Connect with us

економија

Компаниите  имаат обврска поквалитетно да ги информираат клиентите за ризиците

Расте животното осигурување поврзано со инвестициски фондови

објавено

на

Со новиот правилник на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, кој стапи на сила овој месец, продавачите на т.н. „Unit Linked“ осигурување имаат обврска на секој потенцијален осигуреник да му дадат на увид ниво на ризик од загуба на вложеното на скала од 1 до 7.

Животното осигурување кај кое парите се вложуваат во удели на инвестициски фондови („Unit Linked“ осигурување) е висококвалитетен производ со голем потенцијал за оплодување на инвестицијата. Но тој истовремено содржи и ризик од загуба на вложените средства затоа што вредноста на вложеното зависи од цените на уделите кои се формираат на берзите. 

Токму заради ова Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО) ги задолжи осигурителните компании квалитетно да ги информираат осигурениците за ризикот од загуба на вложените средства. Со новиот правилник на АСО, кој стапи на сила овој месец, продавачите на „Unit Linked“ осигурување имаат обврска на секој потенцијален осигуреник да му дадат на увид ниво на ризик од загуба на вложеното на скала од 1 до 7.

Исто како што имаат обврска пред продажбата на „Unit Linked“  осигурување на осигуреникот да му дадат детален приказ на структура на сите трошоци на вложување кои ќе треба да ги плати. Осигуреникот има право да добие на увид податоци за очекуван просечен месечен раст на вредноста на вложеното за период од пет години во иднина.  Ова се дел од новините кои произлегуваат од новиот правилникот со кој АСО значајно ја зголеми транспарентноста при вложување во „Unit Linked“ осигурување живот.

Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ги задолжи сите осигурителни компании кои продаваат „Unit Linked“  осигурување живот на секој потенцијален осигуреник да му достават документ со клучни информации врз основа на кој ќе одлучи дали да вложи во овој осигурителен производ.

Станува збор за унифициран документ кој содржи информации за нивото на ризик од можна загуба на вложени средства како и за очекуваната добивка од вложеното. Осигуреникот ќе биде информиран и за условите и последиците од предвремено раскинување на договорот за вложување. Исто така продавачот ќе ги прикаже и сите еднократни, периодични, повторливи, повремени и непредвидени трошоци што треба да ги плати осигуреникот.

Софистицирано вложување, но со повисок ризик

Воедно продавачот на осигурувањето ќе биде обврзан и да го информира осигуреникот и за правото да поднесе претставка односно приговор до АСО. Ова се клучните новини кои ги содржи новиот правилник што го донесе АСО со цел да ја зголеми транспарентноста при вложувања во јунит линкд осигурување живот.

„Unit Linked” е релативно нова класа на осигурување живот кај која дел од вложените пари  се инвестираат во удели на инвестициски фондови. Тоа се вложувања со висок квалитет, но факт е дека цените на уделите се променливи и зависат од движењата на глобалните берзи. Токму заради тоа и ризикот од вложувањето на средствата паѓа на товар на осигуреникот.

„Unit Linked” е релативно нова класа на осигурување живот кај која дел од вложените пари  се инвестираат во удели на инвестициски фондови. Тоа се вложувања со висок квалитет, но факт е дека цените на уделите се променливи и зависат од движењата на глобалните берзи. Токму заради тоа и ризикот од вложувањето на средствата паѓа на товар на осигуреникот.

Токму волатилноста на пазарите на капитал остава простор од ризик осигуреник да загуби дел од уплатените средства при вложување во „Unit Linked“  осигурување исто како што постои реална можност за солидно оплодување на вложените средства.

Официјалните податоци на АСО покажуваат дека само во минатата година биле раскинати 941 договор за „Unit Linked“  осигурување живот во период кога вкупно биле склучени 2.726 договори. Дополнително на ова бројот на раскинати договори лани достигна 9 отсто од вкупниот број на активни договори во оваа осигурителна класа кој изнесува 10.628.

Следејќи ја будно оваа состојба Советот на експерти на АСО одлучи да усвои  подзаконски акт што значајно ќе ја зголеми транспарентноста за овој осигурителен производ.

Тоа во голема мерка ќе им помогне на сите потенцијални инвеститори при носењето на одлуките за вложување во јунит линкд да го проценат потенцијалниот ризик од ова вложување.

Раст од 27% во 2021

Освен горенаведените клучни новини како мерки за подобро информирање на осигурениците новиот правилник предвидува продавачот да истакне дали вложувањата се во денари или во странска валута. Од причина што оваа информација може да влијае врз вредноста на вложувањето преку можни промени на девизниот курс на денарот.

„Unit Linked“ е интернационален термин глобално прифатен и користен за овој вид осигурување живот. „Unit Linked“ значи дека вредноста на вложените средства директно зависи од вложувањата во удели на отворени или затворени инвестициски фондови.

Вложувањата во животното осигурување во кое ризикот од инвестирањето е на товар на осигуреникот (популарно наречениот „Unit Linked“) лани достигнале 383,2 милиони денари (над 6 мил.евра). Тоа е за 27 отсто  повеќе од 2020 година.

Правилникот што ја регулира оваа материја е достапен на следниот линк https://aso.mk/wp-content/uploads/2022/05/pravilnik-udeli-vo-investicziski-fondovi-sl-vesnik-109-2022-2.pdf

економија2 дена ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија2 дена ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании2 дена ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет2 дена ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион2 дена ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија2 дена ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија2 дена ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки6 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет5 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

македонија2 дена ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал