Connect with us

банки

Комерцијална банка со реакција во врска со случајот Еуростандард банка

објавено

на

За докапитализацијата на Еуростандард банка во 2019 година, на барање на г-динот Трифун Костовски и без никакво посредништво на НБРСМ, Комерцијална банка ѝ одобри кредит во износ од 10 милиони евра на неговата фирма Гофи, кој беше обезбеден со приходи од идна продажба на Еуролинк осигурување. Впрочем, ова беше објавено и како ценовно чувствителна информација од Комерцијална банка на Македонската берза. По продажбата на осигурителната компанија, кредитот на Комерцијална банка ѝ беше уредно вратен. Во документацијата на Еуростандард банка (во стечај), Здружението на штедачите точно може да види дека залогот на Еуростандард во Комерцијална банка од 3 милиони евра нема никаква поврзаност со докапитализацијата.“, велат од Комерцијална банка.

Ви ја пренесуваме во целост реакцијата на Комерцијална банка во врска со заклучоците на Здружението на оштетени штедачи на Еуростандард банка околу докапитализацијата на банката:

„Врз основа на погрешни и невистинити информации за извршената докапитализација на Еуростандард банка во 2019 година Здружението на оштетени штедачи Правда за штедачи доаѓа до погрешни заклучоци и во повеќе наврати, веруваме несвесно и ненамерно, ја дезинформира јавноста.

Доколку сакаат да бидат на страната на вистината, во документацијата за работењето на Еуростандард банка (во стечај), до која очигледно имаат пристап и на која многу често се повикуваат во своите тврдења, Здружението може да види како и во колку наврати Комерцијална банка излегла во пресрет на потребите на Еуростандард банка со цел да ѝ помогне на банката да го избегне најлошото сценарио.

За докапитализацијата на Еуростандард банка во 2019 година, на барање на г-динот Трифун Костовски и без никакво посредништво на НБРСМ, Комерцијална банка ѝ одобри кредит во износ од 10 милиони евра на неговата фирма Гофи, а како залог беа ставени 3.200 акции од Еуролинк осигурување, односно беше обезбеден со приходи од идна продажба на осигурителната компанија. Впрочем, ова беше објавено и како ценовно чувствителна информација од Комерцијална банка на Македонската берза. По продажбата на Еуролинк осигурување, кредитот на Комерцијална банка ѝ беше уредно вратен. Всушност, со овие средства од Комерцијална банка и со барањето на НБРСМ за зголемување на капиталот сега, во крајна линија, оштетените штедачи на Еуростандард банка имаат поголема основица од која можат да ги наплаќаат своите побарувања. Факт е дека Комерцијална банка им го одобри овој кредит кога ниту една друга банка во земјава не сакаше тоа да го стори.

Во документацијата на Еуростандард банка (во стечај), Здружението на штедачите точно може да види дека залогот од 3 милиони евра на Еуростандард во Комерцијална банка нема никаква поврзаност со докапитализацијата. Тоа е всушност обезбедување за поединечни кредити дадени од Еуростандард банка на нејзини клиенти. Во моментот кога овие клиенти не ги вратија кредитите, Комерцијална банка си ги наплати побарувањата.

Затоа е крајно тенденциозно и злонамерно да се спомнува Комерцијална банка без никаков основ и без проверени информации во различни контексти, а се со намера да се прикаже извртена слика на реалните случувања во Еуростандард банка. Тоа веројатно е и причината зошто честопати при спомнување на клиенти на Еуростандард банка се истакнува дека имале депонентна сметка и во Комерцијална банка, без да се земе предвид фактот дека тие имале депонентни сметки и во други банки, а не само во Комерцијална.

Искрено веруваме дека Здружението сака стечајната постапка на Еуростандард банка да се заврши брзо и ефикасно. Затоа ги упатуваме да ја проверат и потврдат правната издржаност на информациите што ги пласираат во јавноста и да се ослободат од потребата неосновано да обвинуваат субјекти кои не придонеле со ништо за отворање стечајна постапка во Еуростандард банка. “   

економија2 дена ago

Поддршка за големите извозници: гаранција од Гарантен фонд до 50% од износот на кредитот за извоз преку Развојна банка

економија3 дена ago

Адора инженеринг ја купи на лицитација Топлификација за 9,3 милиони евра

македонија4 дена ago

Бесник Исаки од БЕ-ДА Логистик ја доби наградата Business Elite „40 under 40“

македонија4 дена ago

Македонија 60-та во свет од 110 држави рангирани според дигитален квалитет на животот

македонија5 дена ago

Дијаманти за дијамантите на филмската уметност

македонија5 дена ago

„Алкалоид“ го одбележа 85 – годишниот јубилеј со изложба и донација за Детската клиника

македонија5 дена ago

Промовиран East Gate Living, продажбата на станови започна

банки5 дена ago

Годишен раст од 9,9% на вкупните депозити и од 6,4% на кредитната поддршка

македонија6 дена ago

„Алкалоид“ има инвестирано 200 милиони евра во последниве 15 години

македонија6 дена ago

Мукаетов: Ќе продолжиме посветено да работиме на глобализација на брендот Алкалоид

македонија6 дена ago

Мукаетов: Ќе продолжиме посветено да работиме на глобализација на брендот Алкалоид

македонија4 дена ago

Бесник Исаки од БЕ-ДА Логистик ја доби наградата Business Elite „40 under 40“

политика6 дена ago

Брима – Галуп: Ако денеска се одржат локалните избори, СДСМ би освоил 19,8%, а ВМРО-ДПМНЕ 17,7% од гласовите

македонија6 дена ago

„Алкалоид“ има инвестирано 200 милиони евра во последниве 15 години

македонија5 дена ago

Промовиран East Gate Living, продажбата на станови започна

македонија5 дена ago

„Алкалоид“ го одбележа 85 – годишниот јубилеј со изложба и донација за Детската клиника

start up6 дена ago

Соработка за развој на стартап заедницата: партнерство на Македонски Телеком и Стартап Македонија

македонија5 дена ago

Дијаманти за дијамантите на филмската уметност

економија3 дена ago

Адора инженеринг ја купи на лицитација Топлификација за 9,3 милиони евра

банки5 дена ago

Годишен раст од 9,9% на вкупните депозити и од 6,4% на кредитната поддршка