Connect with us

економија

Компанијата Пантелеон ГС расте брзо, но и враќа кон заедницата

Корпоративна општествена одговорност

објавено

на

Основана во 2020 година, оваа брзо растечка аутсорсинг компанија во моментов вработува над 100 талентирани и амбициозни млади луѓе од различни профили, кои во моментов успешно работат за преку 12 големи компании на американскиот пазар.   Пантелеон ГС е постојано активна во локалната заедницата преку поддршка на различни општествено важни проекти. Компанијата е нов спонзор на  ракометниот и фудбалскиот клуб Вардар најтрофејниот и најпрепознатлив македонски спортски бренд, помагајќи да го врати стариот сјај. Во минатото поддржувач на „Проект Среќа“ и донатор на храна преку системот на AmCham во Македонија. Пантелеон ГС го поддржа и концертот на нашиот маестро на пијано, Симон Трпчески и бројни други проекти, вели Влатко Палчевски, административен директор на компанијата Пантелеон ГС.

Податокот дека  во земјава имаме квалитетен и високо професионален кадар не е  нов, но дека тие луѓе можат и од Македонија да работат за големи светски компании, добро да заработуваат и да бидат задоволни од својата работа и да ги уживаат сите придобивки од тоа, ни потврдува примерот со македонската компанија Пантелеон ГС. 

Основана во 2020 година, оваа брзо растечка аутсорсинг компанија во моментов вработува над 100 талентирани и амбициозни млади луѓе од различни профили, кои во моментов успешно работат за преку 12 големи компании на американскиот пазар. Во нивното портфолио на клиенти доминираат претежно финансиски компании за факторинг, лизинг, осигурување и финансирање, брокерска компанија, мрежа за продажба на возила, компанија за регрутација, маркетинг и многу други.

Компанијата има огромен потенцијал за развој, за дополнителни вработувања и несомнено силно се наметнува како деловен систем кој значајно ќе придонесува кон развој на домашната економија, и уште поважно кон задржување на квалитетните кадри дома, во нашата татковина. 

„Нудиме работа дома, но под американски услови и стандарди. Работa ексклузивно за клиенти на американскиот пазар, каде сите оперативни активности се целосно прилагодени на клиентите, што подразбира и попладневно работно време, односно од 15 часот до 23 часот. Ова може да делува невообичаено на прв поглед, но сите наши вработени, без исклучок, извонредно успешно се адаптираа на специфичното работно време. И затоа ние како компанија непрекинато се трудиме да им обезбедиме што е можно подобри услови за работа, конкурентни компензациски пакети и разни други придобивки.“, вели Влатко Палчевски, административен директор на компанијата.

„Нашите луѓе се нашиот бренд“

Пантелеон ГС се придржува до мотото „Нашите луѓе се нашиот бренд“, кое ја потенцира заложбата на компанијата да биде место каде што вработените ќе бидат задоволни, успешни, ќе имаат можности за напредок и ќе уживаат во работата.

Да биде компанија во која секој млад и амбициозен поединец има перспектива, која го препознaва вложениот труд и потенцијал, обезбедува натпросечна плата, а истовремено и можност во континуитет да се учи и усовршува што е сон на секој млад и амбициозен човек.

„За повеќе од стотина млади луѓе во земјава ова е веќе реалност. Овде талентирани индивидуи развиваат софтверски решенија, управуваат со ризици, даваат осигурителни, финансиски, менаџмент услуги за компании на американскиот пазар. Компанијата нуди разновидни аутсорсинг  услуги за реномирани американски компании од различни дејности. Станува збор за високо профилирани и професионални кадри, кои работат на софистицирани проекти со високо додадена вредност. “, истакнува Палчевски.

Пантелеон Г има стратегија да прерасне во аутсорсинг лидер на Балканот, но и регионален и глобален “talent hub” за млади, амбициозни и способни луѓе. Како дел од оваа стратегија, компанијата ја отвори и својата канцеларија во Белград, Србија, која засега успешно работи и полека го зголемува тимот.

Како домашна компанија, Пантелеон ГС е постојано активна во локалната заедницата преку поддршка на различни општествено важни проекти. Компанијата е нов спонзор на  ракометниот и фудбалскиот клуб Вардар најтрофејниот и најпрепознатлив македонски спортски бренд, помаѓајки да го врати стариот сјај. Во минатото поддржувач на „Проект Среќа“ преку и донатор на храна преку системот на AmCham во Македонија. Пантелеон ГС го поддржа и концертот на нашиот маестро на пијано, Симон Трпчески и бројни други проекти. 


Пантелеон ГС и Меѓународното училиште НОВА се погрижија за образованието на неверојатно надарениот Македон

Како извонреден приказ за посветеноста кон образовните процеси и развојот на таленти, компанијата Пантелеон ГС заедно со Меѓународното училиште НОВА, презедоа благородна кауза за поддршка на образованието на Македон Димитровски, неверојатно надарен 9-годишен ученик од Тетово. Посебноста на Македон и неговите интелектуални и академски потенцијали ја наметнаа потребата за обезбедување на соодветно образование кое ќе му овозможи остварување на неговиот целосен потенцијал. Македон го започна основното образование како ученик во ОУ „Лирија“ во Тетово. Тоа е период во којшто е нотирана неговата посебност, која далеку ги надминува неговите години. На 4 години почнува да се интересира за математика, а неговите исклучителни способности го привлекоа и вниманието на претседателот Стево Пендаровски, кој неодамна имаше привилегија да го запознае младиот генијалец. Медиумите исто така пројавија интерес да го запознаат ученикот и публиката доби можност да дознае повеќе за достигнувањата, интересите и идните аспирации на Македон. 

економија2 дена ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија2 дена ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании2 дена ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет2 дена ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион2 дена ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија2 дена ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија2 дена ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки6 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет5 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

македонија2 дена ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал