благодарение на електронската идентификација преку OneID.

Врвно дигитално и уникатно задоволство нуди новата услуга на Комерцијална банка со која клиентот лесно и едноставно и без посета на шалтер добива платежна сметка, Интернет банка и дебитна картичка. Со ова Банката овозможува уште поедноставни и онлајн лесно достапни банкарски производи и услуги благодарение на електронската идентификација преку OneID.

Комерцијална банка со новата дигитална услуга прва на пазарот овозможува пристап за секој граѓанин од удобноста на домот или работното место до основните и најпотребните банкарски производи. А, со платежна сметка, дебитна картичка и Интернет банка, потоа секој граѓанин влегува во светот на неограничени можности достапни преку дигиталното банкарство на најголемата банка во земјава.

Со едноставна постапка преку apliciraj.kb.mk сега секој граѓанин може да отвори платежна сметка во Комерцијална банка, да аплицира за дебитна картичка и да стане дел од големото семејство клиенти кои секојдневно ги уживаат привилегиите на модерното банкарство.

„Новата дигитална услуга нѐ прави особено горди затоа што на клиентите им овозможивме пристап до целото портфолио на производи и услуги на Комерцијална банка од кое било место на планетата, 24 часа во денот, 365 дена во годината. На тој начин им помагаме да го заштедат најдрагоцениот ресурс на современото живеење, а тоа е личното време и, што е најважно, секогаш да бидат први во редот“, изјави Киро Чадиковски, директор на Дирекцијата за банкарски картички и платежни сметки во Комерцијална банка АД Скопје.

Банката како докажан врвен иноватор им го понуди на клиентите новото и модерно дигитално искуство благодарение на практичната интегрирана примена на дигиталниот идентитет во банкарските услуги, услуга која прва во земјава ја воведе повторно Комерцијална банка. Банката е пионер во земјава и со електронското банкарство, кое го воведе уште во 2003 година и постојано го развива согласно трендовите на пазарот и потребите на клиентите.

Преку услугата OneID, развиена од Некстсенс и КИБС, Банката веќе им овозможи на клиентите привилегии за врвно корисничко задоволство, како што се ажурирање лични податоци и активирање Интернет банка онлајн. 

Со новата дигитална услуга Комерцијална банка е уште еден чекор поблиску до својата цел да стане првата целосно дигитална банка во земјата. Континуираната посветеност на инвестиции и развој на нови современи

дигитални алатки и грижата за задоволството на клиентите се клучните фактори што забрзано ја движат Банката кон оваа цел.  

Повеќе информации за услугата се достапни на следниот линк.

ПР текст

економија2 дена ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија2 дена ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании2 дена ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет2 дена ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион2 дена ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија2 дена ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија2 дена ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки6 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет5 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

македонија2 дена ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал