банки
Комерцијална банка: понудивме најповолен станбен кредит на пазарот

Полисата за животно осигурување обезбедува каматни стапки од само 2,9%, фиксна во првите 10 години, и 3,7% променлива за останатиот период на отплата. До 30.04.2022 година станбениот кредит е без надомест за одобрување и за процена на имот.
Сега е вистинско време за нов дом со станбениот кредит на Комерцијална банка затоа што ги има најниските каматни стапки на пазарот, достапен е со полиса за животно осигурување и до 30.04.2022 година е без надомест за одобрување и за процена на имот, велат од банката.
„Станбениот кредит на Комерцијална банка е со најповолни услови за обезбедување нов дом. Има најниски каматни стапки на пазарот, достапен е со полиса за животно осигурување и до 30.04.2022 година е без надомест за одобрување и за процена на имот.“, се вели во соопштението на Комерцијална.
Полисата за животно осигурување од Триглав Осигурување Живот АД Скопје дава уникатна можност за станбен кредит со каматни стапки од само 2,9%, фиксна во првите 10 години, и 3,7% променлива за останатиот период на отплата. Оваа опција на корисникот му обезбедува не само кредит со најповолни услови, туку и сигурност за него и неговото семејство.
Рокот за отплата на кредитот е до 30 години, со можност за грејс-период од 12 месеци. Затоа станбениот кредит на Комерцијална банка е идеален за остварување на најголемата желба – да се има сопствен стан, куќа или деловен простор во земјава или во странство.
Промотивните услови до 30.04.2022 година се одлична можност и за рефинансирање постоечки станбен кредит со цел да се обезбеди со полиса за животно осигурување.
Станбениот кредит дозволува слобода и финансиска безгрижност, а преку следниот линк може да се поднесат податоци за условите кои најмногу му одговараат на секој корисник.