Connect with us

свет

Компаниите од секторот „зелена енергија“ ќарија од подобрите прогнози за Бајден

Пазари на капитал

објавено

на

Пазарите беа релативно стабилни во текот на изминатата недела. Нема поголеми геополитички поместувања што би го диктирале темпото на пазарите, изборите во САД во моментов не влијаат значително на пазарите бидејќи се воспоставени односите, процените на пазарот се дека Бајден има подобри можности, затоа наградија одредени сектори (зелена енергија, снабдување, делумно индустрија, итн.) со премии, а други со намалување на процените (особено енергијата). Деловните резултати беа актуелни минатата недела и пазарот најчесто ги наградуваше акциите на компании кои ги надминаа очекувањата. Добрите резултати би било тешко да се концентрираат на одредена индустрија, но можеме да кажеме дека негативен одговор се имаше главно на акциите на банките, бидејќи одолговлекувањето на новите стимулативни мерки  и ниските каматни стапки го засилуваат стравот од силен раст на лошите кредити.

Генерали Инвестментс
(редакциска опрема Капитал)

Минатата недела видовме брз пораст на бројот на заразените со Ковид-19, буквално насекаде во Европа и САД. Како резултат на тоа, состојбите во економиите на развиениот свет нагло се влошија, бидејќи границите се приближија до нивоата на пролетта оваа година. Поради ова, ограничувањата ќе имаат големо влијание врз економијата во последниот квартал од оваа година и можеме да очекуваме дека мерките веројатно ќе се одолговлечат, барем делумно, во првиот квартал на 2021 година, сметаат аналитичарите на инвестициската куќа Генерали Инвестментс.  

Досега, освен во банкарскиот сектор, резултатите се охрабрувачки и претежно позитивно ги изненадуваат инвеститорите. Особено минатата недела се издвои Европа, каде пониските очекувања овозможија поцврсти повисоки резултати, а со тоа и позитивен одговор на пазарите.

Услужниот сектор повторно ќе биде најтешко погоден, од којшто може да се очекуваат  многу слаби резултати и таму повторно ќе треба да се насочува државната помош, велат од Генерали. Она што е за очекување е дека стимулативните мерки ќе продолжат во следните месеци или онаму каде што се истечени да се изврши нивно продолжување. Во САД се нудат околу 2.500 милијарди долари помош, но веројатноста за предизборен договор останува под 50%. На спротивната страна е индустријата каде состојбата е релативно добра, но сепак ќе биде тешко за истата да го задржи ова ниво долго време, поради опаѓачкиот услужен сектор.


Не можеме да го занемариме најважниот настан оваа есен, а тоа се изборите во САД. Анкетите во моментов предвидуваат победа за Бајден и оваа информација е вклучена во реакциите на пазарите. Како резултат, акциите поврзани со зелената енергија растат во последните неколку недели, бидејќи се очекува огромна финансиска поддршка за зелените извори на енергија на штета на нафтената индустрија.

Светлината на крајот од тунелот ја покажува Кина, каде економијата продолжува да закрепнува, економските податоци се добри и практично нема инфекции, барем според официјалните податоци. Меѓутоа, ако Европа и САД успеат да го ограничат бројот на заразени, закрепнувањето може да биде побрзо од очекуваното. Зачекоривме посилно во сезоната на деловни објави за третиот квартал. Досега, освен во банкарскиот сектор, резултатите се охрабрувачки и претежно позитивно ги изненадуваат инвеститорите. Особено минатата недела се издвои Европа, каде пониските очекувања овозможија поцврсти повисоки резултати, а со тоа и позитивен одговор на пазарите.

Најголеми промени се очекуваат во енергетиката

Светлината на крајот од тунелот ја покажува Кина, каде економијата продолжува да закрепнува, економските податоци се добри и практично нема инфекции, барем според официјалните податоци. Меѓутоа, ако Европа и САД успеат да го ограничат бројот на заразени, закрепнувањето може да биде побрзо од очекуваното.

Но, не можеме да го занемариме најважниот настан оваа есен, а тоа се изборите во САД. Анкетите во моментов предвидуваат победа за Бајден и оваа информација е вклучена во реакциите на пазарите. Како резултат, акциите поврзани со зелената енергија растат во последните неколку недели, бидејќи се очекува огромна финансиска поддршка за зелените извори на енергија на штета на нафтената индустрија. Доколку победи Бајден, се очекува поголем притисок врз технолошките гиганти кои се монополисти, како и притисок за поевтин и подостапен здравствен систем. Но, како што е веќе видено многу пати до сега, на крајот, сè заглавува кај финансирањето. Дури и минатите реформи на демократите не ги променија значително здравствените трендови и секоја подлабока реформа ќе има големо влијание особено врз компаниите за здравствено осигурување. Во секторот технологија каде што најголемите сопственици и најбогати луѓе претежно ги поддржуваат демократите, не се очекува брза акција.

Така, реално е да се очекуваат најголеми промени во областа на енергетиката. Се претпоставува дека многу од наведеното е веќе вкалкулирано во сегашните нивоа на цени на акции, но некои акции би можеле да се најдат под притисок доколку победи Трамп. Како што знаеме, анкетите беа неверодостојни во последниве години, а американскиот изборен систем, со својата непредвидливост, ја насочува борбата кон неколку клучни држави (Флорида, Ајова, Пенсилванија, Аризона итн.). Како резултат, изборниот исход е понепредвидлив отколку што покажуваат неодамнешните анкети.

Пазарот на капитал се осигури минатиот месец дека секој резултат што брзо ќе доведе до јасен изборен резултат ќе биде добар. Да илустрираме со логиката рулет, не е важно дали ќе биде црвена или црна боја, важно е да не биде зелена (нула) каде што куќата ги зема сите облози. Во нашиот случај, „нула“ е нерешен резултат кој што ќе се пренесе кон судовите и уште поголема поларизација на американското општество. Кој и да биде претседател, ќе мора да дејствува многу брзо заради корона кризата, стимулативните мерки ќе биде потребно да се искоординираат и да се донесат преку Конгресот и Сенатот. Федералните резерви  исто така ќе мора да помогнат. Не треба да очекуваме значителни промени во надворешната политика, особено во однос на Кина, но политичката реторика ќе се смири во случај на победа на Бајден, што значи помалку „твитови“ и повеќе активности зад затворени врати. Очекувањата се дека тогаш односот меѓу САД и партнерите или конкурентите, како пред 5 или 10 години, ќе биде илузија.

Стравот од поголемите лоши пласмани ги брка инвеститорите од банките

Пазарите беа релативно стабилни во текот на изминатата недела. Нема поголеми геополитички поместувања што би го диктирале темпото на пазарите, изборите во САД во моментов не влијаат значително на пазарите бидејќи се воспоставени односите, процените на пазарот се дека Бајден има подобри можности, затоа наградија одредени сектори (зелена енергија, снабдување, делумно индустрија, итн.) со премии, а други со намалување на процените (особено енергијата). Деловните резултати беа актуелни минатата недела и пазарот најчесто ги наградуваше акциите на компании кои ги надминаа очекувањата. Добрите резултати би било тешко да се концентрираат на одредена индустрија, но можеме да кажеме дека негативен одговор се имаше главно на акциите на банките, бидејќи одолговлекувањето на новите стимулативни мерки  и ниските каматни стапки го засилуваат стравот од силен раст на лошите кредити.

Но, најголемиот дел од резултатите допрва следува. Она што може да се заклучи од досега објавените резултати е многу добра работа на компаниите во сегментот на купување преку Интернет, работа од дома, нега и основни стоки за широка потрошувачка. Во последните денови германската автомобилска индустрија беше изненадена од добрата продажба на електрични возила, што е позитивен сигнал. Повторно, акциите на услужните сектори беа погодени, бидејќи заострувањето на карантините е лошо за бизнисот и инвеститорите бегаат од овие инвестиции. Иако дел од овие инвестиции изгледаат навидум евтино, сепак проценуваме дека е потребна дополнителна претпазливост со овие инвестиции, бидејќи новиот бран карантини само што започна и нивното траење не е познато.

Совети за инвеститорите

Фокус кон индустриите кои подобро би ја преживеале оваа криза

Историјата нè учи дека индустриите со многу високи процени имаат тенденција да даваат потпросечни приноси во следната деценија. Состојбите на светските економии се различни и неизвесната есен ветува зголемена нестабилност, а трендот на раст на пазарите, главно како резултат на технолошките акции, може да продолжи. Политичката несигурност се зголемува пред изборите во САД. Потребен е балансиран пристап кон инвестициите, со поголем фокус кон индустриите кои подобро би ја преживеале оваа криза и каде процените не се претерани.


Повторно ги задржуваме старите препораки. Некои индустрии и акции се многу преценети, но со скапи обврзници и негативни приноси од банкарските производи, инвеститорите немаат вистинска алтернатива. Сепак, не е време за екстремности во портфолијата, бидејќи можеме да очекуваме подобри можности за купување во наредните недели, велат портфолио менаџерите на Генерали.
Препорачуваме диверзифицирана распределба на средствата во портфолијата. Препорачливо е да се диверзифицираат средствата во портфолијата и да се распределат во различни класи, помеѓу акции, обврзници или пари. Ликвидносната поддршка како за обврзниците така и за акциите продолжува, а интересите на инвеститорите за акциите од технолошкиот сектор се големи, но претпазливоста не е излишна поради високите вреднувања. Исто така, вреди да се погледне надвор од технолошкиот сектор, бидејќи можностите и пред сè значително пониските процени се појавуваат на друго место.

Историјата нè учи дека индустриите со многу високи процени имаат тенденција да даваат потпросечни приноси во следната деценија. Состојбите на светските економии се различни и неизвесната есен ветува зголемена нестабилност, а трендот на раст на пазарите, главно како резултат на технолошките акции, може да продолжи. Политичката несигурност се зголемува пред изборите во САД. Потребен е балансиран пристап кон инвестициите, со поголем фокус кон индустриите кои подобро би ја преживеале оваа криза и каде процените не се претерани.

Тука главно се вклучени акциите од здравствениот сектор, секторот потрошувачка и нега, како и технолошкиот сектор, но делови од оваа индустрија се преценети и покрај натпросечниот раст на бизнисот. Диверзификацијата на портфолиото е од суштинско значење за  намалување на ризикот. Долгорочните инвеститори треба да продолжат со периодични плаќања, а оние што би инвестирале поголема сума треба да ја распределат во подолг временски период. За трпеливите инвеститори, ова е веројатно време да се зголеми изложеноста кон оние сегменти на пазарот каде што вреднувањата  не се превисоки.

Continue Reading
менаџмент / маркетинг4 часа ago

10 КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ КОИ МОРА ДА ГИ ВЛАДЕЕ СЕКОЈ БИЗНИСМЕН

менаџмент / маркетинг4 часа ago

ДЕЛЕГИРАЊЕ – КАКО ДА СЕ РЕШИТЕ ОД СТРАВОТ НА ГУБЕЊЕ МОЌ И КОНТРОЛА?

менаџмент / маркетинг4 часа ago

Дру Хјустон: Не секирајте се за неуспехот; само еднаш треба да ја погодите работава.

технологии / компании5 часа ago

Пандемијата го зголеми онлајн купувањето – кој доби, кој загуби и што повеќе нема да биде исто?

економија5 часа ago

ММФ: Справувањето со здравствената криза е клучно за заштита на економијата

економија5 часа ago

Намалување на енергетската зависност од еден извор и транзиција кон чистата енергија се клучните определби за Македонија

интервју5 часа ago

Николаос Цифакис: ЕУ ќе ја изгуби политичката моќ на Балканот!

економија5 часа ago

Планирана е вкупна инвестиција од 50 милиони евра за 5 години

економија5 часа ago

Големата слика: македонската економија на среден и долг рок

свет5 часа ago

Берзите продолжуваат да растат бавно

македонија5 дена ago

„Брако“ го создаде првото возило за чистење улици на водороден погон во Европа

македонија4 дена ago

Амбасадорката Брнс на МЕФ: САД ќе ѝ помогне на Северна Македонија да изгради посилен и понезависен енергетски сектор

македонија1 ден ago

Зоран Заев: Нашата држава почива на делата на антифашизмот чиј резултат е нашата слобода!

економија2 дена ago

Почна третата Годишна конференција за е-трговија

банки3 дена ago

Комерцијална банка донираше лаптопи на ученици од 14 општини

македонија4 дена ago

Директорката на МЕПСО, Шуклева: Во инвестициски циклус сме од 163 милиони евра

економија3 дена ago

„Брзи” и „евтини” кредити за скапа и отежната реализација на капитални проекти

банки1 ден ago

Доделени наградите од наградната игра „Шпаркирај нов автомобил!“

start up1 ден ago

Сто илјади евра финансиска поддршка за македонскиот стартап Elevate Global од страна на Бизнис акцелераторот УКИМ

интервју5 часа ago

Николаос Цифакис: ЕУ ќе ја изгуби политичката моќ на Балканот!